Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има некој што има прелив на фантазија и желба да ми направи мене анализа:pipi:
 
Ќе можит мене некој да ми напрајт?Некој...кој било:smir:


Kики, јас...ако сакаш:).
Само утре, вечерва ќе си легнам порано:)

`EsCaPe`
Долго време ти ги пратам постовите, се надевам нешто нема да утнам. Ако има пропуст, поправи ме.

Девојка која е најчесто исполнета со позитивна енергија. Дури и тогаш кога нешто не и` оди, секогаш е ведра и насмеана и својот бес го задржува во себе. Меѓутоа, наспроти тоа, си прилично горделива личност. Кога си направила грешка, се трудиш да ја исправиш или евентуално да се потрудиш да го смениш впечатокот кој си го оставила.
Исто така, обожаваш да танцуваш, тоа те прави да се чувствуваш релаксирано и со тоа цела негативна енергија од себе ја исфрлаш надвор(до некаде). Денот го исполнуваш со гледање филмови, тоа ти е исто така еден вид хоби кое те релаксира.

Се нервираш често за многу работи, најчесто банални работи и кога нешто не ти оди од рака. Твојата доверба кон луѓето е преголема и очигледно дека прекасно сфаќаш какви се навистина. По дознавањето за тоа всушност какви се тие навистина, се трудиш да ги избегаваш, да не им се доверуваш. Кога си разочарана од најблиските, секогаш им ги простуваш направените грешки. Значи мал совет од мене до тебе, мислам дека треба да престанеш да имаш верба кон секого, се` со резерва.

Кога се работи за љубовта, ако започнуваш една работа, сакаш да ја завршиш комплетно, едноставно да нема нерасчистени сметки. Имаш високи критериуми, да и поради тоа си уништила некоја врска. Она за што долго време си се борела, си се трудела деноноќно да го добиеш, знаеш да го отфрлиш иако знаеш дека ВРЕДИ. Но од друга страна, спротивно од тоа сакаш кога партнерот те прифаќа таква каква што си, со сите маани и доблести, да имаш негова поддршка и во добро и во зло.

И конечно да кажам дека највеќе ми стана симпатична кога го прочитав твојот пост во темата : Mување на прв поглед. Сакаш личноста да ја запознаеш прво. Пред се`, едно „здраво“ да имате. Потоа, да го увидиш карактерот и да сфатиш каква е дотичната особа навистина, бидејќи изгледот знае да излаже. :smir:
 
Ке можи мене некој да ми направи ? :back:
Знам дека е тешко :icon_cool,али ке му бидам благодарен.
 
Ќе можит мене некој да ми напрајт?Некој...кој било:smir:

Jaс ке пробам да возвратам.
Here it comes..

Кики Бон Џови. (Кристина (?))

Frankly, прв пат кога те сретнав на форум.. :pos: Мислев дека си машко.
Ти ги памтам аватарите кога имаше една цура со добар цвик. Твој најдобар аватар еver.
Но, за среќа, ти не си била машко. Туку, уште едно симпатично охридско девојче кое на почетокот не се замарање многу со форум.
Пишување латиница, офтопик, си ги искажување ставовите безразлика како ке ја оценуваат од друга страна. *темата за токио хотел. Паѓаш на убави фаци.:kesa:

Но, созреваме нели, се уозбили малце. Воедно и стана зависна од форумот.
Не внимаваш многу на исхраната. Јадеш чоколади, чипсови, одвреме навреме фаст фуд.. но, некако успеваш да си ја задржиш линијата.
Не прашувам како.

сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам

Well, и јас се пронајдов тука.
Не си многу по екстремните забави. Повеќе би на кино, вечера, чајче отколку лудување и пијанчење константно секој викенд.
Во право си, колку почесто толку е послатко.
Си имала лоши љубовни искуства, да. Но тоа не те натерало комплетно да дигнеш раци од неа. Длабоко веруваш во неа, знам дека веруваш. :smir:

Свириш на гитара, колку што прочитав. Па како да немаш обожаватели, не ги обвинувам, пробај да не бидеш толку hot. :vozbud:
Имаш пријатели, онлајн и реалити. Друштвена си.
Знааш да чуваш тајни.
О да, пратиш мода. Фенски патики, облека, накит.. обожаваш да се дотеруваш. Се чуствуваш удобно.

Не си по сериозноста, онака.. кулираш, хумор маваш. Едноставна си, у позитивна смисла нормално.
Ме насмеа коментарот кога во темата што ви фали од детството одговори:
-Што кога ќе седнам на стол неможам да си ги нишам нозете.
Закон.
:pos:

Друго, сакаш директност. Се нервираш кога треба на некој да објаснуваш со детали, или обратно. Некој тебе.
Слушаш повеќе странско, вглавно љубовни балади. А не многу од македонската естрада. Не те обвинувам.
Најмногу што те плаши во животот е да останеш сама. Осамена, без никој покрај себе.
Not gonna happen.
Tолку за тебе, уште една шаблонска анализа извлечена од твоите постови. Можев и на сосема друг начин, но бидна.
Кога ќе доаѓаш Ср по твојот дечко (:vozbud:) радо би те запознал, форумски изгледаш како интересна персона, сигурно си таква и во живо.

Поздрав. :pipi:
 
Еве ја ке направам анализа за пробистипка :back:

Нема да ми бидат доволни 50 страни за да ја анализирам пробистипка.За овие две години како што ја познавам од неа научив многу работи за животот.Иако е единица таа е доказ дека оние кои се самци не се размазени и разгалени.

Пред се таа е личност што секој би ја посакал во своја близина.Пријател кој тешко се наога.Секоја тајна длабоко ја чува, а за секој проблем знае да даде добар совет.Искреноста и доверливоста се и ептен јаки страни.Иако од сите слуша тајни и помага, нејзините проблеми длабоко ги чува си има зацртано дека никој не е должен да се занимава со нејзините проблеми, али тука да знаеш во грешка си!АА да и многу ја сакаат малите дечиња кога ке ја видат не се двојат од неа:pos::pos:.
На прв поглед е многу срамежлива некогаш дури и премногу.Но вистинското лице не и е баш тоа бидејки е ептен зборлеста и и треба малку време за да го запознае.Секогаш кога збори збори со насмевка и влева позитивна енергија.Иако понекогаш знае да биде многу сериозна и предизвикува восхит кај постарите со своето размислувања и ставови.Иако има 17 години делува како многу зрела особа понекогаш дури и премногу.Тоа што го мисли веднаш го кажува во лице не размислувајки два пати.За многу брзо време ги проценува лугето(многу добра особина), иако на неа знам дека понекогаш и смета тоа што толку брзо донесува заклучоци.Ептен комуникативна и друштвена се гледа тоа и по форумот каде што има многу пријатели, а некои ептен вистински.

Во музиката минува низ многу фази.Ама сега во последно време се закачи со екс-ју-рок и со балади.И знам дека никогаш нема да си прости што не беше на концертот на Дугме.
Секој нејзин аватар е љубовен, романтичен и посебен.ама тоа не значи дека е заљубена, туку едноставно е личност која знае да сака и сака да сака.Кога ке се заљуби нејзината љубов е ептен чиста, искрена и длабока.Има толку љубов за давање и кога ке се заљуби е посебна.А и никогаш не би прошла прва на машко(па макар и да е последното на светот).Е тоа треба да го промениш затоа што времињата се сменија.Верува во машко женско пријателство и затоа има повеке машки пријатели отколку женски.
Не потклекнува под ничие влијание и има свое ЈАС.Сеуште не е фатила ниту една лоша особина од пубертетот.Само што малку можеби ја загуби самодовербата и песимизмот влезе повеке во нејзиниот живот, па гледа црно на животот.

Има безброј сништа и фантазии за иднината.Иако има 17 години почна многу да се зафака со политика и со дебати/Млада си уште не ти е време за тој, не ја прескокнувај младоста.Ааа има и уштте една желба да стане црнокоса:pos2::pos2:и тешко некој да ја одврати од идејата.

Мој совет почни веке да им простуваш на лугето човечки е да се греши, но и да се простува.И не се нервирај за ситници и самата знаеш животот е краток:back:.
 
моожам нешто да се обидам ко за првпат некоја импровизација :), ако сакаш ...
Иако Зац направил не те одбивам ни тебе, ако сакаш ако имаш желба бујрум:pipi:

Зац фала за анализата и што да ти кажам друго освен супер е :back:
 
Пио-пжс
(долгоочекуваната анализа)
Епа пошо ми е врсник до некаде слични размислувања...
Ми личи на rock`n`roll boy(мислам дека ќе ме сфатиш во која смисла..)
Сепак, доволно зрел за своите години.. и покрај тоа што му го дадов тој епитет на еден бунтовник. Некако има поинакви сфаќања од другите...дури на некои постови и не ми личи дека ги има 16,туку 18.
Го пишува она што го мисли, знае на моменти да биди премногу директен,ама несака тоа да се сфаќа како лична навреда,туку како негово мислење за одредена тема или личност.
До некој степен е и тврдоглав,но сепак цврсто стои на она што ќе го каже,колку и да не точно(забележав дека ретко признава кога греши..:))
Освен фудбал и чда,се интересира и за политика.. good :)(можеби ќе го биде некој ден политичар)
Неправдини не поднесува баш и има да го докажи тоа,макар и да било последно нешто.
И да, поголем процент од неговите постови се напишани на место..сепак пред да напиши нешо не го гледа само насловот на темата и ај ќе пишам, знае да прочита и други мислења, некогаш да се согласи,некогаш не и да според тоа да си основа и сопствено мислење.
Почитува онолку колку што го почитуваат..и самиот знае дека некои работи не вредат до толку,ама им обрнува големо внимание...


вааа а мене никој за возврат :(
 
Предговор:
Кајгана е едно глобално село со tomslayer-и и ada-и, никогаш не знаеш на што ќе наидеш. Јас наидов на тебе тек кога стана зависен од жолтицава, а ти уствари си наишол на неа уште во Лето Господово 2008. Види, не сум расположена да тупам многу, да барам влакна во јајце или да измислувам, затоа ова ќе биде исклиширана=полна со пофалби анализа. А и зошто да не биде?

Говор:
Си имам работа со голем филантроп, прво нешто што можам да го наведам како твоја етикета. Наспроти капиталистичката "Човек на човек е волк", Гладиус размислува по принцип на "Човек на човек е пријател" и гради еден култ кон целата работа т.н. другарство, базиран на 2 негови тези/аксиоми:1. Вистинското другарство е вечно. 2. Секако дека постои другарство меѓу машко и женско.
И тука замислуваме уште пар образложенија кои Гладиус вешто ги составува за да докаже поента и да те стави во тесно(ќоше) и да речеш: Да, признавам, во право си! :)
Шала. Држењето до својот став е глупо само ако ставот е глуп. Мој впечаток е дека повеќе образложува за да испровоцира правилно размислување кај луѓето, отколку за да докажува тупејќи се во гради дека он е во право и точка. Сака да ве поучи детево, слушајте.

Пак доаѓам до тоа дека Гладиус верува во луѓето во нивната разумност, длабочина, повеќедимензионалност и желба за разбирање (Not my style, but still...). Би играл нечесно=би заебал некој само ако тоа е одмазда за некоја голема работа. Невозможно е да не се разочараш одвреме-навреме од луѓето кога веќе им ја даваш твојата доверба и лесно се зближуваш. Не би ти рекла пази, ти си паметно човече. Плус, имаш на ум дека можеш да откриеш и да цениш прав/добар/рандом особина човек ако претходно си сретнал секакви, па знаеш дека хомо сапиенсот е неконстантна, комплексна и лицемерна природа. За последнава особина, не ме убивај ама воглавно јбтовките се обично фини, од друга страна големи трачарки.

Типичната шаблон реченица: Иако имаш само _16_години, ти имаш изграден став. Дополнение: И продлабочувај го до бескрајот, прави го уште поправилен, и после некоја година, со една концизна реченица, исцрпувај ги темите, онака фраерски. Биди добрата верзија на Бада Бинг. Не го заборавај ова.:)

Се гледам себе кога гледам како сестрано филозофираш, како посветено креираш прози и како налудничаво ставаш слика од DNA на профил. :)
Значи, ваљда gladius-от, мечот, е амбицијата и знаењето кое те турка напред и со кој се пробиваш во светот.
Тука би додала дека малце повеќе отколку што треба сонуваш(или имаш врски на факултети), ама никој нема право да руши соништа, на крај краева тие ни ја држат главата горе.

Гладиус е анти-емо, ама голем емотивец. Ова го заклучив уште кога видов како на Драга и` пишуваш дека ја сакаш.:)
Немој да дозволиш рано во врска да почнат да ти излегуваат емоциите од уста и типката да си ги дигне акциите, биди мистер cool and funny на почеток. И така.
Коментар:_________________ .
Бебуш и Луси Лу ми се следни пациентки, потоа ја затворам ординацијава, привремено. :back:
Ps. Да бе, да не сакаш и поговор? :)


Презадоволен од анализата...Ме погоди... Само едно згреши:) Не сум емотивец толку колку што мислиш дека сум. Сепак останатото е точно и фала ти за прекрасната психоанализа:smir:
 
По доооооолгото напињање, се решив да му спастрам една психоанализа на Godhateusall[со извинување до другите, за него имам најголема инспирација]. Па, да почнеме:

Прв пат го приметив кога имаше една мала препирка со Точкестиот. УАУ! Фино лепо му се спротивстави. Храбро, многу храбро. Можете сите да се дигате колку сакате, ама гарант ви се полнат гаќите кога ќе видите дека некои од „бесмртните“ ви реплицирале. Ама не и Стефан
[извини што вака ќе ти го употребам името јавно, aма ствааарно многу долг ник имаш]. Он стално се бунтува кога гледа дека нема правдина, и не му е гајле на кого треба да му се спротивстави.

Втор пат, ме пресмеа и знаев дека морам да го аднам на емесен. Фразата беше : „А да ти купиме ние на тебе по една Милка и да те чекаме негде?“. Нормално, вие сега немате врска за што се работи, ама јас си знам и мене ми беше многу смешно.

Прв пат кога ме пиздна, беше кога го додадов на емесен. Мислеше дека сум машко и ме праша: Абе тињар зошто си ме аднал на мсн? Ова покажа дека не му е гајле со кого праи муабет, и дека своето мислење стално си го искажува, и цеф не го боли.

Постепено се запознававме, и приметив дека е закон дете. Стално е чил, не му е гајле за ништо, али знае да се извини коа глеа дека претерал. Ми има кажано дека ги вреѓа и понижува другарките, ама тоа е со цел да ги напраи подобри личности и да спречи сами да се избрукаат. Тоа покажува дека знае да се грижи за луѓето што ги сака [иако на некои чудни начини].

E сега, ако ги кажам само неговите добри особини, ќе мислат сите дека ти лижам гз. Не ми се свиѓа тоа што не знаеш за доста со твоите таканаречени „заебанции“. Некогаш претеруваш, и знаеш дека претеруваш, ама не можеш да одиш против тебе. Ти си единствената личност што знае онака, фино лепо да ме изнервира. И не ми се свиѓа што некогаш стварно напињаш. Некогаш треба да оладиш малце, и јас сум човек.:pos:

Може не си омилен меѓу форумџииве, можеби затоа што си премногу директен, ама мене тоа не ми смета и те сакам таков каков што си [иако срцеви напади ме стрефуваат од тебе некогаш]

Заклучок: Закон типче, многу фенси, иако не се смета себеси за таков.
Препорака: Дај бе да идеме веќе на кафе, ми се смачи од емесен муабет само.
Совет: Ако не ти се свиѓа анализава, вреѓај ме, малтретирај ме, навикната сум на тоа од тебе...:)

Едит: Следен е гладиус, иако не ветувам многу успех, малку би ми било ограничувањето на зборовите да го опишам...:kesa:
 
Може некој да ми направи на мене? :kesa:
 
Aj aко сака некој нека ми направи анализа!
Фала ви однапред!!!
 
Ај и за мене некој ако може, фала :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom