Ракописната азбука - потреба или товар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Freedom2say
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да си нетокму за да си го поставиш прашањево, а треба да си неписмен за да ракописните букви ти бидат товар.
У Америка ја укинале, па цел свет знае дека се глупи и неписмени....
 
Латиницата неможам да ја пишувам ракописно и најчесто користам печатни букви. А на кирилица пишувам ракописно:)
 
Абе најубо да им поделиме лопати и сите на нива да и пушчиме. А кој нејќит со ќотек ќе го спотераме.

А бе Праско! Кој оди со лопата на нива? :LOL: Мотика треба за на нива.
Таман ти е идејата. Помалите може да засадуваат цвеќиња, а од 10 години нагоре - на копање. Да се зазмјат малку. :D
--- надополнето: 7 јули 2013 во 05:46 ---
Дактилна Анатомија за деца--истражување на телото на учителката преку пипкање.

Да, да, особено ако учителката е како Мелани Грифити на млади години (y)
 
повеќе од 25 год не пишувам ракописно :( во средно се заебав. полесно и побрзо и почитливо ми беше да пишувам печатно на тие часовите каде што морав да фаќам забелешки, стенограми дури си измислував. а на факс ми беше потреба печатното. денес имам пробано да напишам нешто ракописно, али НЕ иде, едноставно ја нема таа флуидност. затоа ќерка ми знае и има одличен (не е супер) ракопис. (y)
апсолутно треба да се учи ракопис, многу поубаво изгледа и наставниците треба да тупат со тој краснопис до 1001 и назад. а како што некој спомна, 5-6 часа и толку. срамота.
П.С. ај да најдам некаде да скенирам ракопис од баба ми, ..... луѓе тоа е везење, невероватно колку биле добри наставниците тогаш и знаеле како да го постигнат тоа ниво за краснопис (везопис:D)
 
Децта се оптеретени со многу предмети во школо, тоа да. Тоа треба да се намали. Дете од 7 години секој ден има по 6 часа?!?! Премногу!

Но никако да не се укине ракописното пишување. Дури треба да се вовоедат повеќе работи каде децата прават нешто со рацете. Заради типкањето и игрите, децата немаат трпеливост, не уживаат во тоа што го прават, туку го прават какао било (како да минат ниво во компјутерска игра), битно е да се заврши брзо, за после пак да не знаат што да прават со времето што им останува.

Треба да се воведат работи како во градинка: работа со глина и пластелин, цртање или боење за тие што имаат помалку талент, танцување, везење, плетење.



....децата се оптоварени со премногу глупости и сувопарни податоци....вообичаено школскиот систем треба да понуди образование и воспитување...но за жал кај нас нуди само курс за папагали....се учат само податоци кои треба да се меморираат, но не и начинот на кои треба да се употребат

... образовниот систем треба единката да ја подготви за живот и да ја научи на основите....а од единката зависи дали одредена вештина ќе ја усоврши и ќе ја применува професионално во животот

....пливање, танцување, свирење на музички инструмент, палење оган, подготвување на храна, коминукација на странски јазик, координација на телото, санирање на повреди, креативно размислување.... се само мал дел од вештините кои секој поединец би требало да ги научи во образовниот систем...но за жал учи само сувопарни податоци

образовниот систем треба да изгради комплетна личност...личност способна да се прилагоди на секоја средина и животна ситуација

доколку ги тргнеме на страна идеолошките доктрини...Хитлеровата Младина го имала можеби најинтегралното образование и воспитување...од мали нозе децата учеле да бидат луѓе....учеле да танцуваат, де са однесуваат културно, да кумуницираат, да преживуваат во непозната средина, да се изградат физички но и ментално....

да се навратам на темата.....ракописното пишување не е само вид на пишување...туки и вежба за координација на тандемот рака, око, ум....а за изучувачите на калиграфијата и уметност

врзувањето на јазол (чвор) е чинот кој го раздвојува човекот од животните, а можноста своите мисли и идеи да ги преточи во симболи испишани со своја рака и разбирливи за останатите е почеток на цивилизацијата
 
Понекогаш ме загрижуваат мислења од типот „оптеретување било да се учи да се пишува ракописно“, предлози за книги само поради квалитетната корица, силување на „меинстримот“ како најјаката филозофија...
Idiocracy at its best.
 
Исклучиво ракописно, ем побрзо се пишува, ем поубаво изгледа, мада секоја чест и на тие што брзо пишуваат печатно, сооглед на тоа што за една буква треба неколку пати да го одвоиш пенкалото или моливот од хартијата :)

офтопик: Користи ли некој латиница од вас во секојдневната комуникација, школо, факултет, работа?
 
Исклучиво ракописно, ем побрзо се пишува, ем поубаво изгледа, мада секоја чест и на тие што брзо пишуваат печатно, сооглед на тоа што за една буква треба неколку пати да го одвоиш пенкалото или моливот од хартијата :)

офтопик: Користи ли некој латиница од вас во секојдневната комуникација, школо, факултет, работа?


Многу ретко користам латиница,ептен можеби понекогаш ако ми дојде така нешто да запишам на брзина.

Инаку,фантастична идеја за губиток на било каква трошка индивидуализам на поединецот.Масата дефинитивно ја добива својата физиологија,страшно.Униформирани роботи пред фб. :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom