Раскинување или не? Ако замине на одредено време (5-6 месеци)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola-
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што толку филозофирате околу толку едноставно прашање. Ако ја сакам а замине на одредено време како што гласи темата, секако дека нема да и раскинам. Прашањето е што да се прави ако замине на неопределено време или засекогаш.
 
Е сега и вие ја претеравте, брак е една работа, особено ко ќе се има деца. Прајме муабет за обична врска.

Иначе мене ми се интересни машките на темата шо глумат патетика... Стопосто женските му го читат форумот и мислат дека ќе ќарат нешто на поени... Па немам прсти на рацете да набројам колку другари имам во сериозни врски па и во брак шо изневериле, нив пак му функционира врската пошто партнерите незнат, ама поентата е да излезите од светот на бајките.
 
Сескилишис токму тоа ти го зборам. Јас не викам дека приказната е убава, напротив мачна е . Девет месеци да не видиш некого а да читаш писма и да го пребродиш тоа, не е бајка на Дизни. Мене една друга работа не ми е јасна, како може заради сопствениот сомнеж, да оставите љубов. Па тоа е всушност фиктивна одбрана. Се браниш однапред од нешто што не знаеш дали ќе се случи.
А замисли пак ваков случај. Што ако сопругот ти замине на шест месеци од дома во странство, ќе се разведеш?

Збориме за врска да не идеме оф топик. Браковите се веќе ствар на интерес, барем повеќето се такви какви што се.
Е сега велите сомнеж. Кога сакате некоја личност односно нели зборуваме за не знам некоја прилика на машко или девојка што не смее да се испушти ( а за мене и тоа е дискутабилно, затоа што секогаш има подобро ) но ете да земеме ова како основа, по дифолт се плашите истото да не го изгубите. Кога човек сака некого нормално е да се плаши за таа личност, да не му се случи нешто, да не киксне, да не се залаже и итн итн... Тој страв го буди сомнежот кој не значи дека е болен сомнеж од почетокот, па да е повод за истото да му се качиш на глава, нормален сомнеж е кој што расте секојдневно со далечината. Штом расте се подразбира дека еден ден ќе пукне, а најиорнично е што пука оној момент кога партнерот се враќа и почетната фаза ја поминувате на љубов и гушкање и доаѓаат караниците, а ќе дојдат порано или подоцна и ќе излезе на површина :)

Затоа не ми е јасно зошто сте против тоа на партнерот да му дадете слобода тие 6 месеци ? Ако ве сака нормално дека кога ќе се врати ќе сака да биде со вас.. Каде е проблемот? Порачињата и комуникацијата веројатно ќе ви биде иста како во врската, нема ни да осетите дека воопшто сте биле и раскинати, но знаете дека не можете да префрлувате во караница кога ќе посакате за можноста кој што правел и како правел, а на повеќето тоа не им одговара и затоа не сакаат никако да го пуштат својот партнер.
 
Мажите може да спијат со 100 а една да сакаат, тоа варањето нема врска со љубовта особено не од машка страна, има врска со совеста а таа исчезнува кога знаеш дека нема да те фатат, тоа е тоа.

Не исчезнува, зависи на каков маж ќе налеташ и колку навистина ќе те сака. Вистински мажи се реткост и баш ради тоа ако на таков налеташ би била голема грешка да го третираш како сите други пошто ќе го увиди тоа и ќе те остави...

Можам само да заклучам дека си имала катастрофално искуство со мажите и врз база на тоа си добила мислење дека се непоправливи грабливи птици кои нема шанси да не те преварат ако друга жена им се фрли во скут а ти нема да дознаеш.

МНОГУ ГРЕШИШ и се надевам за твое добро побргу отколку подоцна ќе сватиш што е маж а не фраер или ебач кој те чува само како трофеј во кревет.

Затоа не ми е јасно зошто сте против тоа на партнерот да му дадете слобода тие 6 месеци ? Ако ве сака нормално дека кога ќе се врати ќе сака да биде со вас.. Каде е проблемот? Порачињата и комуникацијата веројатно ќе ви биде иста како во врската, нема ни да осетите дека воопшто сте биле и раскинати, но знаете дека не можете да префрлувате во караница кога ќе посакате за можноста кој што правел и како правел, а на повеќето тоа не им одговара и затоа не сакаат никако да го пуштат својот партнер.

Ова веќе има некаква смисол. Значи му давам слобода ама ако ме сака нема да ја користи. Па ок, нема проблем ама зашто толку муабети тогаш? Јасно дека ако му дадеш слобода а те сака вистински нема да иде со друга, нема да му текне на такво нешто.

Освен тоа нема што да се префрлува и сомнева напразно, ако не му веруваш на партнерот зашто си со него? Кој сака да те извара ќе те извара и во нормална врска не на далечина.

Зашто толкав страв од варање?
 
Не исчезнува, зависи на каков маж ќе налеташ и колку навистина ќе те сака. Вистински мажи се реткост и баш ради тоа ако на таков налеташ би била голема грешка да го третираш како сите други пошто ќе го увиди тоа и ќе те остави...

Можам само да заклучам дека си имала катастрофално искуство со мажите и врз база на тоа си добила мислење дека се непоправливи грабливи птици кои нема шанси да не те преварат ако друга жена им се фрли во скут а ти нема да дознаеш.

МНОГУ ГРЕШИШ и се надевам за твое добро побргу отколку подоцна ќе сватиш што е маж а не фраер или ебач кој те чува само како трофеј во кревет.

Ова веќе има некаква смисол. Значи му давам слобода ама ако ме сака нема да ја користи. Па ок, нема проблем ама зашто толку муабети тогаш? Јасно дека ако му дадеш слобода а те сака вистински нема да иде со друга, нема да му текне на такво нешто.

Освен тоа нема што да се префрлува и сомнева напразно, ако не му веруваш на партнерот зашто си со него? Кој сака да те извара ќе те извара и во нормална врска не на далечина.

Зашто толкав страв од варање?

Oдлично значи завршивме со дискусијата :salut:
 
Не исчезнува, зависи на каков маж ќе налеташ и колку навистина ќе те сака. Вистински мажи се реткост и баш ради тоа ако на таков налеташ би била голема грешка да го третираш како сите други пошто ќе го увиди тоа и ќе те остави...

Можам само да заклучам дека си имала катастрофално искуство со мажите и врз база на тоа си добила мислење дека се непоправливи грабливи птици кои нема шанси да не те преварат ако друга жена им се фрли во скут а ти нема да дознаеш.

МНОГУ ГРЕШИШ и се надевам за твое добро побргу отколку подоцна ќе сватиш што е маж а не фраер или ебач кој те чува само како трофеј во кревет.

Вистинскиот маж жртвува се...А вистинска жена е онаа која копа у нос, дур „вистинскиов“ и збори озбилно...
 
нема портеба да се стави крај на една врска ако партнерот заминал на одредено време.Глупо ќе биди ако заврши врската само зарди сомнежот дека некој ќе изневери...Сексот е само нагон шо треба да се задоволи без чувства и ништо друго.Во таков случај секој терба да си ги задоволува нагоните.

Споредбава нема смисла, но ајде ќе ти одговорам.
Кога мојот партнер би останал неподвижен и врзан за кревет би го оставила. Во очите на другите луѓе тоа ќе биде веројатно најсуровото и најлошото што би можело некој да го снајде. Веројатно би наишла на осуда и плукање од останатите. Но приказната секогаш има и друга страна. Кога едно лице ќе остане неподвижно, целосно се демотивира и ја избегнува целосно социјализацијата. Во таквата состојба било какво присуство повреденото лице ќе го толкува како сожалување и нормално ќе се запраша дали навистина партнерот е со него од љубов или од тоа што совеста сака да му биде чиста па се жртува. Во почетокот кога ќе оставиш човек во таква состојба големи се шансите да бидеш плукан од истиот, но ако е во прашање големата љубов која ти ја збориш, би требало да го поттикне болниот да оздрави со тоа што ќе му се разбуди копнежот по саканата личност, а тоа во муабетот сум јас, односно таа што го оставила. Наоѓа доволно добар мотив да мрдне од кревет и да се бори за својата љубов.

Така е и со врските на далечина и со врските кои се презаситуваат. Ако некого знаеш дека те чека и сака, повеќето спијат на тоа увце и максимално ја користат слободата која ќе им ја пружи новата земја. Сите нови познанства, нови размислувања, пристап кон работите подоцна ќе ги донесат со себе. Ако го сакаш партнерот не гледам ништо лошо ако го пуштиш односно му дадеш пауза оние месеци кога нема да бидете заедно. Ствар на договор таа комуникација како ќе се одвива тие месеци. Така ќе добиеш копнеж, ќе добиеш почесто размислување за тебе и неизвесност, а тоа најчесто ја буди страста.

Полошо е да го чекаш и да одиш со истата личност за подоцна да се врати и да ти каже дека едноставно не ја бива работата. Да ти вистински си го сакал, ама не можеш во ниеден случај да гарантираш за другиот освен за себе.
ти златна излгедаш како едвај да чекаш да најдиш прилика да ставиш крај на врска,ама излгледа многу бараш од партнерот?
цела ферхуде си:pos2:
 
Вистинскиот маж жртвува се...А вистинска жена е онаа која копа у нос, дур „вистинскиов“ и збори озбилно...

Значи, вистинскиот маж и вистинската жена седнуваат на маса и се разбираат `ко луѓе! Ако некој ти каже дека му треба одмор од тебе, ти му даваш простор. Ако некој ти каже дека те сака, ама има обврски надвор од државата, тогаш што ги комплицираш работите? Работите се комплицираат само ако партнерите не се сигурни во чувствата на партнерот.
Кога некој би седнал со мене на маса и би ми рекол: љубовче, јас имам работа неколку месеци надвор од Македонија и планирам да одам. Не сакам јас и ти да ја прекинеме врската. Знам дека ќе биде малку мачно, но сепак нашата љубов нема да ја уништи мојот пат надвор.
Бизнис и љубов се две различни работи кои никогаш не се мешаат :smir: Како може обврската на партнерот да ти смета? Можеби животот или пак иднината му зависи од тој пат!
Кога некој јасно ќе ми каже што чувствува и што планира, јас немам никакви проблеми со одлуката. Но, ако не знам на што сум, тука има миЉарда прашалници.
Значи, ако има љубов и разбирање (која љубовта го носи сама по себе) тогаш има се`!
П.С. не мора дечкото кога ќе се врати од пат или пред да појде да се земат. Едноставно треба да се ужива во врската. :smir: :back:

По не знам кој пат: Во врска најважна е комуникацијата! Колку повеќе комуницирате толку поздрава врска ќе имате. Овде не мислам да залегнете на телефон и дечкото/девојката да не може бел ден да види од вас, има куп начини на здрава комуникација. Овде мислам на квалитетно поминато време со партнерот, односно време кое си го посветувате само на вас двајца. :smir:
 
Ако следен пат сакаш да испаднеш типче и да ја „браниш“ форумџиката, убаци се на време а не кога е муабетот веќе завршен со „разумен“ компромис :). И пробај напиши нешто поиздржано а не само да ти се важи си реплицирал.

Да не морам да пишам повеќе читај ја Хич што ти пишала :).

Ништо лично против тебе, нема лутење :wink:.
 
Значи, вистинскиот маж и вистинската жена седнуваат на маса и се разбираат `ко луѓе! Ако некој ти каже дека му треба одмор од тебе, ти му даваш простор. Ако некој ти каже дека те сака, ама има обврски надвор од државата, тогаш што ги комплицираш работите? Работите се комплицираат само ако партнерите не се сигурни во чувствата на партнерот.
Кога некој би седнал со мене на маса и би ми рекол: љубовче, јас имам работа неколку месеци надвор од Македонија и планирам да одам. Не сакам јас и ти да ја прекинеме врската. Знам дека ќе биде малку мачно, но сепак нашата љубов нема да ја уништи мојот пат надвор.
Бизнис и љубов се две различни работи кои никогаш не се мешаат :smir: Како може обврската на партнерот да ти смета? Можеби животот или пак иднината му зависи од тој пат!
Кога некој јасно ќе ми каже што чувствува и што планира, јас немам никакви проблеми со одлуката. Но, ако не знам на што сум, тука има миЉарда прашалници.
Значи, ако има љубов и разбирање (која љубовта го носи сама по себе) тогаш има се`!
П.С. не мора дечкото кога ќе се врати од пат или пред да појде да се земат. Едноставно треба да се ужива во врската. :smir: :back:

По не знам кој пат: Во врска најважна е комуникацијата! Колку повеќе комуницирате толку поздрава врска ќе имате. Овде не мислам да залегнете на телефон и дечкото/девојката да не може бел ден да види од вас, има куп начини на здрава комуникација. Овде мислам на квалитетно поминато време со партнерот, односно време кое си го посветувате само на вас двајца. :smir:

Jaooo срцепарателки :pos2:
Не сериозно ако некој ти ги каже овие зборови, спиеш на тоа увце дека те сака многу ? :)
 
Да, секси, јас верувам во тоа! Затоа и реков: КОГА ќе седнете на маса и кога ќе го погледенш в очи, ќе знаеш како стојат работите. Ова не е тема за малолетници, кај кои чувствата да се менуваат дневно, или бетер од видување. Јас зборувам за луѓе кои знаат што сакаат и кои се со оној кој што го сакаат. Јас искрено ниту сум била ниту ќе бидам со некој што не го сакам. Секси, за ЉУБОВ зборуваме, а јас од љубов не се плашам и не се бранам.
Ај вака сега, гледам дека давате разни примери, имаш дете го пуштиш на пат некаде и кога ќе се врати нема да го сакаш? Нели не било тука 6 месеци...
За љубовта непостои време и место, се случува и крај!
П.С. Значи, не зборувам јас за некој кој не ми значи, зборувам за некој кој што го сакам!
 
Искрено денес малолетниците сакаат многу поискрено отколку постарите и почистo, затоа што сеуште се немаат изгорено вистински :)

Колку и да значи некој на некого мора да се остави простор дека е возможно да се случи се, а кога во една врска едниот целосно се предава на љубов и верба, во најголем случај и останува со празни раце. Кога истиот човек во кој си се заљубила ќе го видиш изменет под дејство на други надворешни влијанија, како контакти и мали секојдневни работи, кога ќе ти зборува за луѓе кои не ги познаваш и за кои никогаш не си слушнала, а ти во Скопје му кажуваш дека споменикот во рок од овие 6 месеци се случило да го стават на исток или некои сосем вообичаени работи, сфаќаш дека немаш веќе заеднички теми, како што зборам лице во лице, не на пц или на телефон.

Па треба да му дадеш доволно време за истиот да се врати и да се навикне на ова секојдневие овде, а тоа нема да се случи за ден два, ќе бидат потребни сигурно 2-3 месеци. Па да се види со луѓето кои се нема видено, а тоа се другарки, другари и роднини, па обрските кои му застоиле овде да ги среди и за тебе чувствуваш дека останува многу малку време да можеш вашата комуникација да ја средиш. Кога ќе се свртиш наназад сфаќаш дека не поминале 6 месеци туку година и прашање е дали со се сите погоре наведени ситници кои треба да ги очекуваш, после година ќе си го вратиш дечкото во кој потполно си се заљубила. Хаос нели ? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom