Епа ондак еве ќе се јавам: постојам ЛОЛ незнам од кај го извади ова, никад не ми паднало на памет да проверам такво нешто, ниту пак сум чул за други деца да го прават
Али еве неколку интересни работи за мене коа бев мал, може ќе ве насмејат:
1. Како голем љубител на Кока Кола као дете, никогаш немав доволно од тоа лол (али не, воопшто не бев дебел, баш напротив :Р). И имав приметено дека откако ќе го испијам шишето и ќе го оставам (целосно) празно, после некое време на дното ќе се собере малце течност и ќе се наполни за некој милиметар (тоа од капките од ѕидот на шишето).. И ја си реков, епа ако за саат време се собира толку кока кола, ондак ако ги чувам недела две цело ќе се напуни ЛМАО

И ја така си собирав празни кока кола шишиња, надевајќи се дека ќе се наполнат по доволно време ЛОЛ
2. Пошто на сите филмови нели ако некој е тешко болен (пред умирање), одма нели им ставаат маска за кислород, ама после некое време пак ќе умреа ЛОЛ И ја веројатно од таквите сцени увјек си имав претстава во главата дека човекот во себе содржи кислород и живее додека не го потроши, и затоа кога и да се сетев на тоа увјек се заќутував и избегавав да зборам и почнав пополека и успорено да дишам за да си го штедам кислородот ХАХАХАХА
3. Во градинка нели не учеа како се создаваат плодови на дрвата итн, нели со цветовите и прашникот итн... И ја така добив идеа, што ако земам на пример цвет од дрво од кајсија, и го ставам правот во цвет од дрво од цреша, што ли плод ќе се добие ЛОЛ И така ја експериментирав со комбинирање на разни цвеќиња и дрва, надевајќи дека ќе создадам некое ново овошје и комбинација на две различни али по долги обиди на крај се откажав оти многу се нервирав зошто ништо не ми испаѓа ЛОЛ
Ако ми текне на некои други и други ќе пишам