Работење во банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Онегин
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 февруари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возраст
48
Ја отворам оваа тема со намера да проговорам јавно за мобингот кој се случува во една банка кај нас. Има стотоци жртви на нивната бедна политика . Луѓе кои работеле часови и часови прекувремено, работеле саботи-неплатено, а на никој не му паѓало на крај памет да се пожали, затоа што постои страв за работното место. Да не го спомнувам секојдневниот притисок за исполнување на нереално високите таргети-за ова сигурно ќе ме разберат сите што барем некое време поминале во банката.Стотици луѓе се избркани, и што е уште пострашно, агонијата со отпуштањата продолжува. На местата на луѓе кои работеле по 9,10 години во банката, се носат други луѓе кои работат за многу помалку пари. Во банката жените кои се враќаат од породилно, после некое време се отпуштаат од работа. Се надевам дека многу вработени и поранешни вработени ќе се препознаат и ќе се приклучат на форумов, со цел за ова да се слушне што погласно и подалеку.
 
Незнам, јас не би можел да работам во банка па незнам колку да ме плаќаат, многу досадна работа и плус ова со мобингот :cautious:
 
Ја отворам оваа тема со намера да проговорам јавно за мобингот кој се случува во една банка кај нас. Има стотоци жртви на нивната бедна политика . Луѓе кои работеле часови и часови прекувремено, работеле саботи-неплатено, а на никој не му паѓало на крај памет да се пожали, затоа што постои страв за работното место. Да не го спомнувам секојдневниот притисок за исполнување на нереално високите таргети-за ова сигурно ќе ме разберат сите што барем некое време поминале во банката.Стотици луѓе се избркани, и што е уште пострашно, агонијата со отпуштањата продолжува. На местата на луѓе кои работеле по 9,10 години во банката, се носат други луѓе кои работат за многу помалку пари. Во банката жените кои се враќаат од породилно, после некое време се отпуштаат од работа. Се надевам дека многу вработени и поранешни вработени ќе се препознаат и ќе се приклучат на форумов, со цел за ова да се слушне што погласно и подалеку.

kapitalizmot e kanibalizam
ne e nisto novov
sekade e kriza
 
Не беше многу тешко да се погоди, нели?

Пријателски совет: под итно менувај банка.
Барај нешто во поголемите банки, макар и на најниско ниво.
 
Прв пат слушам за испунуење некакви таргети у банка.
 
И после ќе се чудите зошто не не сака ЕУ.
Зошто и за без пари би работеле и прекувремено и со тортури само за да влезиме на некое место кое мислиме дека е наша најголема цел и просперитет во животот. Зошто како бугарите ќе во ЕУ и ако платата нивна е 2000 евра ние и за 500 ќе работиме и никој нема да се побунит ако требит и 5 години ќе валонтираме за во CV да влезит...кој да влезит море, ќе остариш дур да ти дает решение после пензионер никој не сакал, абе на нас ни проститутка не требит да плукнит.
Ебемти и држава и политика и банки и стечајци и тутунари абе све у пиздуматер.
 
Ја аплицирав сеа за оглас за работно место Информатичар во ПроКредит банка - ми се јавија после 2 саата, да ми кажат дека огласот бил интерен, да им кажам од кај сум го видел(на прв.мк го има) .... ќе се убијам.

едит: под сега - подразбирам денес хахаха
 
Кажи го името на банката јавно , слободно . Овде се е анонимно . Обелодени ги тука имињата на директорите и шефовите кои го спроведуваат тоа. Да ги закачиме малце на ѕидот на срамот !
 
Али јасно ни е веќе . :)

Најчудно е што Прокредит има една од најдобрите програми за обука на кадар, а од друга страна имаат катастрофална политика на плати и бенефиции.
Другите банки треба да им се благодарни за обуката што ја платиле Прокредит, а тие ја добиле со лесно превземање на вработени.
 
https://www.procreditbank.com.mk/nasha-mreza-vo-svetot.nspx

Исклучете ја Германија од мапава каде се прострира мрежата на Прокредит, што ви кажува сликата? Во кои земји функционира оваа банка?
Мислам дека ви е јасна политиката на фирмата.

Али обуките им биле добри, а секое искуство е добро дојдено, особено за нови дипломци.
 
Пријателски совет: под итно менувај банка.
Барај нешто во поголемите банки, макар и на најниско ниво.

Па зарем Прокредит е помала банка?[DOUBLEPOST=1393013816][/DOUBLEPOST]Еј зошто толку негативно мислење за Прокредит имате бе? Баш се зачудив.
 
Back
На врв Bottom