Има земји над кои немало ни интерес да се стави туѓа власт , си видел некои земји какви граници имаат , праволиниска , пошто немало интерес од никого , што ќе ти е пустина ... но ете потоа испаднало дека има богати подземни богатства.
ГДП-то на Русија , од 1990 до 2011та имало раст од 3 пати , додека на Албанија за 6.5 пати. И сега ? Сали Бериша е ?
Кина за 15 пати ?
Сеуште Русија не е исто рамниште со светските економски сили ...
Една Канада со 33 милиони жители има поголемо БДП од Русија (143 милиони)
Види сега, ниту Кина неможеш да ја споредиш со Русија, а не пак Албанија. Не е важен моменталниот економски раст, колку што е важен потенцијалот. Да ја скротиш државата од тотална криминалистичка анархија е нешто. Збориме за криминалци од светски ранг.
Економскиот потенцијалот на Русија е огромен они идат споро ама константно напред. Не се зависни од ниту еден ресурс, како на пример тие што ги споредуваш (Кина, Канада, Албанија). На пример блокадата на Ормудскиот теснец би имала негативни последици и за западот и за истокот, меѓутоа Русија би била економски нечепната, баш напротив би излегла со ќар од сето тоа заради поскапување на енергенсите. Значи Кина го достигнува својот врв, Албанија е на пат набргу да го достигне, додека Русија без да користи туѓу ресурси (како на пример САД), има небо за лимит, а и натаму се движи.
Друга работа е образовниот систем, оди на topcoders и види кои се најпрестижните светски универзитети. Кои се најбараните научници и каков научен потенцијал имаат. Зошто и како Израел со 100.000 академци од Русија стана земја со најсофистицирана воена технологија во светот и сл. Путин го врати сјајот на Руските универзитети.
Понатаму ги подобри односите со Израел, што е од суштинско значење за влијанието на Блискиот исток, во Израел, неофицијлно втор јазик е Руски. Русија стана топ дестинација за инвестирање на Израелските фондации.
Значи не ги гледај само моменталните бројки кои ги се фактички дневно-политички показател, на долги патеки, Русија е на добар пат набргу да ја превземе улогата што моментално ја има САД на светски лидер.
--- надополнето: 5 март 2012 во 12:48 ---
Па еве кај нас во државава стапката на сиромаштија и невработеност се намалува вештачки...владата се кажува дека ја намалила нервработеноста од 35 на 34% па дури и се фали со платено промовирање во медиумите.......нели ако дојде странец паднат од марс, и гледа вести на сител....ќе види дека Македонија само што не полетала....слична е ситуацијата и во Русија....
Во Русија, една партија има апсолутна моќ, Путин 2 мандата председател, еден премиер, сега пак председател.....така да муабети дека таму владее демократија и слобода тешко проаѓаат....
Аха,
Абе тоа е резултат на имбецилна опозиција и кај нас и во Русија. Кај нас на пример не е толку добар Грујо, колку што е катастрофална опозицијата. да изгубиш ти 3 парламентарни 2 локални и 1 претседателски избори говори многу. И уште згора на тоа да го обвиниш народот дека е глуп.....Тоа ти е имбецилност невидена. Јас не очекувам да победат уште долго време.
Исто е и во Русија. Покажа чоекот
РЕЗУЛТАТИ и го сака народот. Тоа што има незадоволни кои користат глупави методи на „отпор“, како на пример голиве, е нормална работа. И самото тоа што таа информација се дава и на Руска телевизија е доказ дека нема опресија нема ограничувања и така натака.
И дали тоа ти се сомневаш во демократија ако некој човек одберат повеќе пати? Што е тука недемократски. Изборите се недемократски? Или треба да се измисли некоја рамка, па да им се забрани на луѓето да гласаат за него?
Дај те молам чувај ги овие муабети за бихачка, повеќе не поминуваат ниту кај нас.