Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Дефинитивнo oвие oд ИХФ се нaвлечени нa СКOПСКO и се е мoжнo, бруки :facepalm:
 
Гледам прв пат сега една утакмица на светсково за жени до 20 години (дека на спортска ја чекам утакмицата) и што да видам ... Аматерки, буквално аматерки се , без разлика од која држава играат .... Јас да играм пооубаво ќе изиграм ..
 
Има некој друг проблем со handball123 форумот?
 
Е вака се одмара :X3: а не нашиве на кеј и во Рустикана :icon_lol:
5317_10152688530695466_5007684214987412355_n.jpg
 
За тие што не знаат, Карабатиќ е во Танзанија.
 
ШУНДОВСКИ И СО ПОЛА ТИМ ГО ОСВОИ СУПЕРКУПОТ НА РОМАНИЈА
53fcc1fe95f9cf337a000000-610x405.jpg


Екипата на Констанца го освои Суперкупот на Романија, откако вчера ја совлада Штинца Бакау во Брашов. Констанца победи со резултат 24-21 (13-11) и го освои можеби последниот пехар во својата историја. Констанца, предводена од Шундовски, ги живее најтешките моменти од своето постоење и е на само чекор од целосното згаснување. Судот ја блокира сметката на Констанца и таа не може да ги користи средствата (4.000.000 леи) што и се доделени. Последна шанса е состанокот на 28 август, кога клубот ќе се обиде да добие помош од општината.

Инаку, Суперкупот е освоен со половичен тим во кој нема голем број ракометари, кои во меѓувреме го напуштија клубот.

Мала сенка на успехот е жалбата на Штинца Бакау, која го оспори настапот на Младен Ракчевиќ и бара титулата да и се даде по административен пат.
 
Последно уредено:
Во директна пресметка со главниот конкурент, тимот на Пик Сегед, Веспрем го освои Суперкупот на Унгарија. Средбата се одигра во преполната “Веспрем Арена“. Веспрем победи со резултат 33:24 (17:12).

Маргуч (8), кај Веспрем, и Анчин (7), кај Пик Сегед, беа најрасположените ракометари на двете екипи.

Веспрем – Пик Сегед 33:24 (17:12)
 
Море нека се пензионира од ракомет, не можам да го глеам више.
 
Барселона ја оправда улогата на апсолутен фаворит во мечот за Суперкупот на Шпанија и го освои својот 17-ти трофеј во ова натпреварување, трет едноподруго. Совладана е екипата на Гранолерс, со резултат 32:28 (11:13). Гранолерс ја намачи Барселона, а на одмор, по првото полувреме, замина и со два гола предност, но немаше сили за комплетна сензација.

Сигурдсон, со 8 гола, и Лазаров, Рутенка и Томас, со по 6 гола, беа најдобри кај Барселона, додека кај екипата на Гранолерс најмногу покажаа Грундстен и Алваро Руиз, стрелци на по седум гола.

Барселона – Гранолерс 32:28 (11:13)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom