Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Лејди Драга Сатори would you be so kind една анализа да ми направиш?:pipi:Се секаваш на муабетот од собиранка нали:back:Одамна не ме анализирале:pipi:
oдговор сеуште нема:nesum:
 
Гужва бе овде за Сатори...
ајде ајде,само стрпливо,зафатена е девојката.
 
Kако што читав пред да се регистрирам, Сатори овде најдобро ги сработува нејзините задачи.:smir:
 
Дивајн

Првата анализа која ја испрдев за Дивне беше само колку да изразам револт против нејзиното форумско постоење,а и го сметав за прилично храбра работа,одејќи по тоа дека Дивне не е трпелива,и скоро не прифаќа контрирање и критика.

Уште е таа,но сега се јавува проблемот на објективност кој човек го има обидувајќи се да ја долови нејзината суштина надвор од ова место.

Таа е чудна мешавина на веќе видени работи,пласирани во форма на авторитет,што ги прави скоро невозможни за обработка.
Не,ќе се поправам.Скоро никој не се ни труди да ја долови Дивне.Од нејзе очекувате да ве предупреди,прекори или евентуално банира.Никој не се ни труди да ги чита нејзините ставови во било која друга форма освен прекор кон оние кој не се согласувале со нејзиното мислење.Она што е страшно е тоа дека таа се навикнала на таа улога,па дури и сопствените ставови ги пласира апсолутистички,па перцепцијата за нејзе овде се сведе на тоа луѓето да ја гледаат како Дејтонски дипломат кој си ја врши работата,наоѓа мир во хаосот,па не е битно тоа дека неговите солуции се крајно непродуктивни(субјективно гледано).Тоа е лошо.Кај нејзе успева.Значи не е битно.То-ест битно е за човек кој се труди да ја анализира,а во тој момент сфаќа дека тешко ќе му оди бидејќи претходно ја гледал како гума за бришење.

Јас сум искрен човек.Дивне ја мразев бидејќи ми делуваше сувопарно,како првата ми комшика која секогаш се расправа со мене бидејќи либерализмот и промискуитетот не биле нормални човечки особини,туку девијација.
Дивне ја засакав кога видов како ревносно удира по ада(реков,искрен сум).Ја засакав од чисто себични причини,оти според мене сувопарноста е подобра,бидејќи е константна и секогаш може да ја плукне непостојаноста во фаца.
После просветлувањето,увидов уште некои особини кај жената.

Принципиелност и верност.
Овие две работи не секогаш се дел од човековото воспитување.Понекогаш се учат од животните искуства или трауми.Упорно Дивне ја сметам за личност која преживеала одредено искуство во форма на траума,за потоа да се изгради себеси и своте ставови.Инаку,нема никаква логика една личност да делува полулиберално и полуконзервативно.
Се држи цврсто до своите ставови.Се држи уште поцврсто до луѓето кои ги одбрала да и бидат во близина.Цврсто стои зад својот избор и за нејзе тој избор останува правилен и покрај било чија објективност која го деградира.Па добро бе,Јувентус е клуб на апаши,местачи и мафијаши.Цела своја историја Јувентус го држат најнечистите луѓе,кои во сенка работат на негов успех.Ниту еден успех на Јуве не е успех на Јуве.Да живее Проди....и Интер. :)
Но,Дивне останува на своето.Сигурно ќе остане и на своето "дека".Тој збор,според мене е ужасен.Имаш повеќе употребливи опции место тој збор коj,to be honest,e дебилен.Ги имаш "оти",кој ние Велешани многу си го сакаме,или пак "затоа што",кој може да се употребува и во скратена,скопска верзија "зашто" :)

Intermission:Очекуваше длабока анализа нели?Ја заебав малце,ама овие работи ионака сакав да ти ги кажам на пиво или на собиранка,ама гарант нема шанси да ни дојдеш у град на кафе,а за собиранка веќе кажа,па морав овде.

Дивне е доволно возрасна за мојата малекост да не се прави пекмез и да и дава совети.
Пффф...
Знаеш,никогаш личните гледишта и искуство не се објективни.Никогаш.Капацитетот да се наметнат постои,но не значи дека експлоатацијата на тој капацитет мора да биде насилна.
Верноста е добра,но прифаќањето на туѓите проблеми како свои,па макар и на најблиските е нешто кое никогаш не сум го практикувал и ми донело прилично добар резултат.Да не се полниш себеси со туѓите срања ке те натера да загубиш малце од хуманиот и алтруистичкиот аспект,ама ќе можеш да се сконцентрираш кон себеси и со тоа да се амплифицираш себеси колку што твојот потенцијал дозволува.А,потенцијал секогаш има.И после триесет години,и после педесет.
Дозволувај промена.Дозволувај нови бои.Дај и шанса на сопствената девијација,колку и да ја имаш убиено(нели,јас верувам во тоа дека мразиш девијација после одредена траума.Според мене,тоа секогаш е така).

Доволно е за лошата админка.Има уште многу да се пишува,ама,people are busy and even ten minutes given to someone else is something that should be respected.Especially if the analysis is written by a narcis :)




 
Од поодамна се врзуев и сакав да направам корекција на темава во врска со една анализа, која ја испукав набрзина и беше стриктно наменета за реметење, а се однесува на дечкото кој ја анализираше Дивајн, над мене.
Иако, се наоѓам во прилично некреативен период со авто сугестија дека сум глуп, грижата на совест, не ми дозволува да не направам корекција. :)

Тука се јавува еден тенденциозно анализирачки парадокс, пошто колку и да се трудиме да разоткриеме некого врз база на аватарот, тајтлот и неколкуте постови кој ги искакал низ темиве, не можеме да го направиме тоа прописно.
Се се базира на субјективна гледна точка, иако понекогаш(значи многу ретко), може да биде приближно до оној стадиум на егзактност, кој дотичниот сака да го прочита, односно онаа реална слика, која се наоѓа само во него.


Raziel


Chapter I The Beginnig


Најпрво.
Веќе стигнат до овој стадиум на распознавање, на сеуште од никого, прецизно неразпознаеното битие наречено Разиел(името не го изговарам, ни па го пишувам, од лични причини :)), ќе се обидам да дадам една кратка престава за него, од моја гледна точка.
Дечкото се состои од три комплементарни елемента кои сочинуваат една целина денес, како резултат на еволутивната консеквенца назад низ годините.
Значи, сарказам, нематеријалност и фундаменталност, сублимирани во едно човечко битие, со некарактеристичен физички изглед со оглед на виртуелниот лик и неговото дејствување.
Ум кој работи на сосема диферентна фреквентност, а кој сепак умее да се компатиблизира со секоја, која можеби и ни малку нема да соодветствува со неговата.

Првата перцепција на ваквото необично битие ја имав пред три години во умреното школо во кое моментално учам, а кое он го напушти пред две години.
Забележав момче со ситна телесна конструкција, мизантропски и асоцијално настроен(дефинитивно мој тип), кој постојано си шетка по ходниците во препознатливата црна униформа и се расфрла со остри погледи наоколу, притоа креирајќи еден мисловен процес во својата глава, кој ги подложува на неговата иронично саркастична критика секој од тие деца шо движат околу него.
Тоа беше донекаде првичната престава, која сепак и е прецизна и неможе да се негира. :)

Освен во гимназискиот филм, многу ретко можев да го забележам како се движи низ срединава, така шо се добива впечаток дека се работи за агорафобично момче, повлечено во сабјер собиолошки живот.
Тој период за него имав впечаток дека се работи за прилично ограничен човек со низок стадиум на интелектуален развиток и IQ issue, како главни причини кои му поставуваат бариера во неговата желба за триумф во борбата со интровертноста и компатибилизацијата со надворешниот свет.
Значи, победа над мизантропијата и асоцијалноста.

Потребата за авторитетна поддршка е толку силна, шо кога нечиј авторитет е загрозен, интиутивно светот под нозете почнува да се лула и води кон степен на исправка.
Причина поради која најверојатно се зближивме и се сведовме на оноа шо сме денеска.


Chapter II The Prologue Of The Dark Fusion

Откако го изгубив и визуелниот контакт со него како појава, од причина шо дојде и крајот на неговиот живот во глупата Гимназија, во која морам да скапувам уште годинава, воедно го изгубив и единствениот контакт кој го имав со тоа битие.
Како и да е, поради една причина која ја наведов погоре, животниот процес во оваа комуна овозможи повторно присоединување помеѓу нас.

Дојде и тој момент јас да се зачленам на форумов, на кои сите уствари преставувале жртви на неговите критички и иронично саркастични анализи, од кои по читањето нема да ви текне уште еднаш да побарате :)
Покрај познаниците кои ги имав тука, за кратко време дознав уствари кој се криел зад виртуелниот лик Разиел.
Тоа бил всушност асоцијалното момче од гимназиските денови.
Разиел.
Веднаш го поврзав никот, а воедно и неговиот аватар, со музиката која мене ми преставува живот.
Сите до сега забележани елементи спроведоа еден процес кој резултираше со таков заклучок.
Освен тоа, увидов дека е прилично просперитетен во гејминг областа како со енормно, така и со базично познавање од огромен број на игри.
Конфротација со испраните браќа во подфорумот Религија, и мала активност во Музика, колку да ги прикаже своите музички вкусови и некои ставови кои ги има.
Решив да го адднам на мсн, пошто знаев дека со него би можел да изградам квалитетен пријателски однос, и дискусија со некој кој ми одговара и кој комплетно ќе ме разбере.

Имавме некои излишни разговори на мсн, се до моментот на нашето прво испаѓање на почетокот на летниов период.
Прилично шокантно ми делуваше првичната средба на почетокот, пошто очекував сериозност до највисок можен степен, а го увидов оноа шо најмалку го очекував.
Антагонизам.
Диспониран дечко, духовит, со одлична смисла за хумор и екстремно брза размена на информации и вербална илустрација на својот историјат.
Потоа почнав процедурално да ја разоткривам вистината за тоа мистерозно суштество шо најверојатно се нашло на планетава по грешка, и е препуштен да егзистира тука во оваа патетика и стереотипија која не опкружува.
Тоталитет на дискусии во кулминација со алкохол и со огромна доза на никотин, пришто дечкото започнав да го чувствувам како долгогодишен познаник и идеалистички потпочно идентичен.

Chapter III The Dark Fusion

Односите и контактите, како виртуелните така и визуелните, постануваа се поинтензивни, па проведурално го достигнаа врвот.
Една вечер седејќи на покривот на една зграда водејќи дискусии за сеопштата ситуација во градов, и филмот кој секој си го живее, како и неординарниот начин на живот кој го поседуваме со сите негови комплементарни елементи кој преставуваше поставка во откривањето на скриеното откровение тука, кое сепак ни откри дека се работи за мрачни браќа и компатибилизација на две мрачни души, Raziel and Tyrael.

Односи кои се базираат на строга фундаменталност и принципиелност, карактеризирајќи ја егазктноста на нашите идеалистички пориви во целиот заплет на сето оноа шо би можело да се протолкува од секого и на субјективен начин.
А, се останато преставува и сочинува само едно мало детенце на кое се му е сведено на долготрајна безпомошност и слабост во однос на моќните сили и идеолошкиот аспект на согледување кој го поседуваат одредени индивидуи.
Способноста за апстракција е позната на минимален број на луѓе од нашите кругови, и не може да биде прописно протолкувана од никого, пошто фунцкионалната умствена фреквентност не може да ја поседува секој.

Знам дека забегав, ама ме фати мрза, а и пишав дека сум периодов прилично некреативен така да мислам дека е доста.


137975.jpg


raziel4_2.jpg
 
Кафе дел Мар

Моја прекрасна мила пријателке, советничке ... неверојатно талентирана личност.Те обожавам!:back:
Не сонце, нема да кријам ништо во оваа анализа која што веројатно ќе биде прилично идеалистичка и можеби полна со сите бои на виножитото и различните пердувчиња што леткаат околу него, но знаеш барем дека ќе бидам крајно искрена, како што впрочем со тебе, ама баш секогаш сум.

Кога на оваа девојка ќе и го прочитате никот веднаш ви се појавува некоја рајска слика во глава која што полека процесира кон имагинативно замислување на личноста која што се крие зад неа.Бран на свеж воздух кој што доаѓа од сите темни површини во морето.Нешто скоро опипливо а магично, зборови кои што танцуваат на крајот од мислите додека се гради кулата на ставови и собирот на мистичност кој што се излева додека внимателно ги пишува зборовите.
Ја разбирам внимателноста драга, знаеш дека дури ја оправдувам, но кога пишуваш додека ги користиш сите малечки апстракции на одразот на внатрешната состојба која што полека се пресликува во средината која што живееш, го доловуваш тоа, со секоја можна реченица за оние кои што сакаат да читаат.
А подобро е кога не не читаат сите, нели? :wink:
Неколку сенки во умот кој што претпочита да си игра со понудените илузии а сепак да остане во веќе добро познатиот кревет, да ги избегне сите торнада и ветрови кои што можат да ја растурат постелата.
Зошто да останеме на сенки, мила?
Причината е силна во твојот прекрасен, невообичаен ум, но понекогаш дури и сенките имаат што да понудат ако се погледат одблиску, можеби нивната посебност сепак постои, можеби олуите не се толку блиску, колку што мислиш дека се.
Ти вршам пропаганда сега, ама пак, знам дека веќе примети.:)
Ти ги разгледувам сите малечки фрагменти од личноста, од организираност до комплетна неодговорност, но чудно, го одржуваш постојано истото расположение кога треба да се направи проекцијата пред целиот тој медиокритет на кој што се базира самото постоење на посебноста.Вртлогот од спокојот кој што преовладува, а сам по себе уништува, недостатокот од немир кој што смирува.
Контрадикцијата е впечатлива, но никогаш доволно убава за да биде применета.
Секогаш се гонат тие со крила најмила, секогаш, зошто тогаш би ја подарувала апстракцијата на оние кои што не ја разбираат, за да ја криеш убавината која што сигурно без да сакаат ќе ја забележат.
Вистината е дека си прекрасна, еден огромен дворец полн со милион магични соби, секоја своја зандана и прозорец за летање.Мултиплицирана убавина во огледалата на предците.
Само уживај во естетиката, понекогаш, само тоа ни останува.:wink:

За крај:

Знам дека подобро ќе се разбереме вака отколку да пишував онака како што сите сакаат за да бидам лесно разбирлива.
:back:
 
Разиел, ти имав одговорено на се`, дел по дел, но падна Кајгана, заборавив да го зачувам пишаното и исчезна, мамата. Мака ми е повторно се` да пишувам, затоа еве на кратко.
-Сакав да ти кажам дека не ти е на место забелешката дека сум нетрпелива и дека не поднесувам критики и контрирања. Ако јас не сум таква, незнам кој е.:pipi:
-Криво ми е што често се случува мојата функција на форумов да им дава погрешна слика на останатите исти како мене форумџии. Се надевам еден ден тоа ќе престане, па ќе почнете да ме читате и да ми реплицирате. :kesa:
-Во врска со траумите... не би ги нарекла така, но можам да кажам дека имам секакви искуства во животов, што ме направиле да сум таква каква што сум.
-Се држам често цврсто за моите ставови, а секогаш до луѓето кои сум одлучила да ми се во близина. Тоа што ми одговара и ме прави среќна, мислам дека е во ред за мене. Зарем не е така кај сите луѓе?:wink:
-За "дека"... да, сум забележала дека често го користам тој збор, но прв ми доаѓа при рака и посилен е од мене. Ме иритира кога во две реченици три пати го употребувам, ама тоа е:kesa:. А ми падна чудно, како си успеал таква ситница да забележиш, иако е добро да се разликуваме, за да се знае дека не сме од ист град на пример.:pos2:
-Јуве, не ми ги чепкај. Не ги отварај тие врати!:vozbud:
-Длабока анализа очекував, но и оваа е добра. Подобра е и пореална од првата, која падна неочекувано како лош гром од ведро небо. Иначе, нели ти ветив дека ќе дојдам у твојот град да пиеме кафе? Што мислиш дека нешто се променило?:toe:
-Верноста е добра да, но и прифаќањето на туѓите проблеми е добро, само додека не се премине граница. Добро е да се прифатат толку колку што е доволно за да сочувствуваш со блискиот, со што можеш да помогнеш некако доколку треба. Јас не преминувам граница преку која неповратно би забегала, па мислам дека сум во ред со тоа. И не дека само туѓото ме преокупира. Прво се средувам јас, за да бидам стабилна личност која може и за друг да се погрижи. Поинаку не би функционирала исто.
А хуманоста... хуманоста е нераскинлив дел од мене, кој на моменти ме прави задоволна од себе т.е. од тоа што можам, а и го правам.:wink:
-И за крај, го почитувам времето кое си го одвоил за да ми направиш анализа, па токму затоа и вака подетално ти реплицирав. Најмногу и за да ти укажам на работите кај мене кои погрешно си ги проценил, за да ме запознаеш подобро и да продолжиме уз кафе со остатокот од анализата. :back:
 
Светот е мал. А јас сакам анализа од Разиел (знам де знам), овој пат јас барам од тебе. И несакам да пишам ’’дај една оштра’’, демек кур не ме боли, туку баш најспротивно кур ме боли затоа барам од тебе а не од некои уанабииз.
 
Бебуш

Мало слатко девојченце.
Ветив дека ќе бидам фина, не?:pipi:

Сите имаме позитивни и негативни особини на кои што се наслонуваме, според аватарот и никот, кај тебе е лесно да се примети дека во преден план го ставаш својот изглед.
Не се лути, не е тоа лошо.:) Знаеш дека си слатка девојка и успеваш успешно тоа да го пласираш, не секој го може тоа.Освен тоа, свесна си дека луѓето гледаат со наклоност кон слатко лице и малку повеќе шарм кој што излегува од насмевката.
Да, тоа имам приметено, секогаш се смееш, или, скоро секогаш.Проблемите за кои што разговаравме, секогаш се средуваат сами од себе мила, ако ги форсираме ќе биде полошо, а имаш тенденција да форсираш работи, да ги ограничуваш и да ги правиш скоцкани за да биде се јасно и определно.
Истрајна личност си, одиш до крај без да се откажеш, колку и да не треба, зошто претпоставувам дека на тоа гледаш како на откажување, како на погазување на сама себе.

Понекогаш добивам впчеток дека постојано сакаш да си ги повторуваш на сама себе некои работи за да си го запомниш идентитетот, да не го изгубиш од средината во која што живееш, врската, родителите, иако они ти го градат, да, само твој е.И не се грижи за тоа, секогаш ќе си видиш ти кога ќе се погледнеш во огледало, што и да ти се случило.
Не сакаш да бидеш ниту зависна од некој, затоа што се додека ја поседуваш способноста да ги решаваш проблемите сама и со консултација од пријатели, убаво е да ја одржиш самостојноста, ми се допаѓа тоа многу кај тебе.

Се на мила, ќе успееш да ги направиш некои работи во животот, само не дозволувај да ти ги менуваат карактеристиките луѓето, туку тоа прави го сама, заради своето добро.:back:
 
Сатори, дали ќе сакаш да одвоиш време да ме анализираш и мене?:smir:

Секако дека ќе најдам време саншајн, само не сум сигурна точно кога, малку сум збркана со времето.
Ќе се обидам да биде до крајот на викендов.:back:
 
Мало слатко девојченце.
Ветив дека ќе бидам фина, не?:pipi:

Сите имаме позитивни и негативни особини на кои што се наслонуваме, според аватарот и никот, кај тебе е лесно да се примети дека во преден план го ставаш својот изглед.
Не се лути, не е тоа лошо.:) Знаеш дека си слатка девојка и успеваш успешно тоа да го пласираш, не секој го може тоа.Освен тоа, свесна си дека луѓето гледаат со наклоност кон слатко лице и малку повеќе шарм кој што излегува од насмевката.
Да, тоа имам приметено, секогаш се смееш, или, скоро секогаш.Проблемите за кои што разговаравме, секогаш се средуваат сами од себе мила, ако ги форсираме ќе биде полошо, а имаш тенденција да форсираш работи, да ги ограничуваш и да ги правиш скоцкани за да биде се јасно и определно.
Истрајна личност си, одиш до крај без да се откажеш, колку и да не треба, зошто претпоставувам дека на тоа гледаш како на откажување, како на погазување на сама себе.

Понекогаш добивам впчеток дека постојано сакаш да си ги повторуваш на сама себе некои работи за да си го запомниш идентитетот, да не го изгубиш од средината во која што живееш, врската, родителите, иако они ти го градат, да, само твој е.И не се грижи за тоа, секогаш ќе си видиш ти кога ќе се погледнеш во огледало, што и да ти се случило.
Не сакаш да бидеш ниту зависна од некој, затоа што се додека ја поседуваш способноста да ги решаваш проблемите сама и со консултација од пријатели, убаво е да ја одржиш самостојноста, ми се допаѓа тоа многу кај тебе.

Се на мила, ќе успееш да ги направиш некои работи во животот, само не дозволувај да ти ги менуваат карактеристиките луѓето, туку тоа прави го сама, заради своето добро.:back:
мило,фала за одвоеното време и за прекрасната анализа.Кратка и слатка:back:И да,гледам да си го задржам духот на карактерот,ми успева:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom