Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно некој сфати дека сме мрднати!јеа
Серпико среди си овде фела,верувам во тебе:)
 
ima nekoj dobrovolec da me psihoanalizaira ili tesko premnogu sum slozen :)
 
to so velis izgleda do to e :)
pa so znam arno bilo da si prost :)
 
Јас анализирав двајца и ту доброволно!! И пак никој не се реши мене да ме анализира. Не е фер!
 
За Crazy in Love една психоанализа.Еве вака Марија,првпат кога те запознав целовреме се смееше,беше полна со енергија,среќа и радост.Тоа ми кажува дека си оптимист,имаш цврсти верувања во вистинската љубов,тоа ми делува дека читаш многу романтични новели и дека си начитана девојка.Но не очајувај толку гледам целовреме пишуваш ми недостигаш,не пишувам повеќе за тебе бла бла,и јас бев таков но фати ја реалноста има само два одговора да продолжиш да живееш без него и времето ќе ги излечи сите рани,или да се разберете очи во очи и да си кажете збогум или да ги делите моментите заедно.Не покажувај многу чувства затоа што емоциите го уништуваат човекот побиј ги скриј ги длабоко биди ти малку поцврста,секогаш ќе се најде човек што ќе те разбере повеќе од претходниот,само потребно е малце потрага.Да ќе ти се будат спомени,но сепак тој што ќе се заљубиш тој е тука тие спомени да бидат разгонени од твојата глава.Биди таква биди еве кучка ако треба таков е животот,кучка и боди со шило и никогаш не престанува.Биди ми поздравена ти направив мала психоанализа но повеќе ти давав совети,поздрав и секогаш ќе имаш луѓе што ќе бидат позади тебе и кога највеќе боли тие помагаат,пронајди ги тие луѓе и ќе бидеш посреќна во се.
 
Razorblade Kiss напиша:
Конечно некој сфати дека сме мрднати!јеа
Серпико среди си овде фела,верувам во тебе:)
Разорикс, без гајле... Еве јас ќе го анализирам Грамат за тебе:

Значи...




























...толку.

Notta bene:
Леси, ако се вратиш дома и ни го донесеш Грамат со себе, кажи му да се потруди и да анализира некого. Ако е непослушен......[не ги почитува правилата].....КАЈГАНА :jaj:
 
I wanna do Necrophilia.

Еве еден класичен пример за она што и го кажував на Малечко. Некро се занесе, беше окупиран со љубовта и воопшто не обрна внимание на утредента, која секогаш удира по нос ако не бидеме спремни. Оние кои наследиле многу пари, умираат во беда ако не мислат на ”утре”. Некро не ми е воопшто јасен зошто одбрал таков никнејм? :toe: Изгледа како нормално момче, но веројатно сакајќи да биде поинаков, отишол во крајност. Но за да докаже дека малку е заинтересиран(фала богу што е така) за вистинското значење на зборот на неговиот никнејм, беше многу малку вклучен во темата за некрофилија.
Некро има една многу позитивна особина... работлив е. И тоа сигурно ќе те извади од гом**та во кои се наоѓаш сега. Негативна страна е што сакаш да бидеш позитивен кон другите. Кога ќе останеш сам, ти е двојно потешко од обичните луѓе. Кукаш, ама кукаш колку да кажеш дека си тука. Инаку не би го правел тоа нели? Со оглед на тоа дека не те познавам премногу, имам чуство дека имаш све две дневни преокупации. Кукање, и серисирање. Добро, тоа е повеќе од само кукање, но е помалку од сервисирање, трчање на кеј, свирење во бенд, и доброволна работа во дом за стари. Секоја криза е добра исто така. Затоа што од немање веќе желба за себе, мораш да најдеш нешто ново. Нека биде продуктивно и корисно за тебе пред се`. За твојата психа, и ако имаш желба и за твоето тело. Во здраво тело здрав дух нели? :)
п.с. Секогаш викам, не мора да значи дека сум во право... :smir:
 
кхм... Викторгг мојот ник не ме претставува мене, едноставно си избрав нешто. Некев да сум поразличен од другите. На повекето форуми сум познат и како _AntiChrist_ :) во темата некрофилија не бев активен поради тоа што не ме ни интересира :).

како и да е фала на психо-анализата :) лол се надевам ке применам некој од твоите совети
 
`Ангелче` напиша:
Јас анализирав двајца и ту доброволно!! И пак никој не се реши мене да ме анализира. Не е фер!

Јас мислам те анализирав еднаш на времето одамна :)

Ај пак една анализа ке ти направам.

Па вака Ангелче е многу интересна девојка, шо знам така посебна , во се си е своја , многу мрази да ја копираат, за мода и нема маж, ако се одлучи да биди моден креатор сигурно ќе успеј. Потоа премногу мисли на иднината премногу планира за животот. Гледај го фимот Party Animals како за тебе е интересен е btw ќе се посмејш. :)

Потоа шо ќе кажвав друго , друго обожава да шета низ светот, потоа многу интелегентна девојка се издвојува од другите, паметна Битолчанка шо да се кажи друго поарно од тоа нема .


Засега толку ко ќе ми текни уште нешто ќе допишам.
 
`Ангелче` напиша:
Јас анализирав двајца и ту доброволно!! И пак никој не се реши мене да ме анализира. Не е фер!
Јас бе Ангела ќе пробам...иако само еднаш те имам видено ми остави впечаток на добра и паметна девојка!
Со аватарот мислам дека сакаш да биде БРОЈ 1 и никој да нема сличен како твојот,ова е комплимент:)
Исклучително добро си ја вршиш работата тука на форум како модератор,а тоа зборува дека ако некој ти довери некоја работа ќе ја завршиш до перфекција,тоа е добар знак!
Претпоставувам модата ти е голема сатисфакција,можам да те запознаам со Делфина да си фрлите збор два за модата и се околу неа:)
Инаку да те потсетам нешто...не е забрането понекогаш да покажиш малку откаченост тука на форум,никој нема да ти замери!
Ќе ојме некој ден на кафе во JAZZ со Пикасо и Фолсфаген
Убав поздрав!
 
The vampire ili teddy.Сакаше да ти направам анализа еве,од моментот кога те запознав до сега секогаш ми оставаш впечаток дека си реална девојка и знаеш што сакаш и ако забушаваш некад и бунтовна си во душа,некој таа твоја бунтовност ти ја спласна.Дали беше љубов или нешто што ти се пронајде тоа е твое.Сепак кога ми кажа дека омилено животно ти е волк,тогаш не ми значеше нешто,али сега ја сфаќам неговата симболичност,ти сакаш своите најубави моменти да ги делиш сама,е сега не знам дали како волчица виулиш и бараш партнер кој ќе биде со тебе.Тоа е твое.И тоа е многу добро но сепак има луѓе што те разбираат и те сакаат по тоа што си и ти ги прифакаш.Сега може некогаш се занесуваш но сепак е во границите на нормалноста.Понекогаш кога си тажна користи ги тие луѓе може ја поминале твојата болка и тага и може на некој начин да ти помогнат.Носиш некоја бунтовничка облека но сепак внатре во тебе гледам дека си мирна душа не се бунтуваш толку.Друго што да кажеме,продолжи така супер девојка си ништо не ти фали,имаш самодоверба во себе тоа значи дека ќе успееш во животот и ќе си најдеш некој сладок и неодолив што ќе те направи вистинската јас биди ми поздравена:):smir:
 
sky_dog<no1>

Мојот прв впечаток за чоеков:zver:

- ја за брат го сметам:vozbud:

Дојде на форумов, онака од потреба. Но, полека се прилагоди, и ја пронајде својата љубов. Ја пронајде љубовта и очигледно, ужива во неа, како да е најдоброто нешто што му се случило. Сакаш да се забавуваш, и пред се да уживаш во животот. Музиката е исто така во твоето срце, како и сеирот, нормално со доза на ремет. Секогаш гледаш напред, кон иднината, подготвен да навлезеш во разни авантури! Мислам дека имаш закон карактер, сакаш сите да те разберат, да бидеш јасен како ден! Директен, преминуваш на главното, и не си дудлач, што е најтоп! Љубовта ти го измени животот, и сакаш се да знаеш што е во нејзината сфера! Казанова, како твојот нов идол, веруваш дека ќе ти го покаже патот понатаму. Највеќе енергија добиваш од љубовта, која е најголем извор на енергија! Енергија, која ја трошиш како ќе си посакаш.

Толку од мене, повеќе од љубовта!

поздрав брате:helou:
 
Чек он Ит

Прва проба, не се смејте ало!:)

Ми падна в очи по сличните ставови што ги имаме за одредени ствари.
Обрнуваш внимание на својот изглед, но никогаш не ја преминуваш границата помеѓу убавата природа и напорната вештачина. Очигледно физикусот и не ти е баш најважниот фактор при избор на момок или друшки. Се залагаш за правда и духовна лепота.
Не можам да пропуштам да кажам дека си навистина зрела за годините и успешно си ја стартувала градбата на својата личност. Делуваш самоуверено и мислам дека тоа не е само илузија. Навистина знаеш кога, како и што треба да сториш. И ретко се каеш за твоите постапки пошто се осмислени и подржани. Сакаш понекогаш да доминираш, но и да се препуштиш во доминацијата на некој што ти значи и кому му веруваш.

Ам не знам што друго да кажам, ме искина стомак ми го зеде мозоков:)
Мило, се надевам дека бар нешто трефнав:)
 
Хехе девојкиве почнаа да ми бараат анализи па ајде еве и на Нина.Нина девојка фина,кога првпат ја видов прво што ми падна во очи беше нејзината дивост и умешност да те совладува со зборови во секоја тема.Убава девојка што сака секогаш да биде прва во нешто дали љубовта е прашање или било што.Имаш 16 години колку што знам имаш уште да го јадеш лебот и да го вкусиш животот,имаш интелегенција,сега знам дека сите девојки се градат на татко им може и ти али твоите секогаш го сакаат најдоброто за тебе,а за љубовта они не може да те контролираат.Што да кажам друго,2-3 пати те видов со другарите мои и секогаш беше онака мистична девојка но полна со енергија и страст кон тој што го сакаше,сега тоа е минато али сепак имаш дечковци секогаш што ќе те сфатат по тоа што си ти.Љубовта за тебе изгледа е нешто убаво и нешто што не се опишува со зборови но кога ќе те остави некој не тажи затоа што тогаш мислите што ги делите и спомените ќе ве гоната највеќе двајцата што сте се сакале.Таква е љубовта не не учи само да бидеме среќни туку и да бидеме подносливи во страдањето.Имаш прекрасна става и уникатно лице користи ја,таа толку што е убава знае и да ги коси сите пред себе таа е ѓавол за секој маж,и се што се добива тешко повеќе се сака.Види се себе осознај се љубовта да доаѓа и поминува но некогаш таа знае толку многу да боли што ќе се изгубиш од нејзе.Верувај во себе и некој дон жуан или тој што си го сонувала сега ќе тропне на твојата врата и ти тогаш ќе бидеш најсреќната девојка на светот поздрав.(Се надевам дека ти се свиѓаше):smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom