Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Другари некои искуства за крупие?
 
„Најдобрата работа кога си на брод е што можеш да го прошеташ целиот свет и да видиш места за кои можеш само да сонуваш. А најлошата – што немаш ниту еден слободен ден во текот на работниот договор, кој вообичаено трае од 7-9 месеци“, вака ја започнува приказната 30-годишниот Македонец, кој поради заштита на идентитетот ќе го нарекуваме Марко, иако тоа не е неговото вистинско име.

Остатокот од статијата - ТУКА
 
Здраво
Сакам да аплицирам за работа на брод но пред 2-3 месеци имав аплицирано на Work and Travel програмата и бев одбиен за виза.Дали некој има вакво искуство па да сподели или ваше мислење од некој кој вејке бил..дали има шанси овај пат да ми одобрат виза за на брод?
 
Што те прашаа во амбасадата? Ти дадоа некакво образложение?
Досега немам слушнато некој да го одбијат за бродска виза. Колку години имаш?
 
Здраво
Сакам да аплицирам за работа на брод но пред 2-3 месеци имав аплицирано на Work and Travel програмата и бев одбиен за виза.Дали некој има вакво искуство па да сподели или ваше мислење од некој кој вејке бил..дали има шанси овај пат да ми одобрат виза за на брод?
Со пред-договор од бродската компанија, скоро невозможно е да те одбијат за виза.
 
Здраво
Сакам да аплицирам за работа на брод но пред 2-3 месеци имав аплицирано на Work and Travel програмата и бев одбиен за виза.Дали некој има вакво искуство па да сподели или ваше мислење од некој кој вејке бил..дали има шанси овај пат да ми одобрат виза за на брод?
Ќе ти одобрат виза за брод, C1/D e таа виза. Се додека имаш писмо од компанијата каде што ќе работиш, нема да имаш проблем во амбасада.
 
Панзова: Работата со деца на брод е прекрасна, а заработката е солидна

Дваесет и осумгодишната Лилјана Панзова од Велес е дипломиран педагог и веќе три години работи на брод со деца на возраст од 6 месеци до 17 години.
Ангажирана е преку компанијата Royаl Caribbean International, и е презадоволна од ова искуство. Младата велешанка раскажува дека заработката е солидна, месечно се заработува од 1500 до 2000 долари, а за сите вработени е обезбедено сместување и храна. Вели дека на брод се работи многу, посебно додека бродот плови, но работата сепак ја исполнува.
116.jpg

Остатокот од статијата ТУКА
 
Сакам да аплицирам за работа на брод,но мислам дека нема да поминам добро со англискиов на интервју.Абе сеа не сум до толку утепан ама на интервју гарант ќе блокирам,освен па ако ги извежбам одговорите и ги кажам ко песниче.Нормално сеа не се тепам за позиција или плата,едноставно сакам да пробам нешто ново.

Шо велите да пробам?
 
Појди на прелиминарно во Коузон, ќе те видат ќе те чујат, ќе ти кажат дал ќе те биде или не ;)
 
Најискрено тие во коузон за прелиминарно се толку влезени во филм страшно нешто. Еднаш бев тамо сда се видам со еден пријател и позади нас правеа прелиминарно интервју на еден кандидат. Искрено таа што правеше интервју полоша беше со англискиот од кандидатот. А разбрав дека таа не ни работела на брод. И на крај ќе ти дадат некој безвеза позиција. Некако ме нервираат во нивните проценки. Тоа што ти го филмуваат не е ни пола од тоа што ќе ти се деси. Мене интервју и презентација ми правеше македонец кој беше преку 10 год на брод и беше регрут дирекно од компанијата. 95% што го кажа испадна така. Затоа ме нервираат коузон со нивните приказни од стилот биди и ти дел од џетсетот во светот...

За англискиот за членот погоре нека проба нека повежба до интервју може да помине од 2-3 недели до 2-3 месеци таа да за пониски позиции и не е толку страшно. Едино што ќе изгуби доколку оди во миоми мислам беше околу 1500 денара за апликација, а коузон беше 500 денара плус “обуките“ околу 50 евра што ги бараат као многу битни се....
 
Хух, види сеа, работите у Коузон се менуваат од време на време.

На времето 2011 јас бев таму за фотограф, кога тие воопшто не работеле фото тие години. Сега праќаат фотографи и видеографи и на MSC и на NCL. Патем разбрав дека многу им требале видеографи.

Најпрецизна евалуација за познавање на англиски се ИЕЛТС и ТОЕФЛ тестовите, ама тие се скапи и не ти вредат за на брод. Најбитно е колку ги познаваш зборовите кои се користат во твојот дел од работата.
Доколку наместо „треј“ кажеш „ајнцер“ зацементиран си со бар-јутилити позиција (разнесуваш пијачки од магацин до баровите и чат пат чистиш, а гости гледаш само од далеку), и слично :)
 
Јас бев 2007 ;)
 
Сакам да аплицирам за работа на брод,но мислам дека нема да поминам добро со англискиов на интервју.Абе сеа не сум до толку утепан ама на интервју гарант ќе блокирам,освен па ако ги извежбам одговорите и ги кажам ко песниче.Нормално сеа не се тепам за позиција или плата,едноставно сакам да пробам нешто ново.

Шо велите да пробам?

Пробај :) Јас пробав, отидов и сега не ми се седи тука во државава.
 
Сум на NCL Epic и треба да направам escape route, помош како тоа да го изведам? Благодарам
 
која позиција си?
2 рути треба да имаш од соба до имрџенси стејшн разбираш, и уште 2 рути од работно место до имрџенси стејшн... разбираш :D
На листот хартија што го доби од Safety Office, треба да објасниш како стигаш од собата, или работното место, до Emergency Station.
На пример, From cabin 4343 turn left, go through A60 door A2-4-42 and left through FSD 2-4-42... додека не дојдеш на декот каде што правите Drill, претпоставувам тоа е Deck 7.
E сега, А60 е врата која може да држи оган до 60 минути, FSD е Fire Screen Door (во случајов е во пожарна зона 2, дек 4 и број на врата 42), WTD е Water Tight Door итн.. тие ги имаше на испитот.
Никогаш не користи иста рута, секој пат мора да имаш различно движење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom