Навистина?
Зошто тогаш земаш антибиотик кога имаш грип?
Зошто пиеш парацетамол кога имаш температура?
Зошто не чекаш само од себе да помине?
Истата логика се применува и кога станува збор за психолошки пореметувања.
Или шизофреникот треба да се остави без анти-психотици. Суцидалниот депресивец без анти-депресиви?
А, аргументот околу херониот, метадонот и сл...Прогрес и учење од грешките. Си слушнал за тоа?
На пример, користеле кокаин како анестетик на почетокот, затоа што не му ги знаеле нус-појавите. Откако ги откриле, ја забраниле неговата употреба. Обид и грешка принцип.
Човештвото го нема сето знаење одеднаш, туку учи постојано. Така е и со лековите. Метадонот била најдобрата опција достапна во тој момент. Сега неговата употреба е ставена на ревизија. Наскоро ќе искочи негова замена и се така.
Да стои и позната е приказната со фармацевстките компании. Но, само поради тоа, едноставно не можеш да ја негираш потребата од медикаменти, како ни нивната ефективност.