Рафаело бомбици (со обично млеко)
Состојки
- 200 гр. шеќер во прав
- 100 гр. маргарин
- 50 гр. кокос
- 50 гр. млеко со 3.2 % масленост
- 100 гр. мелени бисквити
- Потребно е плус
- 50 гр. кокос
- 50 гр. лешници или приближно на 30 лешници
Подготовка
1. Во тенџерче стопете го маргаринот. Тргнете го од оган и додадете го шеќерот во прав.
2. Оставете сосема малку да се излади и додадете го млекото. Мешајќи додадете ги кокосот и мелените бисквити.
3. Оставете ја смесата во фрижидер да се излади околу половина час.
4. Земајте со рака од смесата, ставете лешник внатре. Формирајте бомбици и валкајте ги во кокос.
Од оваа доза излегуваа околу 25-30 рафаело бомбици. Вие може да ја прилагодите според ваши потреби.
Овие бомбици се лесни, едноставни, а премногу вкусни
.
--- надополнето: 31 август 2013 во 20:48 ---
Едноставни Рафаело топчиња со пудинг
Стандардниот рецепт за Рафаело топчиња не содржи крем од пудинг, но сепак и оваа модификација на неодоливите бели бомбици е неверојатно вкусна. Задоволството е речиси исто, за многу помалку време и вложен труд.
Состојки:
- 2 пудинзи од ванила
- 120 гр путер
- 5-6 лажици шеќер
- Половина литар млеко
- Лешници
- Брашно од кокос
Подготовка:
Во поголем сад за готвење, на тивок оган ставете ги двете кесички пудинг, додајте шеќер и полека мешајте. Потоа, истурете го половината литар млеко и путерот и чекајте додека не се растопи.
Сите состојки мешајте ги пет минути. Смесата треба да е доволно густа за да можете да формирате топчиња.
Оставете ја смесата нека се олади во фрижидер околу 2 часа.
На крај, извадете ја изладената смеса и правете мали топчиња во кои ќе вметнете по еден лешник, а потоа ќе ги извалкате во кокос.
Доколку сакате да ги комбинирате со малку чоколадо, нема да погрешите ако покрај во кокос, ги извалкате и во топена чоколада.