Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
хахахах на прашање на што живееш како ќе одговориш?

Живееш нa фaлус.
Дојдовме до смешни ситуации каде верници и атеисти почнаа да се групираат, што по форумов бар било реткост.

Купени се Бoди, зaтoa.

Ништo не е кo пoрaнo:)

Нa религијa имaш судијa Атеист, и сaкaш прaвдинa.:P
 
Живееш нa фaлус.
А ваму се фалиш дека пеглаш :D
Купени се Бoди, зaтoa.

Ништo не е кo пoрaнo:)

Нa религијa имaш судијa Атеист, и сaкaш прaвдинa.:P
Што е купено ве? Рамноземјашите? Од кого?
Ништо не е како порано да. Правдата и вистината на виделина. Поарно атеист отколку инквизиција. Још боље атеист него вакви двајца атеисти ко вас што глумат теисти а се поголеми атеисти и од мене. :)
 
Што е купено ве? Рамноземјашите? Од кого?
Ништо не е како порано да. Правдата и вистината на виделина. Поарно атеист отколку инквизиција. Још боље атеист него вакви двајца атеисти ко вас што глумат теисти а се поголеми атеисти и од мене. :)

Стaнувa збoр зa неприрoден сoјуз меѓу теисти и aтеисти:)
 
Стaнувa збoр зa неприрoден сoјуз меѓу теисти и aтеисти:)
Не бе грешка си. Само покажува дека има и разумни теисти кои не негигираат наука како другар ти. :P
 
Не.
Зoте не пoнудил ништo зa oд негoвa дa игрaм.
Значи и И.Д. утре ако ти понуди договор, за нив ќе играш. Секоја чест, вистински професионалец. ;)
 
Сакаш да кажеш дека ти не можеш да ги видиш максималните елонгации на Венера; нејзиното приближување до тие точки, т.е. нејзиното оддалечување од Сонцето; нејзиното оддалечување од тие точки, т.е. нејзиното приближување кон Сонцето; нејзиното проградно и нејзиното ретроградно движење со голо око, па бараш да ти го сликам со камера!?

И тоа бараш да ти сликам со камера процес кој трае со денови!?

како може таков модел воопшто да го земеш предвид за разгледување?

Ти со денови си ја гледал Венера за да го знаеш нејзиното движење или му веруваш на твојот омилен извор на информации во астрономијата? Со голо око Венера изгледа како звезда, која има карактеристично движење. Аматерските слики од Венера, од сајтот што го постира, јасно ти е во какви идеални атмосферски услови требало да бидат сликани? Исто така и ISS можеш да ја видиш со телексоп, но дали навистина веруваш дека постои во форма како што ни е претставена во live feed бурлеските?

Хелиоцентричен модел паѓа на многу тестови, но тоа тебе не те засега, битно ти е што движењето на Венера и Марс не е скицирано во конкавниот модел. И кои други најосновни работи си ги постирал веќе два пати? Спадни малку на земја, не оди толку далеку до "планетиве". На ниту една тема од сајтот wildheretic не даде коментар, ако не ги броиме твоите погрешни толкувања на одредени игли во сено. Закривување на светлината?
 
Ти со денови си ја гледал Венера за да го знаеш нејзиното движење или му веруваш на твојот омилен извор на информации во астрономијата?

Да, со денови сум ја гледал и сум ја прател со голо око, бидејќи јас не живеам во Скопје и светлосното загадување кај мене не е толку големо. Дури кога е во близина на својата источна елонгација, Венера ја имам гледано на западниот хоризонт уште во текот на денот со голо око, неколку минути пред да зајде Сонцето, и тоа од мојот двор. И не само Венера, за разлика од твојот другар, кому сите ѕвезди му изгледаат исти, бидејќи не мрднал од својот балкон во Аеродром, јас ѕвездите ги гледам со голо око со различна магнитуда и со различна боја - и сè тоа од мојот двор. А и ти би ги видел, да излезеш само дваесетина километри од Скопје накај Куманово, Велес, Тетово или Македонски Брод.


Хелиоцентричен модел паѓа на многу тестови, но тоа тебе не те засега, битно ти е што движењето на Венера и Марс не е скицирано во конкавниот модел.

Еве ги дијаграмите на мените на внатрешните и надворешните планети во хелиоцентричниот модел. Мените на надворешните планети се најизразени кај Марс поради неговата близина до Земјата, додека кон другите поодалечени планети, ефектот драстично се намалува и сосема исчезнува поради сразмерно многу поголемото растојание на тие планети во однос на Земјата наспроти растојанието на Земјата во однос на Сонцето.

Phases-of-inner-and-outer-planets-U-Tenn-Knox-physics_edited-1.jpg


Повели, ваков дијаграм прикажи и за конкавниот и небоцентричен модел.

Ако не оди со конкавниот и небоцентричен модел, пробај да ги објасниш со моделот на дрвото на Yggdrasil - што знаеш, можеби ќе ти успее.


yggdrasil_by_amkojok-d9i97fl.png


10559961_545146758944245_4763288013922299078_n.jpg


И кои други најосновни работи си ги постирал веќе два пати?

Си заборавил?

Нацртај ми го твојот модел каде што ќе бидат запазени:

- мените на Меркур и Венера (комплетниот опсег) и нивните терминатори
- оддалеченоста на Меркур oд Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 28°, и оддалеченоста на Венера од Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 47°.
- транзитите на Меркур и Венера
- мените на Марс и неговиот терминатор
- движењето на појасите и Големата црвена дамка на Јупитер и движењето на Галилеевите сателити
- движењето на прстените на Сатурн и движењeто на неговиот сателит Титан
- привидното ретроградно движење на планетите

Ова се базични работи. За посложени како прецесија, инклинации и еклипси нејќам ни да те прашувам.

Спадни малку на земја, не оди толку далеку до "планетиве". На ниту една тема од сајтот wildheretic не даде коментар, ако не ги броиме твоите погрешни толкувања на одредени игли во сено. Закривување на светлината?

Има гравитациско закривување на светлината, ама таа тема не сум ја истражувал. Исто така мора да се земе предвид и прекржувањето на светлината при нејзиното преоѓање од една средина во друга кои имаат различни густини, како и анатомијата на човековото око. Сложена наука е оптиката. можеби @Let 3 ќе знае и ќе сака да ти одговори бидејќи тој се бави со фотографија.

И зошто прашуваш вакви сложени работи, кога не знаеш работи што секој овчар ги знае, бидејќи ја гледа „ѕвезда“ Деница и „ѕвезда“ Вечерница и нејзиното оддалечување од хоризонтот, нејзиното наближување кон хоризонтот, како и нејзиното проградно и ретроградно движење:

Ти со денови си ја гледал Венера за да го знаеш нејзиното движење или му веруваш на твојот омилен извор на информации во астрономијата?
 
Последно уредено:
Има гравитациско закривување на светлината, ама таа тема не сум ја истражувал. Исто така мора да се земе предвид и прекржувањето на светлината при нејзиното преоѓање од една средина во друга кои имаат различни густини, како и анатомијата на човековото око. Сложена наука е оптиката. можеби @Let 3 ќе знае и ќе сака да ти одговори бидејќи тој се бави со фотографија.
Атмосферата има влијание на прекршување на светлината, во атмосферата имаме куп атоми на азот, кислород, озон, јаглерод диоксид.... имаме честички на прашина на чад, на сол, имаме водена пареа, имаме различни притисоци на различни висини имаме различни температури на различни висини .. и низ сиот тој хаос поминува и светлината која е бранова енергија и попат се судира со сето тоа. Поекогаш некои атмосферски прилики прават забележителни оптички илузии
 
Доколку не ги земаме информациите на медиумите и Наса како факти но ги преиспитуваме дали се вистинити или не, тогаш ќе ја дознаеме вистината.
Следново видео е многу полезно за расудување
дали земјата е рамна.
https://www.youtube.com/watch?v=bdxgIyEPCxk
 
Доколку не ги земаме информациите на медиумите и Наса како факти но ги преиспитуваме дали се вистинити или не, тогаш ќе ја дознаеме вистината.
Следново видео е многу полезно за расудување
дали земјата е рамна.
https://www.youtube.com/watch?v=bdxgIyEPCxk
Многу поучно и вистинито видео, кое дава толку многу одговори. Потребно е само логично размислување. И не секој е способен да ја дознае вистината.
 
1. Да, со денови сум ја гледал и сум ја прател со голо око, бидејќи јас не живеам во Скопје и светлосното загадување кај мене не е толку големо. А и ти би ги видел, да излезеш само дваесетина километри од Скопје накај Куманово, Велес, Тетово или Македонски Брод.

2. Еве ги дијаграмите на мените на внатрешните и надворешните планети во хелиоцентричниот модел.
Ова се базични работи. За посложени како прецесија, инклинации и еклипси нејќам ни да те прашувам.

3. Има гравитациско закривување на светлината, ама таа тема не сум ја истражувал. Исто така мора да се земе предвид и прекржувањето на светлината при нејзиното преоѓање од една средина во друга кои имаат различни густини

4. И зошто прашуваш вакви сложени работи, кога не знаеш работи што секој овчар ги знае,

1. Со денови си ги гледал, ОК. Наместо да бараш оправудвање, гледај ги пак и снимај со камера. Дали во твојата блиска околина имаш пристап до телескоп? Ако немаш, тогаш солиш памет на други кога ги прашуваш дали имаат погледнато низ телескоп. Бај д'веј, јас не живеам во Скопје.

2. Не дијаграми, твои слики барам. Ти ме убедуваш дека твоите дијаграми се факт, јас ти давам еден друг поглед на нештата, без да те убедувам. Ја гледаш ли разликата помеѓу тебе и ЗОТЕ? Нема разлика, само различен модел.

3. Кое гравитационо закривување на светлината? Пак да ти повторам, наместо да гледаш горе во "вселената", гледај доле на земјата, хелиоцентричен модел паѓа на многу полиња т.е. објаснувања кои ни се дадени едноставно не држат вода! Да ти цитирам од страната која неколку пати ја постирав, а на која немав добиено било каква реакција:

Whatever is the calculated true figure, 6cm or 7.8cm, light either bends downwards or upwards if the Earth is convex, and never straight, according to the experiments carried out above by Wilhelm Martin

This fact destroys modern astronomy, and Copernicanism to which it is attached, because it relies on the erroneous assumption that light travels in straight lines at such short distances. It completely calls into question where objects are in the sky and how far. Where is the comet when it slowly traverses the night sky? Where are the stars, the “planets”, the “moon”? Not where we think they are, obviously. Where is “up”? Above our heads. And where is that? The electromagnetic Earth cavity has skewered everything visual… and a lot more, i.e. created gravity.

4. Овчарот спие кога Венера изигрува звезда на небото, гледано со голо око. Среќа што работната позиција не го оптоварува со фактот дека на големи висини, звездите не се гледаат http://www.wildheretic.com/disappearing-stars/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom