Од детствто баш би сакал да видам како изгледаше една боенка која ја користев додека бев во градинка и ја обожавав но не можам да се сетам ни како изгледаше.. Многу ги сакав и списанијата како Развигор, Другарче кои ни ги даваа во забавиште и градинка а потоа Наш Свет во основно... сакав да читам и басни од Езоп, Ханс Кристијан Андерсен и др. а прва книга воопшто што ја имам прочитано беше Мувата и кочијата ми ја дадоја во градинка како награда имаше организирано цртање со креда на тротоар пред градинката...
Но најмногу што ќе ми остани во памтење од минатото е празнувањето на Нова Година... која возбуда беше чекањето на Дедо Мраз во градинка... исто така подоцна многу се возбудував и се радував на новогодишните честитки, како само го чекав поштарот секој ден пред нова година да донеси честитка или да добиеш честитка од школските другари под клупа... штета што честитките се изумрена работа па денешниве деца не можат да го осетата чувството кога добиваш честитка.... Најрадосен бев кога ќе добијав новогодишно пакетче полно со чоколади и задолжително мораше да има Киндер јајце и пакетчињата ги чувавне под елката...
А од телевизијата не се сеќавам точно што беше емисија, серија или нешто слично со јаболка кои се јадеја меѓу себе се сеќавам само на тоа и ништо повеќе така да најверојатно тоа било во текот на 90тите и беше во македонска продукција, ако знае некој за која емисија се работи нека кажи