Птичји Грип

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување

Последици од птичјиот грип


  • Вкупно гласачи
    47

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
49
Возраст
39
Светот веќе се наоѓа во фаза на приправност за ударот на птичјиот грип во светски размери. Да ѕирнеме дел од фактите:


* Засега вирусот се пренесува само од птици на луѓе. Но, никој не се сомнева дека тој набргу ќе мутира. Кога ќе се случи човек кој има обичен грип да дојде во контакт со заразени птици, во неговото тело најверојатно ќе дојде до размена на гените меѓу вирусите. Вака мутираниот вирус потоа ќе може да се пренесува од човек на човек. Проценките на стручњаците велат дека тој ќе убие меѓу 20 и 50 милиони луѓе на планетава!

* Го памтите САРС-от и планетарната паника што тој ја дигна? Стапката на смртност кај САРС-от изнесуваше 10 проценти. Сегашната стапка на смртност кај причјиот грип е над 50 посто!

* Европа складира досега невидени залихи лекови. Се работи за лекови против обичниот грип, за да не дојде до рапидно ширење на вирусот меѓу луѓето. Најчесто се складира тамифлу, капсули против обичен грип. Европските земји го набавуваат во милионски количини. Најбитно е да се намали бројот на заразени од обичен грип за да се намали ризикот од мутација на вирусот. Се печатат детални прирачници за службите кои ќе бидат ангажирани во текот на епидемијата. Во Холандија е забрането пуштање птици надвор од кафезите. Германија ги зајакна контролите на аеродромите. Истото го прави и Франција која за 4 пати ги зголеми залихите од маски за лице со нанофилтри. Истото го прави и Србија.

* Птичјиот вирус прв пат се појавува пред 100 години во Италија. Во 20-от век се забележани неколку локални зарази. Првиот загрижувачки сигнал дојде од Хонг Конг во 1997 година кога беше регистриран најопасната варијанта на птичјиот грип H5N1. Да не дојдеше до правовремена реакција на тамошните власти, епидемиолозите се сигурни дека веќе тогаш ќе се случеше пандемија. Во таа прилика беа убиени 1,5 милиони птици.


* H5N1 издржува на ладно но не и на топло. Умира на температура од + 80 Целзисуови степени но преживува до - 270. Се добива со вдишување. Заразената птица едно десет дена го исфрлува вирусот со изметот. Тој се суши, стврднува, претвора во прашина и потоа лесно се шири преку воздухот. Болеста не може да се добие од јадење на птичјо месо.

* Првите симптоми личат на обичен грип. Грозница, висока температура, болки во грлото и кашлица. Кај некои луѓе и коњуктивитис. Болеста потоа доаѓа до белите дробови и човек набргу умира. Истражувачите се посебно загрижени бидејќи некои случаи во Виетнам покажале дека вирусот може да влијае на сите органи а не само на белите дробови. Тоа значи дека H5N1 е во состојба индиреткно да предизвика многу секундарни болести кои исто така можат да завршат со смртен исход.

* Најбитен момент во битката со вирусот е времето. Досега се развиени доста методи за дијагностицирање на птичјиот грип и кај птиците и кај луѓето но тоа нема да може да ја спречи пандемијата. Заразеното лице неколку дена нема да покажува симптоми но ќе ја пренесува заразата.

* Вакцина. Додека вирусот не мутира, соодветна вакцина не може да биде создадена. Експертите проценуваат дека од почетокот на правењето вакцина до нејзиното производство во доволни количества се потребни најмалку 4 месеци. Во тој период човештвото треба да издржи.
* Соопштенијата на Светската здравствена организација никогаш не биле посериозни. "СВО и членовите на глобалната мрежа за борба против заразите, заедно со други меѓународни агенции учествуваат во многу активности за спречување на пандемијата. Но, успешното зачувување на јавното здравје пресудно ќе зависи од епидемилошките и лабораториски капацитети на заразените земји."


* Каде е тука Македонија? Има ли е национална стратегија? Кое тело е задолжено за тоа? Лоцирани ли се потенцијалните места за вирусни жаришта? Се мониторираат ли тоа птичурините? Колкави се нашите залихи од тамифлу или некој сличен лек против грип? Како стоиме со вакцините? Има ли Македонија маски со нанофилтри? Распишан ли е тендер за тоа? Луѓе, дај не се заебавајте! Ако умрам од глупа птица, ќе се убијам!


(превземено од Он-Нет)
 
Се добива со вдишување. Заразената птица едно десет дена го исфрлува вирусот со изметот. Тој се суши, стврднува, претвора во прашина и потоа лесно се шири преку воздухот. Болеста не може да се добие од јадење на птичјо месо.

Значи, ако те покака птица на глава, не значи дека ќе добиеш пари - туку смрт?

Превентива: капчиња, чадори.
 
Ацид.. :poos: :poos: :poos:
Ама не мора да значи дека само заразените птици го исфрлаат изметот „на нечија глава“.. :roll:
 
The`bItCh напиша:
Ацид.. :poos: :poos: :poos:
Ама не мора да значи дека само заразените птици го исфрлаат изметот „на нечија глава“.. :roll:
Сепак, не би ризикувал! :bal:
 
Ова е доста релна опасност за сите...а кај нас се користи добро познатата стратегија-не удира гром у коприва!
Дур цел свет забрзано се спрема(америве одвоиле 4 милијарди од буџет)
нашиве дури се мислат дали да дадат пари за 100 тестови за откривање на вирусот!
Ни препорачуваат да се прекрстиме појако и да се надеваме дека нема да дојде кај нас!!!
 
Три жртви на птичји грип во Виетнам

Виетнамските власти денеска потврдија за три нови смртни случаи од болеста птичји грип. Меѓу жртвите се две деца на возраст од една и четири години кои починале во провинцијата Ха Тај, 20 километри западно од Ханој. Третата жртва е регистрирана во Хау Џијан провинцијата, 270 километри јужно од Хо Ши Мин.
Според извештајот на виетнамскиот Институт Пастер, регистрирана е и четврта заболена личност-жена на возраст од 25 години која е хоспитализирана на 30 јули. Нејзиниот 19-годишен брат починал во почетокот на месецов од таа болест.


Старо е ова ама сепак.. :icon_frow
 
Amerive odvoile 4 miljarde... OBDN se pita kolko milijarde ke naprajt amerite od lekojte i nivno proizvodstvo, pa to nekoj sklarida, pa nekoj distribuira, pa nekoj omotava, pa i dizajn na etiketi nekoj pravi --- so da praam, cinik po priroda.
 
Колку што јас знам кинезите имет лек за овој птичјиов грип..
 
Внимание, птици серковци!
jugo-gulabi.jpg
 
The`bItCh напиша:
Колку што јас знам кинезите имет лек за овој птичјиов грип..

Jas kolku sto znam imaat site...
 
Немаат!
Се вакцинира навелико против обичниов грип прибидејќи до него мутира овој заебаниов што тепа.Прочитав некаде нешто ко статистика дека од сарс умирале 10% од заразените додека од птичјиов добри 50%.
 
treba 6 meseci dodeka da se naprai vakcina
 
Иииии.....Јеботе......
Вторпат во животов да се замислам во врска со мирното и пред се долгото течение на истиот......Сега за грипов.....И пред неколку години кога си ги исеков вените на раката......(ова второво колку и да звучи манијакално....ВЕРУВАЈТЕ не е......беше еден стварно идиотски глуп несреќен случај пропратен со многу среќни околности потоа...:wink:)
 
Ако има пандемија нема да помогнат вакцините, колку и а ги има на куп. така е речено од институтот за здраје на САД.

Па сеа, не јајте пилиша, пасете трева или пушетеја, Шо му фали на Тончи.
 
Мене страв ме фаќат најсериозно. Сношти сонвев како сум била заразена и како.. ( не го пишам другото:cry: ) јес, да не вервам во соној ама пак..:icon_frow
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom