Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Некој мене нека ме анализира,ќе може?
ПЛИИИИИИИИИИИИИЗ
 
M@wEcK0 напиша:
Некој мене нека ме анализира,ќе може?
ПЛИИИИИИИИИИИИИЗ
I`ll do it. Можеби малку ќе те разочарам, ама не мора да значи дека сум во право нели. Гледам дека целиот живот ти е посветен на момчето. И тоа е убаво... ама ако имаш да речеме 30тина години. Постојано гушнати, се надевам само дека и тој го чувствува истото за тебе, бидејќи моментот кога ќе раскинете, подобро да биде заебан за двајцата. А тоа ќе се случи, бидејќи една од милион врски успеваат во денешно време да одат до крај а почнале на 15. Навистина нема што да се каже друго за тебе освен дека не размислуваш трезвено а ни трезно, бидејќи си опиена од љубов. А тие моменти од животот воопшто не се добри за иднината на својата личност. Ти во моментов градиш карактер кој ќе ти остане врежан до крајот на животот. Идните дечковци ќе ги бараш по модел на овој, а тоа не е убаво. Јас лично, не верувам дека љубовта е убава работа, затоа вака зборам. Јас гледам долгорочно, и знам дека љубовта ретко на кого му донела добро во животот. Сите патат од неа. Убаво е во моментот да, но подоцна е двојно поочајно. Колку си сега позаљубена, тогаш ќе бидеш двојно по мизерна. Не ти го посакувам тоа, но тоа сум го видел. Уживај сега, но мисли на НЕрозевата иднина. Имај резерва од своите чуства. Чувај љубов и за други....
 
aj ja ќе пробам за првпат...сеа нзнам колку ќе погодам али ќе се потрудам...

Според никот ти си сеуште мало девојче кое на некој начин живее во реалноста...премногу си заљубена можеме сите да забележиме..
Понекогаш мислиш дека се иде како што треба но дека и нешто ти недостига...можеби нешто од минатото...се обидуваш да не мислиш на тоа и се дека е во ред...
Реална си тоа ми се допаѓа кај тебе но понекогаш и ти сакаш да избегаш од овој свет...некаде каде што можеш да размислуваш убаво да бидеш сама...
Знаеш што сакаш...тоа е добрата страна кај тебе исто како што сакаш да му помогнеш на секој односно да го насочиш на правиот пат!
Шириш позитивна енергија(барем кај мене) :)
сакаш да се дружиш и да си опколена со друштово...но понегогаш и да бидеш само со тие што ти се најблиски!
Чуствителна си ...барем јас мислам дека си лесно повредлива...но некогаш не дезволуваш и тоа да ти го уништи денот зашто мислиш дека може се да се среди односно имаш голема надеж во себе...
Како и да е добра душа и отворено срце...

се надевам ти погодив нешто :smir:
 
Викторгг напиша:

Ок,го поштувам твоето мислење.И не,не ме разочара бидејќи имаме различно гледиште за љубовта.И да,во право си дека сум максимално посветена на милото и АКО раскинеме не сакам да се замарам сега со тоа,само да уживам додека го имам,нели?И од каде знаеш дека нема да трае?Ништо не се знае со сигурност,нели?Знам дека со моите 16 години мислиш дека размислувам детско кога викам дека би отанала о него,и дека за претходниот сум викала така,ама нели секој нареден е различен и на крај ќе надеш некој кој ќе остане со тебе до крај...:smir:

П.С.Може ние сме ЕДНА ОД МИЛИОН
П.П.С.Многу иритира тоа што СИТЕ во денешницава мислат само на тоа како да имаат нов секој месец и како љубовта е бессмислена.Ску*чув а секој ден да слишаш како некој ти дроби дека НЕ Е ЉУБОВ.Ако не е љубов тогаш што ме држи да бидам со него?Само желбата за чалам дека иам дечко,како сите други денес?Ааааааау луѓе...!
 
~ThE_VaMpIrE~ напиша:
aj ja ќе пробам за првпат...сеа нзнам колку ќе погодам али ќе се потрудам...

Според никот ти си сеуште мало девојче кое на некој начин живее во реалноста...премногу си заљубена можеме сите да забележиме..
Понекогаш мислиш дека се иде како што треба но дека и нешто ти недостига...можеби нешто од минатото...се обидуваш да не мислиш на тоа и се дека е во ред...
Реална си тоа ми се допаѓа кај тебе но понекогаш и ти сакаш да избегаш од овој свет...некаде каде што можеш да размислуваш убаво да бидеш сама...
Знаеш што сакаш...тоа е добрата страна кај тебе исто како што сакаш да му помогнеш на секој односно да го насочиш на правиот пат!
Шириш позитивна енергија(барем кај мене) :)
сакаш да се дружиш и да си опколена со друштово...но понегогаш и да бидеш само со тие што ти се најблиски!
Чуствителна си ...барем јас мислам дека си лесно повредлива...но некогаш не дезволуваш и тоа да ти го уништи денот зашто мислиш дека може се да се среди односно имаш голема надеж во себе...
Како и да е добра душа и отворено срце...

се надевам ти погодив нешто :smir:

Ми ги погоди повеќето работи:)Нешто слично како кај тебе,а?:smir:
Фала на анализата
 
Лелеее, кој ќе ме анализира мене (конечно) !?!?!

Дајте музика, дајте музика овде не сме на час ...
 
И ја си го чекам моето ветено од Форчн и од серпико ај хоуп :wink::smir:
 
Некој што ми е познат да му направам психоанализа само да не се наљути како мона лиза
 
Koj ќе се љути, а посебно кој ќе се љути откако ќе си побара анализа - ќе го тепам :)
 
Чек Он Ит напиша:
Лелеее, кој ќе ме анализира мене (конечно) !?!?!

Дајте музика, дајте музика овде не сме на час ...

ај јас ќе пробам:smir:

Вака Чек Он Ит...Според постовите мислим дека си нежна и искрена девојка...Оптимист си и често си весела и уживаш во животот.Има денови кога сакаш да се забавуваш до максимум и секогаш кога си излезена гледаш времето да го поминеш во добро друштво и смеа,но има денови кога едноставно сакаш да си поминеш ошуштено и да одмориш малце.Си посветуваш доста време на себе си т.е на надворешниот изглед и уживаш во комбинациите на облека кои ги правиш,тоа ти е интересно.Те интересира модата и ги следиш сите случувања поврзани со неа.Мислам дека во длабоко во тебе се уште постои дете,кое сака искрено и верува.Страв ти е да го пуштиш некогаш тоа дете на површина од страв да не бидеш повредена.Емотивна си,некои работи ги зимаш при срце и лесно може нешто да те натера да заплачеш,ама затоа брзо се враќаш во колосек.Во љубовта,сакаш да сакаш,но и да бидеш сакана.Знаеш често да се изнервираш од постапките на партнерот,ама не дозволуваш многу многу некој да ја помати љубовта.Како другарка си и скрена и пожртвувана,но доколку некоја блиска личност те повреди,длабоко во себе си многу разочарана,гледаш да не го покажеш тоа,но погледот и очите обично те издаваат.
Не сакаш многу караници,не почнуваш прва да провоцираш,но ако некој те испровоцира,му одговараш на ист начин.

па тоа е...:helou:
 
kpbKENGUR ... не те познавам многу (сме имале само една журка заедно, без муабет нормално:pos2: ) за да можам нешто со сигурност да напишам, но еве некои мои претпоставки за тебе преку една таканаречена анализа ... :shame:

Аватарите ... што може да заклучи човек од нив, освен дека имаш многу добра замисла за тоа како треба да изгледа еден секси и модерен дечко, со што најверојатно и се трудиш да си таков и ти. Со тоа што не покажуваш на нив лице, ти си или прилично затворен тип или едноставно зафатен младич кој сака за забава да заведува други, но да остане тоа на флерт? Могуче, нели?:pusi: Ако е така, верна личност си и веруваш во љубовта и во тоа дека можеш да сакаш една и само една девојка. Ах колку романтично ... :umorno:

Потписите ... што друго освен дека лудо обожаваш коли? Типично за претставник на посилниот пол, но ете имаш специфичен вкус што рани! Може има и тука нешто што може да се анализира, според тој твој избор ... нешто како тоа што сакаш големи и луди коли кои лежат на отворени и долги патеки, значи дека сакаш слобода, авантури, возбуди ... со еден збор еден ти е животот, зрело го сфаќаш тоа, па сакаш се` што ќе наумиш да го исполниш и целиш кон тоа?

Постовите ... не те прескокнувам никогаш, значи знаеш да напишеш мислење кое привлекува мое внимание. Најчесто се сложувам со тебе, значи секако сум стекнала позитивно мислење за тебе. Според нив мислам дека како тука така и во живо си добар човек, со завидно ниво на култура, вистински другар, паметен, ведар, искрен, забавен, романтичен и нежен. Знаеш да насмееш и расположиш, што доаѓа од твојот вроден оптимизам. Знаеш и да признаеш грешка, како и остро да се бориш за тоа во што веруваш ... уште една доблест, нели.

Испадна дека те префалив, но засега така ти мислам ... остани таков, за да не сменам мислење ако ми е точно ... одлично е ако е така ... :smir:
 
Serpico напиша:
Koj ќе се љути, а посебно кој ќе се љути откако ќе си побара анализа - ќе го тепам :)

ја уше чекам анализа од тебе. :helou:
 
Една општа анализа ......[:се заедно:]........ КАЈГАНА ! :lud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom