Никогаш не би си го погазила достоинството.Јеби га премногу сум горделива.

Додуша ако е моја грешката се извинувам и пробувам да ги решам работите,но ако грешката е од другата страна не попуштам,па не знам што е.Барем досега така било.
Ако врската е нестабилна и е во криза,тогаш пробувам да ја спасам на многу начини.Не сакам толку лесно да се откажам од тоа што го имам.Но,ако веќе е очигледен крајот и се што сум пробала не успеало,тогаш пробувам да се помирам со судбината,но никако не молам,не се понижувам.Ако некој решил да не биде со мене,моето молење,цмиздрење и слично нема сигурно да го премисли.Или пак уште полошо-ќе биде со мене од сожалување што е 10 пати побетер.Не дека нема да плачам и цмиздрам,ама не пред него.:wink:
Каде ја поставувате границата која партнерот не смее да ја прејде? Што не би толерирале?
Не толерирам омаложувања,навреди,постојано поткопување и исмевање на сето она кое го правам.
Дерење и испади во јавност,постојано проверување и претерана љубомора,забрани,притисоци и уценувања.
А да не спомнам дека не треба ниту да помисли да крене рака на мене.Крене ли рака на мене-отидов за него у неповрат и никад нема да ме види.
Јас сум јас и не дозволувам никој да ме малтретира и да ме третира како ништо,само зошто знае дека го сакам и ми значи.