Работа во Дубаи преку НАХИЛДОО.

  • Креатор на темата Креатор на темата kelaviot
  • Време на започнување Време на започнување
Имајте верба брколинда ќе ги најде и ќе ви ги врати парите,ете цитро им се закани :)
 
Цитролав, вон сето ова, но истовремено поврзано со барање и испраќање на работа во странство. Некако, кога ги гледам темите, кога се даваа информации на тв за Авганистан и кога се распрашав еднашка кога се организираше конкурс у Холидеј Ин (пред 1-2 години), повеќето беа од Куманово. Ти како познавач, кумановец-дали има поголема безработица, дали има плодно тло...која е причината што најголем број од лицата кои одат организирано (посебно во блискоисточните земји) се од Куманово и кумановско? Таков впечаток барем добивам од сето она погоре што набројав.

Кумановци би рекол традиционално се печалбари..има фамилии кои од прадедовци,дедовци , татко па и мајки заминуваат во странство по работа.. Безработица има,нормално како и во цела Македонија,ништо повеќе ништо помалку исто е , е сега Кумановци се и традиционално удрени би рекол во малиот мозок (не е навреда) и многу многу не му ја мислат, каде и да има понуда за работа,први се ,па макар и за малку поголема пара,па колкав и да бил ризикот и под какви услови..едноставно народот е типичен балканскии не мисли многу ни на последица ни на евентуален ризик,што би се рекло фудбалски секогаш шутира од прва

--- надополнето ---

brkolinda ke ja bricat :vozbud:

Келав мора да признаеме ни дојде памет на време :)
 
Срекна Вест за кого како!!! Денес на вести слушав дека ја затвориле НАХИЛ ДОО во скопје. Екипата на канал 5 наиде само на заклучена врата на местото каде што се наоѓаа канцеларите на НАХИЛ...... Трагично е за луѓето кои своите чесно заработени и со пот пари во оваа безпарица ги изгубија надевајки се за подобра заработувачка. Меѓу нив е и татко ми.
 
Затоа почесто читајте Кајгана и слушајте шо ви кажуваат паталци а не гаталци ..:)

жално стварно гледав на вести и јас ..
луѓе кои печалат и гледале надеж во тоа .. своите со пот спечалени пари си ги акнале на некој преварант ..

како шо кажаа спрема бројката на преварени преварантот заработил околу 200 000 евра (не бев далеку) ...
само ете народот во се гледа надеж и е лесно да подпадне под такви преварантски финти ...

да го фанат (тешко), и да им го дадат да му пресудат ..
ама којзнае каде е, и зимава шо се предвидува дека ќе биде -30 ќе си ја помине на Карибите на +30 сигурно ...
 
еве ја статијата на канал 5

Ни трага, ни глас од фирмата Нахил. Исклучени телефони, извадени табли од зградата, испразнети канцеларии. Преку ноќ исчезна фирмата која на над 300 луѓе им зеде пари и им вети вработување во Дубаи и Катар. Како да пропадна во земја, а половина година овде стотици луѓе гледаа излез од сиромаштијата. Мобилните и телефоните во фирмата се исклучени. А вратите се затворени.
Со месеци работниците ги лажеа дека секој момент ќе заминат во Емиратите. Последниот рок кој им го ветија беше 10 Октомври. Соседите велат дека вечерта на 9 Октомври заминале и веќе не се вратиле.

- Дали знаете дали се отселени?
- Не знам да ви кажам точно. Од минатата недела веќе се отидени. А доаѓаат луѓе прашуваат, но ги нема. – велат соседите на Нахил.
-
Стотици луѓе, најголем дел невработени, на сметката на Нахил уплатија по 400-тини евра како гаранција дека ќе се придржуваат на договорот за вработување во Дубаи. Овие неколку дена тие се во потрага по вработените во Нахил, но не можат да ги најдат.

- Прашуваат. Јас им викам џабе ви е. Што чекате? Ги ограбија. Дојде еден денес, вика четиристотини и шеесет евра ми зедоа. Е убаво му викам. – рече еден таксист.

Сопственик на Нахил е босанскиот државјанин Денис Чоковиќ, кој има градежна фирма во Емиратите. Има своја канцеларија и во Бања Лука, но и таму над 300 луѓе дадоа пари, но никогаш не заминаа. Пред три недели во емисијата КОД, токму сомнителната работа на Нахил беше темата која ја истражувавме. Измамените попусто молеа за помош и заштита од државата.

- Лопови до лопови. И тоа се бараат од работниците да земат пари. На четириесет степени работам, да изранам деца и они да ми ги земат парите. Па, кај го има тоа? – изјави Власте Лазаревски од Куманово во емисијата КОД. ( 26.09.2010)

Овие луѓе остана во Македонија. Дубаи им остана само пуста желба за печалба. Случајот беше пријавен во полиција, но Нахил никој не го спречи во валканите игри. Кога Канал 5 алармираше дека се работи за голема измама, институциите не прогласуваа за ненадлежни и не препраќаа една на друга. Единствено контрола изврши Трудовата инспекција и таа констатираше дека се е чисто во работењето на Нахил.
 
Сега гледав на вестите на сител, додека сите го барале СИТЕЛ ГО НАШЛЕ.И имаше јавување во живо од програмата и тој рече дека сите ке отидат за дубаи и нема да има никаков проблем.Измамата била во македонија а не кај него.:kesa:
 
Кривични пријави за измама за директорот на „Нахил-инвест“, Денис Чоковиќ и неговата соработничка од Куманово, поднесе денеска полицијата, откако А1 објави дека фирмата измамила петстотини лица од целата држава кои уплаќале од двесте до четиристотини евра за да работат во Дубаи.

Босанскиот државјанин Чоковиќ е недостапен за македонската полиција, а неговата соработничка е на распит во МВР.

„Веднаш откако е добиена пријавата, службени лица од МВР, односно од одделението за економски криминал од СВР Скопје, постапија, од фирмата се обезбедени документите, односно договорите и утврдена е дека се работи за 437 договори кои што македонски граѓани ги склучиле со „Нахил-инвест“ заради обезбедување на работа во Дубаи“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Само од македонските граѓани кои се пријавиле да работат во Дубаи, фирмата инкасирала околу 120.000 евра.

Овие измамени граѓани вчера се собраа од сите градови од земјава. Дојдоа пред фирмата за да бараат одговори но, наидоа на затворени врати. Со себе ги носеа авионските резервации за Дубаи и договорите за работа. На печалба требаше да тргнат за два дена.

„Цело лето имавме некои понуди за приватно, градежно или некаква работа, ги одбивавме тие работи, сметајќи дека ќе отидеме во Дубаи, на работа да заработиме некој денар и сега останавме буквално никаде, на улица“, вели

Од сите 437 измамени граѓани, случајот во полиција го пријавиле само 13. Останатите се уште се надеваат дека ќе заминат во Обединетите арапски емирати, каде требаше да заработуваат по 7 евра од час.

Случајот сега е во рацете на обвинителството. Од „Нахил-инвест“ запленети се сите документи кои ја докажуваат измамата што се случувала и во Македонија и во Босна, на грбот на оние кои сакале да се спасат од сиромаштијата.


ПОСЛЕ ОВА НЕ ЗНАМ ШО ДА КАЖАМ,ЗНАЧИ САМО 13 ЛУЃЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА.ДОБРО БЕ ЛУЃЕ ШО ВИ Е НА ВАС ЗАР СТВАРНО МИСЛИТЕ ДЕКА ЌЕ ОТИДЕТЕ,ИДЕТЕ ДОДЕКА Е ВРЕМЕ У ПОЛИЦИЈА ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ БАРЕМ НЕШТО,ПОСЛЕ ЃАВОЛ ЌЕ ВИ БИДЕ КРИВ,КЕ ВИ ФАЌААТ СЕИР.
 
7.5 долари саат у Дубаи? пф ..
па и 400 евра нема грешка .. да не е некоја превара пази се .. и да не е, малце пари се за Дубаи ..


:tv:

Убаво си рече човекот,мора да е некоја превара :)
 
139.jazavac (October 13th, 2010 12:38 pm)
Kakav je ovo makedonski na portalu? Jos vam samo kinezi fale da se ukljuce u raspravu :-)
140.rakovic (October 13th, 2010 1:38 pm)
јазавац
јазо ово су ем нерадници, ем наивци, ем дискутују на капиталу.ба. Није ни чудо што Македонија пропада. Да бар знају да пљуну на власт, него ни то.

да им ебам матер,ова е од босанскиот форум за нахил,вошкари едни бетер се од нас а јадат лајна само,нека идат нека си ги бараат парите нека не јадат трици само, ги отерав у курац
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom