Македонците постоеле како народ со милениуми, ама кога ќе дојде тоа да го признае некој од Б’лгарите, Србите, Грците е тогаш сите (за жал и нашите “унифицирани“ “мислители“) викаат : “па сите сме мешани, Балканот е најизмешан“ и сл. глупости се во обид да се релативизира и поништи древноста на македонскиот народ (оти веќе “преселбата на Словените“ не пали повеќе и не држи вода...).
Македонците (и Србите, Бугарите, Босанците...) биле 5 века под турска власт па останале неизмешани со Турците ни силум ни милум (дури ни Македонците Муслимани), а не па некогаш кога населението било хомогено. Со кого ќе се мешале? Со оние од соседното село?!? Миграциите, движењето на народите (освен војските) било крајно тешко и скоро невозможно, оставете ги приказните за миграциите, па до скоро (можеби и сеуште има по некој) многу од луѓето не беа појдени од Прилеп, Битола, Охрид во Скопје, а не пак во тоа време кога патувањето, миграциите биле крајно несигурни и животно опасни. Ако сакате да го разберете ова, замислете си дека, еве, овде почнала да владее сурова, студена клима, па сте тргнале да се исселувате во потоплите краеви (во северните не не примаат). А има ли потопло место од Сирија? Или Палестина? Египет? Еве нека биде и Анадолија, таму е мирно релативно - одите едно 20 000 луѓе (старци деца и стока, имање) во Анадолија и на тамошните жители им велите : “ние дојдовме и ќе се населиме овде.“ Што мислите, како ќе бидете пречекани? Со раширени раце, демек едвај ве дочекале?!?
Единствено, миграција може да имало после повлекувањето на леденото доба од северот на Европа и населување на ненаселените предели ослободени од дебелиот слој на снег и мраз. Но, дали се населувале таму, или само се враќале на татковските огништа кои нивните предци еднаш ги напуштиле?
Не сакаат да го признаат тоа затоа што имаат делови од нивната историја која не е нивна.
Најубаво ообјаснување дава Димитар Благоев како тоа се мешале народите.
ИСКАЖУВАЊЕ НА ДИМИТАР БЛАГОЕВ ЗА НАРОДНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО 1917 ГОДИНА*
Д. Благоев: ...Всушност во Бугарија се водеше една голема борба не за обединувањето, како што велат, на бугарското племе, а за владеењето на едно племе во Бугарија. И таа борба е една од причините за ослободувањето на самата таа бугарска држава.
Таа борба се водеше меѓу бугарското племе и словенското племе на Балканскиот Полуостров. Бугарското племе, еден грст, но добро организирано дојде на Балканскиот полуостров и најде едно племе мирно, уште недоразвиено во својата општествена организација, уште кога тоа се наоѓаше во последниот степен на варварство, кога тука што се формираше како сојузи на племиња, за да мине понатака, во периодот на цивизацијата, во нација. И тој поорганизиран дел, кој главно стоеше на едно пониско варварско стопало, грабечки жесток, кој не познаваше никакво одвраќање кон какви да било средства, се нафрли врз словенските племиња да ги завладее. Но тие племиња, и покрај тоа што беа неорганизирани, својата борба ја водеа долго против тоа бугарско племе.
Ј. Сак`зов: Не заборавајте дека тие беа колонии на Византија и нејзинети потчинети.
Д. Благоев: Потчинети,но независни во својот внатрешен живот.
Некој од левицата: Не ја заборавајте историјата.
Д. Благоев:
Која историја? Таа ли, која вие ја фалсификуате? (смеа) Таква историја ние не ви признаваме. Ние гледаме како е стварноста. Факт е г. г. народни претставници дека имало голема борба меѓу бугарските и словенските племиња на Балканскиот полуостров. И тој процес за кој што ни говори Ј. Сак`зов и кој што го подржуваат и другите не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на словенските племиња на Балканскиот полуостров и затоа ние гледаме потиснување на словенските племиња на Балканскиот полуостров што масовно се преселуваат во Византија и Мала Азија, и од друга страна, одат на југ кон Македонија во која имено се запазува долго време словенското племе.
Г. Данилов: Ама вие сте родом од Загоричане.
Д. Благоев: Јас сум родом од Загоричане,
меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, Македонски Славјанин! (смеа) И како таков ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа.
Д. Благоев: “Ако вие сте убедени дека во Добружда се Бугари, дека во Мавровско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир.... Ако сте убедени дека некаде има Бугари,
зошто вие се плашите да се направи референдум и да видиме што ќе кажат? Зошто се дерет? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области, завладеени од вас, кои, ако се подложат, на референдум....”
(гласно негодување и прекинување на говорникот)
* Извор: Стенограми од Бугарскиот парламент, Современост, јануари1967, стр.79-81