T
theTinule
Гостин
За theTinule а.к.а. Тинуле
Првпат ја забележав благодарение на Сајтлер со зборовите `Друже, оваа ти е плукната некоја таму од Heroes`.
Почнавме муабети, излезе дека цурата е многу сестрана, и не знам како не сум ја забележал додека не ми ја спомна Сајтлер.
Девојчето живее со некои си свои принципи кои може и забегуваат од границите на нормалното општество, некој авантгарден лајфстајл би си дал за слобода да го наречам.
Ти го манијачев профилот на фејзбук, и ако би требало со клише јутјуб коментар да резимирал би било `Thumbs up for Tinule`.Ама ај, нека биде поопширно. Свириш пијано, и поради тоа имаш осет за уметност, книга, слика, музика, филм. Не најдов ниту еден утнат бенд кој го слушаш, ниту еден лош филм кај тебе. Не дека сум некој фактор за филмови и музика, ама ваљда со неа имаме сличен вкус за тоа, па затоа и кажувам дека нема ништо утнато.
Мислам дека не се работи за некоја апла комуникативна особа. Не е во стил на `од дома ја тераат да излегува`, ама се дружи со одбрано друштво кое нејзе и одговара. Не е многу емотивна, затоа и е отсечна многу често на форум и знае да се испокара со фаците со кои дискутира кога е сигурна дека е во право. Шо бе, као демек немаш време на лузери да им објаснуваш?Ова е критика, иако е кажано на несериозен начин.
Верник е според тоа што го имам заклучено за неа, ама на религите повеќе гледа од друг аспект. Да објаснам на што мислам: духот на религиите не е за верувањето во богови, митолошки суштества, туку кодексот на однесувањето е тоа битното, бидејќи сите тежнеат кон мир и просперитет на глобално ниво. Настрана перењето пари од страна на црквите.
Ај доста зборам, твој ред сега на кирилица да ме анализираш.![]()
Сум комуникативна. Lots of chit-chat муабети

Моите кога сум надвор ми се јавуваат и ми викаат: Кога ќе си дојдеш Тина, ајде шо напраи 100 години? -.-
А кога сум дома ми викаат: Стани више еднаш од тој компјутер, со кого праиш муабет сеа? -.-
Друго...сум емотивна, али не сум лигава. Никад не се лигавам и се бранам со напад. Веројатно затоа мислиш дека не сум емотивна

Друго...а, да! Па како да не се карам? Види што зборат. Виде? Е...како? -.-
Иван. Архангеле. Ги сакаш Архангел, најквалитетниот рок бенд на македонската сцена. Фино.
Ги обожаваш Пинк Флојд. Фино, исто така. Докажува дека си меланхолична душа, deep inside your character. Обично или флегми или меланхолични особи слушаат психоделичeн рок, чил аут, триp-хоп...ти ги слушаш сите.
Делуваш срамежливо. Сум правела неколку пати муабет со тебе, и..ко јас морам да најдам тема за муабет. Откако ќе ја најдам..најдена е, си тече муабетот. Ама дур да ја најдам...
Секогаш сакаш да бидеш неутрален, впрочем, за повеќето работи и си неутрален. Веројатно ти успева таа контрола што сакаш да ја воспоставиш врз себе. Пред да направиш нешто мислиш за последици и остали глупости. Ако, добро е тоа. Многу од децава не мислат на последици.
Едно не ми е јасно. How come you hang out with wot?
Ти си таков мирен и повлечен, барем така мислам, а wot го замислувам ко најголем џамбаз у друштво. -.-
Дефинитивно имаш цврст карактер. Никогаш не избрзуваш со заклучоци и секогаш се трудиш да истражиш што е можно подлабоко.
Бик си бил во хороскоп. Ко...собираш собираш ко ќе те изнервира некој и му треба една последна капка што ќе ја прелие чашата and then you could kill him?

I'll take your brain to another dimension.
You perv. Не, сериозно. Имаш бујна фантазија. Сакаш добра музика за секс, Masive Attack

Добар дечко ќе си ти. Lucky her.
Како и да е ствари што ти ги мислев, дека си стабилна особа, сакаш денот да ти има ред, не сакаш да ги менуваш своите ставови...бла бла..
Понекогаш знаеш да ме изненадиш со некоја шала што ќе ја прочитам. At first sight, не ми изгледаш како некој што е вицкаст, ама изненадуваш од време на време со некој успат речен коментар или некоја фраза

Многу пати, внимаваш да не го повредиш твојот соговорник. Многу си внимателен и претпазлив со луѓето. Обично, луѓето го прават тоа што сакаат и на нив да им го прават, кај секого е така. Сакаш луѓето да пазат што ти зборат?
That's it. Немам повеќе инспирација -.-
Се блокнав. Имам уште, ќе се дополнам можеби некогаш сега се пресеков нешто xD
Можеби во втората анализа што ќе ти ја правам, after I meet you.
Погодив нешто? ^.-