Леле, да се разбереме, ко божем не се знае дека ракомет освен во Европа малку каде се игра асално. Во Катар се игра, затоа што имаат нафта и многу пари за фрлање, во Бразил единствено каде малку од малку се игра, понекогаш блеснуваат и овие северноафриканските земји и толку е, нема никој друг асален. Е не сега намерно ќе тераме рамноправност, кога се знае дека Австралија губи по 30 разлика од секоја екипа, бетер од спаринг партнер се.
Можеби одлуката на ИХФ не беше најдобра и наместо Германија, да влезеше Исланд, ама пак тоа е направено од проста причина што сигурно никој нема да гледа меч со Австралија, кога се знае дека губат со милион разлика, додека со некој друг, барем има некоја неизвесност. И ги испожаливте Австралијанциве, не верувам дека дури ни нивните медиуми не известувале олку за ова.