TpH_Bo_OkO
Трноризец
Русија е подготвена да помогне во гасификацијата на целата територија на Македонија.
„За нас претставува интерес и гасификацијата на територијата на Република Македонија, со раширени краци на гасоводот кон Албанија, јужна Србија и Косово“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во обраќањето на Енергетскиот самит на Југоисточна Европа што се одржува денеска во Загреб.
Тој додаде дека Русија е заинтересирана за продолжување на преговорите за продажба на гас и за натамошно користење на транзитните можности на регионот, а истовремено и за изградба на подземни магацини за гас во неколку балкански држави.
Путин потенцираше дека од интерес за Русија е и изградбата на термо-електричната централа во Македонија, како и модернизацијата на електричните централи во Босна и Херцеговина.
Рускиот претседател, во обраќањето на Самитот, рече дека гледа перспектива и во соработката во атомската енергија, потенцирајќи дека руската државна компанија „Атомостројекспорт“ е заинтересирана за изградба на нуклеарна централа во Бугарија, за што смета „дека договорот ќе биде потпишан во текот на оваа година“.
Путин соопшти дека компанијата „Лукоил“ активно работи во Бугарија, Македонија, Романија и Србија и досега инвестирала 1,5 милијарди долари во регионот.
„Русија, како еден од светските лидери во снабдувањето со нафта и гас, е решена да стори се што е можно за енергетските проблеми на регионот“, дополни Путин, нагласувајќи дека тоа ќе се одвива врз основа на взаемни интереси
-------------------------------------------
Според мене, Русија си ја шири енергетската империја и со таква мрежа почнува да и парира на Америка...Последното беше што Путин успеја да ги привлече Руските олигарси на своја страна а и забележан е огромен економски раст и покачен стандард кај Русите. Да не го спомнувам и фактот што цела ЕУ зависи од Рускиот гас а и останатите Евро-азиски земји.