Работи што сите сме ги правеле

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 април 2010
Мислења
2.662
Поени од реакции
3.573
Сигурно постојат милион смешни работи што сите сме ги правеле како помали.На пример не верувам дека постои некој човек што како помал не го затворал фрижидерот полека и чекал да види како ќе се исклучи светлото. :ROFLMAO:
Мислам дека бев јасен, значи кажувајте такви забегани работи. :D
 
На пример не верувам дека постои некој човек што како помал не го затворал фрижидерот полека и чекал да види како ќе се исклучи светлото. :ROFLMAO:
Епа ондак еве ќе се јавам: постојам ЛОЛ незнам од кај го извади ова, никад не ми паднало на памет да проверам такво нешто, ниту пак сум чул за други деца да го прават :)

Али еве неколку интересни работи за мене коа бев мал, може ќе ве насмејат:
1. Како голем љубител на Кока Кола као дете, никогаш немав доволно од тоа лол (али не, воопшто не бев дебел, баш напротив :Р). И имав приметено дека откако ќе го испијам шишето и ќе го оставам (целосно) празно, после некое време на дното ќе се собере малце течност и ќе се наполни за некој милиметар (тоа од капките од ѕидот на шишето).. И ја си реков, епа ако за саат време се собира толку кока кола, ондак ако ги чувам недела две цело ќе се напуни ЛМАО :ROFLMAO: И ја така си собирав празни кока кола шишиња, надевајќи се дека ќе се наполнат по доволно време ЛОЛ :ROFLMAO:

2. Пошто на сите филмови нели ако некој е тешко болен (пред умирање), одма нели им ставаат маска за кислород, ама после некое време пак ќе умреа ЛОЛ И ја веројатно од таквите сцени увјек си имав претстава во главата дека човекот во себе содржи кислород и живее додека не го потроши, и затоа кога и да се сетев на тоа увјек се заќутував и избегавав да зборам и почнав пополека и успорено да дишам за да си го штедам кислородот ХАХАХАХА

3. Во градинка нели не учеа како се создаваат плодови на дрвата итн, нели со цветовите и прашникот итн... И ја така добив идеа, што ако земам на пример цвет од дрво од кајсија, и го ставам правот во цвет од дрво од цреша, што ли плод ќе се добие ЛОЛ И така ја експериментирав со комбинирање на разни цвеќиња и дрва, надевајќи дека ќе создадам некое ново овошје и комбинација на две различни али по долги обиди на крај се откажав оти многу се нервирав зошто ништо не ми испаѓа ЛОЛ :ROFLMAO:

Ако ми текне на некои други и други ќе пишам :)
 
Прво што ми текна е мавањето автобуси со кеси полни со вода. :pos: Додуша јас не мавав, стоев од страна додека машките маваа, па после со нив заедно бегав. :pos:

Друго, натпреварите кој подолго може да го држи здивот и да не земе воздух. И сите се прават црвени, ама не попуштаат бе, не отвараат уста, па и да се онесвестат. :pos:
 
со вода? ја знам кај мене у маало со топки снег мававме по автобуси :)

Инаку - претпоставувам ко мали сите сте играле граница план жмурка (обавезно) граби стапче народна џамија и слично...
 
Да бе. Имаше едни кеси, 20 денари беа, имаше едно 30 парчиња, тука кај мене имаше една чешмичка, ги полнеа и маваа. Еднаш еден од возачите го запре автобусот и почна стварно да не брка. :pos:
 
Сигурно постојат милион смешни работи што сите сме ги правеле како помали.На пример не верувам дека постои некој човек што како помал не го затворал фрижидерот полека и чекал да види како ќе се исклучи светлото. :ROFLMAO:
Мислам дека бев јасен, значи кажувајте такви забегани работи. :D

Ејј браво, кај ти текна на ова.Се сеќавам како мал додека го гледав Могли цртанов и добивав инспирација од сцената каде мечката Балу се чеша на каменот со грбот(во една сцена од цртаниот) да почнам и јас да се чешам секое утро на рачката од фрижидерот......
И тоа го правев секое утро кога ќе станев.:pos:
Ама тоа кога бев ептен мал, во секој случај сега кога ќе се навратам на тие работи.........
 
Ја се серев на картонска кутија и палев згора лисја па им звонев на врата .... замисли шо се дешаваше ко ќе го гаснеа огнот со нозе :)
 
Епа ондак еве ќе се јавам: постојам ЛОЛ незнам од кај го извади ова, никад не ми паднало на памет да проверам такво нешто, ниту пак сум чул за други деца да го прават :)

Али еве неколку интересни работи за мене коа бев мал, може ќе ве насмејат:
1. Како голем љубител на Кока Кола као дете, никогаш немав доволно од тоа лол (али не, воопшто не бев дебел, баш напротив :Р). И имав приметено дека откако ќе го испијам шишето и ќе го оставам (целосно) празно, после некое време на дното ќе се собере малце течност и ќе се наполни за некој милиметар (тоа од капките од ѕидот на шишето).. И ја си реков, епа ако за саат време се собира толку кока кола, ондак ако ги чувам недела две цело ќе се напуни ЛМАО :ROFLMAO: И ја така си собирав празни кока кола шишиња, надевајќи се дека ќе се наполнат по доволно време ЛОЛ :ROFLMAO:

2. Пошто на сите филмови нели ако некој е тешко болен (пред умирање), одма нели им ставаат маска за кислород, ама после некое време пак ќе умреа ЛОЛ И ја веројатно од таквите сцени увјек си имав претстава во главата дека човекот во себе содржи кислород и живее додека не го потроши, и затоа кога и да се сетев на тоа увјек се заќутував и избегавав да зборам и почнав пополека и успорено да дишам за да си го штедам кислородот ХАХАХАХА

3. Во градинка нели не учеа како се создаваат плодови на дрвата итн, нели со цветовите и прашникот итн... И ја така добив идеа, што ако земам на пример цвет од дрво од кајсија, и го ставам правот во цвет од дрво од цреша, што ли плод ќе се добие ЛОЛ И така ја експериментирав со комбинирање на разни цвеќиња и дрва, надевајќи дека ќе создадам некое ново овошје и комбинација на две различни али по долги обиди на крај се откажав оти многу се нервирав зошто ништо не ми испаѓа ЛОЛ :ROFLMAO:

Ако ми текне на некои други и други ќе пишам :)

Темата е:
Работи што сите сме ги правеле !!
 
Ја се серев на картонска кутија и палев згора лисја па им звонев на врата .... замисли шо се дешаваше ко ќе го гаснеа огнот со нозе :)
сигурно денес си некој политичар на висока позиција:pos::pos::pos::cuc::cuc::cuc:
 
Јас секогаш се мавам со мали ливчиња свиткани во топче и ластикот за коса ко чатал го користам додека ми е досадно на ќас.
Soulmates? <3
 
Јас се соблакав гол, си го мачкав телото со вазелин и се влечкав по плочките во кујна преправајќи се дека сум полжав.

Сигурно не сум единствениот?
 
i-get-naked-rub-vasoline-on-my-body-and-pretend-im-a-slug.png

Нормално дека не си, едно сто пати е постирана шегава на интернетов.
 
- Качување по прагови или оние нешта на што стојат вратите.
- Правење куќа од душеци
- Експериментална пироманија на мали години.
- Чепкање по дома, барање ствари (најчесто подароци)
- Полнење на кадата со вода до врв и скокање во истата додека целата вода е на плочките.
- Штракање на прекидачот до цркавање на сјалицата (мит)
 
Сигурно постојат милион смешни работи што сите сме ги правеле како помали.На пример не верувам дека постои некој човек што како помал не го затворал фрижидерот полека и чекал да види како ќе се исклучи светлото. :ROFLMAO:
Мислам дека бев јасен, значи кажувајте такви забегани работи. :D
2 much 9gag sir.
голем пироман бев ко помал и јас, еднаш со 2 другарчина запаливме гаража, за срејча немаше ништо вредно и тогаш му го памтам единственио шамар на татко ми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom