Аплицирај, јас отидов како фотограф за NCL преку Успињача за 2-3 месеца откако аплицирав, за Карнивал немам никакви информации, само дека прво пред да почнеш на нивните бродови имаш тренинзи на некоја нивна приватна локација во Козумел, Мексико, недела до две.
Порано јас кога бев тренингот беше на брод. Imagination беше тренинг брод за фото. Тамо две - три недели имаш обука и после тоа ти даваат трансфер или може и да останеш зависи од потребите. Јас бев две недели само наместо за фото имав за print shop тренинг и потоа добив трансфер на Legend.

). Цената не ја знам точно затоа што заминав како фотограф ама работев како Print shop techniciian (на нашки во печатница). Знам само дека фотографите земаа плус процент ако имаат свадба. Од прв договор тешк ода ти дадат свадба но ако си добар фотограф и си добар со менаџерот по една свадба за круз со типс уште една плата се вадеше. Мислам дека околу 400 долара земаше фотографот (не сум 100% сигурен за ова), затоа што кога добив брод менаџер беше еден на замена, го заменуваше главниот менаџер и кога замина ми рече дека нема да биде пак менаџер туку ќе се врати како фотограф и ќе бара да оди на некој брод каде менаџерот му е пријател и дека со свадби ќе заработа повеќе отколку како менаџер. Тој спомена цифра околу 400 долара. Велеше ем повеќе ќе заработам ем нема да се нервирам со хотел директори, бонуси и таргети. Во принцип на бродот каде што си ако ти се погоди менаџерот песна ќе си пееш ако не може и да се откажеш предвреме. Затоа велам тежината на работа на бродот е релативна работа, нема правило дека е лесно или тешко.
