Споредбава нема смисла, но ајде ќе ти одговорам.
Кога мојот партнер би останал неподвижен и врзан за кревет би го оставила. Во очите на другите луѓе тоа ќе биде веројатно најсуровото и најлошото што би можело некој да го снајде. Веројатно би наишла на осуда и плукање од останатите. Но приказната секогаш има и друга страна. Кога едно лице ќе остане неподвижно, целосно се демотивира и ја избегнува целосно социјализацијата. Во таквата состојба било какво присуство повреденото лице ќе го толкува како сожалување и нормално ќе се запраша дали навистина партнерот е со него од љубов или од тоа што совеста сака да му биде чиста па се жртува. Во почетокот кога ќе оставиш човек во таква состојба големи се шансите да бидеш плукан од истиот, но ако е во прашање големата љубов која ти ја збориш, би требало да го поттикне болниот да оздрави со тоа што ќе му се разбуди копнежот по саканата личност, а тоа во муабетот сум јас, односно таа што го оставила. Наоѓа доволно добар мотив да мрдне од кревет и да се бори за својата љубов.
Така е и со врските на далечина и со врските кои се презаситуваат. Ако некого знаеш дека те чека и сака, повеќето спијат на тоа увце и максимално ја користат слободата која ќе им ја пружи новата земја. Сите нови познанства, нови размислувања, пристап кон работите подоцна ќе ги донесат со себе. Ако го сакаш партнерот не гледам ништо лошо ако го пуштиш односно му дадеш пауза оние месеци кога нема да бидете заедно. Ствар на договор таа комуникација како ќе се одвива тие месеци. Така ќе добиеш копнеж, ќе добиеш почесто размислување за тебе и неизвесност, а тоа најчесто ја буди страста.
Полошо е да го чекаш и да одиш со истата личност за подоцна да се врати и да ти каже дека едноставно не ја бива работата. Да ти вистински си го сакал, ама не можеш во ниеден случај да гарантираш за другиот освен за себе.