Од поодамна се врзуев и сакав да направам корекција на темава во врска со една анализа, која ја испукав набрзина и беше стриктно наменета за реметење, а се однесува на дечкото кој ја анализираше Дивајн, над мене.
Иако, се наоѓам во прилично некреативен период со авто сугестија дека сум глуп, грижата на совест, не ми дозволува да не направам корекција.
Тука се јавува еден тенденциозно анализирачки парадокс, пошто колку и да се трудиме да разоткриеме некого врз база на аватарот, тајтлот и неколкуте постови кој ги искакал низ темиве, не можеме да го направиме тоа прописно.
Се се базира на субјективна гледна точка, иако понекогаш(значи многу ретко), може да биде приближно до оној стадиум на егзактност, кој дотичниот сака да го прочита, односно онаа реална слика, која се наоѓа само во него.
Raziel
Chapter I The Beginnig
Најпрво.
Веќе стигнат до овој стадиум на распознавање, на сеуште од никого, прецизно неразпознаеното битие наречено Разиел(името не го изговарам, ни па го пишувам, од лични причини

), ќе се обидам да дадам една кратка престава за него, од моја гледна точка.
Дечкото се состои од три комплементарни елемента кои сочинуваат една целина денес, како резултат на еволутивната консеквенца назад низ годините.
Значи, сарказам, нематеријалност и фундаменталност, сублимирани во едно човечко битие, со некарактеристичен физички изглед со оглед на виртуелниот лик и неговото дејствување.
Ум кој работи на сосема диферентна фреквентност, а кој сепак умее да се компатиблизира со секоја, која можеби и ни малку нема да соодветствува со неговата.
Првата перцепција на ваквото необично битие ја имав пред три години во умреното школо во кое моментално учам, а кое он го напушти пред две години.
Забележав момче со ситна телесна конструкција, мизантропски и асоцијално настроен(дефинитивно мој тип), кој постојано си шетка по ходниците во препознатливата црна униформа и се расфрла со остри погледи наоколу, притоа креирајќи еден мисловен процес во својата глава, кој ги подложува на неговата иронично саркастична критика секој од тие деца шо движат околу него.
Тоа беше донекаде првичната престава, која сепак и е прецизна и неможе да се негира.
Освен во гимназискиот филм, многу ретко можев да го забележам како се движи низ срединава, така шо се добива впечаток дека се работи за агорафобично момче, повлечено во сабјер собиолошки живот.
Тој период за него имав впечаток дека се работи за прилично ограничен човек со низок стадиум на интелектуален развиток и IQ issue, како главни причини кои му поставуваат бариера во неговата желба за триумф во борбата со интровертноста и компатибилизацијата со надворешниот свет.
Значи, победа над мизантропијата и асоцијалноста.
Потребата за авторитетна поддршка е толку силна, шо кога нечиј авторитет е загрозен, интиутивно светот под нозете почнува да се лула и води кон степен на исправка.
Причина поради која најверојатно се зближивме и се сведовме на оноа шо сме денеска.
Chapter II The Prologue Of The Dark Fusion
Откако го изгубив и визуелниот контакт со него како појава, од причина шо дојде и крајот на неговиот живот во глупата Гимназија, во која морам да скапувам уште годинава, воедно го изгубив и единствениот контакт кој го имав со тоа битие.
Како и да е, поради една причина која ја наведов погоре, животниот процес во оваа комуна овозможи повторно присоединување помеѓу нас.
Дојде и тој момент јас да се зачленам на форумов, на кои сите уствари преставувале жртви на неговите критички и иронично саркастични анализи, од кои по читањето нема да ви текне уште еднаш да побарате

Покрај познаниците кои ги имав тука, за кратко време дознав уствари кој се криел зад виртуелниот лик Разиел.
Тоа бил всушност асоцијалното момче од гимназиските денови.
Разиел.
Веднаш го поврзав никот, а воедно и неговиот аватар, со музиката која мене ми преставува живот.
Сите до сега забележани елементи спроведоа еден процес кој резултираше со таков заклучок.
Освен тоа, увидов дека е прилично просперитетен во гејминг областа како со енормно, така и со базично познавање од огромен број на игри.
Конфротација со испраните браќа во подфорумот Религија, и мала активност во Музика, колку да ги прикаже своите музички вкусови и некои ставови кои ги има.
Решив да го адднам на мсн, пошто знаев дека со него би можел да изградам квалитетен пријателски однос, и дискусија со некој кој ми одговара и кој комплетно ќе ме разбере.
Имавме некои излишни разговори на мсн, се до моментот на нашето прво испаѓање на почетокот на летниов период.
Прилично шокантно ми делуваше првичната средба на почетокот, пошто очекував сериозност до највисок можен степен, а го увидов оноа шо најмалку го очекував.
Антагонизам.
Диспониран дечко, духовит, со одлична смисла за хумор и екстремно брза размена на информации и вербална илустрација на својот историјат.
Потоа почнав процедурално да ја разоткривам вистината за тоа мистерозно суштество шо најверојатно се нашло на планетава по грешка, и е препуштен да егзистира тука во оваа патетика и стереотипија која не опкружува.
Тоталитет на дискусии во кулминација со алкохол и со огромна доза на никотин, пришто дечкото започнав да го чувствувам како долгогодишен познаник и идеалистички потпочно идентичен.
Chapter III The Dark Fusion
Односите и контактите, како виртуелните така и визуелните, постануваа се поинтензивни, па проведурално го достигнаа врвот.
Една вечер седејќи на покривот на една зграда водејќи дискусии за сеопштата ситуација во градов, и филмот кој секој си го живее, како и неординарниот начин на живот кој го поседуваме со сите негови комплементарни елементи кој преставуваше поставка во откривањето на скриеното откровение тука, кое сепак ни откри дека се работи за мрачни браќа и компатибилизација на две мрачни души,
Raziel and Tyrael.
Односи кои се базираат на строга фундаменталност и принципиелност, карактеризирајќи ја егазктноста на нашите идеалистички пориви во целиот заплет на сето оноа шо би можело да се протолкува од секого и на субјективен начин.
А, се останато преставува и сочинува само едно мало детенце на кое се му е сведено на долготрајна безпомошност и слабост во однос на моќните сили и идеолошкиот аспект на согледување кој го поседуваат одредени индивидуи.
Способноста за апстракција е позната на минимален број на луѓе од нашите кругови, и не може да биде прописно протолкувана од никого, пошто фунцкионалната умствена фреквентност не може да ја поседува секој.
Знам дека забегав, ама ме фати мрза, а и пишав дека сум периодов прилично некреативен така да мислам дека е доста.