Satori, mene?
wot е форумски лик. Од оние за кои што се зборува дека воопшто не се поклопуваат со сликата која што ја создале преку нивните постови. Бидејќи јас навистина не сакам да правам психо-анализа врз она каква импресија имаат создадено други членови за тебе, ќе морам да се ограничам само на она што сум имала можност да го прочитам, тоа значи дека мило, ќе ја анализирам сликата која што си сакал да ја креираш пред сите овие добри луѓе.
Првата површна карактеристика која што се провлекува е иронијата, сарказмот и циничноста кои што веќе се втемелена стратегија за да се претпостави дека нечии вијуги навистина функционираат додека се обидува да напише пост, што мене лично ми е многу симпатично.Она што не ми е исиленоста која што се пројавува низ истото, и таму каде што треба и таму каде што не треба.Форсирањето на идеја која што не може да се поклопи со старосната граница или физикусот, дури и анимусот.Што би рекол Кант, сите категории се емпириски и без чувствување комплетно празни, а јас стојам зад тоа дека голем дел од постовите ти се сконцентирани во филм, прво затоа што е многу лесно да му се направи анализа на некој режисер кој што не е Кјубрик, второ затоа што е нејлесно да се добијат позитивни реакции врз база на интерес.Тоа открива дека имаш потреба од внимание, или уште подобро, дека имаш потреба од тоа да се покаже твојата интересна, доминантна и екстровертна страна?!
Секако, повремено се случува да се пројават нишки на човечност која што е претенциозна само тогаш кога тој „филм“ е на ред на репертоарот:
Ми се гади од вас. Вие свесни сте за безживотното тело на детево? Сте виделе уствари млад труп? Или не е баш битно, м? Дека битно е тој што го сторил тоа да му се стори истото, или ако е измислената сторијата, на истите да им се стори истото, either way. Свесни сте за контрадикторноста во желбите ви, во казните, го репрезентирате тоа што го протестирате. Уствари, незнам како воопшто успевате да се фокусирате на се тоа, знам јас неможев, дека згаснат живот на 23годишен, иако не го познавам, ми значи.
Па и партиско мерење курови. Морони. Не пишувајте воопшто ако сакате да му оддадете билокаква почит. А, околу понебитниот дел, ќе се обелодени приказната деновиве, кој крив, кој не.. така да штедете си ја ограничената функција на мозочи4ата.
И повторно тоа се прави на начин својствен за шаблонот, со доза на егоцентризам и арогантност, како да се игра лото на наместени броеви, секогаш истата идеја која што треба да делува авангардно, ама во суштина ќе има многу приврзаници.Нели тоа е малку провидно?Нели е малку фолирачки?
Секако, овде можам да додадам дека си вечно исплашен дека сите ќе откријат каков лажго си, ама манипулативноста се гледа само во играта со зборови, не во вистинската емоционална реакција позади истото.
Fuckin pre-nup, that's why.
Наводниот хумор кој што треба да биде интелегентен, во стилот на „во секоја шега има пола вистина и јас тоа ќе го кажам така да сите мислат дека се зезам, ама ќе бидам многу сериозен позади насмевката“Абе ајде? Абе ајде?

Не сите се деца од 15 години, а да сите се смешкаат затоа што тоа е многу поедноставно наместо откривање на психолошки карактеристики, или оние како мене, they just don't give a fuck, барем додека не им се роди желба да се искараат поштено дур им пројде пмс.
Ако си во експериментирање и секс-игрици, би ти препорачил отварање porntube и тие остали, девојката кажува рандом бројка (која страна) и ти рандом бројка (кое видео). Одтаму правење исто што и видеото. Поза, минутажа, каква предигра, каде свршување.. правите се исто значи. Знае да биде интересна игрицава. Секако, ќе исклучите тие по 50минути или ако сте поконзервативни, бирајте си од страна жанр.
Интересно за разбивање монотонија, камасутра ис overrated.
Сериозно?
Верувај ми дека не сакаш да ти го анализирам комплексот на јас сум многу голем ебач и сум имал многу девојки и сум топ во кревет и + издржувам до 10 часа и брат како сум ја ебел ... нема да ти се верува!Затоа што ќе бидеш типичен Балканец, а тебе поентата ти е да бидеш се освен типичен.
Сепак, да бидеме објективни, факт е дека си доволно интересен за луѓето да те читаат и еве за јас да потрошам време за да те анализирам, имаш задоволителни ставови, иако голем дел од нив ти се генерирани како спротивност на веќе создадените во општеството или пресликани од оние кои што ги гледаш како идоли, паметен дечко си кој што може да обработува информации и знае како да ги пласира, дури и кога го прави тоа малку повеќе него потребно.
Имаш длабока пасија кон истакнување кое што треба да биде умерено, секоја чест ако некогаш успееш во тоа, јас сметам дека е невозможно, „љубовта“ кон Едвард Нортон нема да ти ја задевам зошто со тоа ќе треба да се навредувам и сама себе + човекот е неверојатен глумец со талент за создавање на филмот, Буковски, беше ин еднаш многу многу одамна, сега е само epic fail.
Но никој не ти замерува на транзиционите промени, разбирливи се, се додека се промени нели?

Overall, you are a very nice kid. (yes, kid, don't hate me for stating the obvious)
