Првиот ден во средно

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Кога стигнав пред школо, класните веќе читаа ученици, (во меѓувреме јас да ти бидам прочитан) и си чекам повик за во клас..., сите влегоја останав само јас и уште еден како мене дудук:LOL: Се срамев многу да прашувам по училниците, па планирав да си се вратам дома :D Сепак не здогледа хигеничарката, ни довика и таа прашувајќи од врата до врата дали им фали ученик на професорите, успешно ја заврши работата. Влегувам внатре,сите се џарат во мене,а јас пак гледам каде има слободно столче.... и оп последна клупа - слободно (желба ми беше да седам во последна клупа среден ред) а до мене девојче :love: ама прозборев тек наредниот ден со неа од оправдани причини :ROFLMAO:(срам). Од тој ден, па во наредните четири години тоа беше еден прекрасен дел од мојот животот, што кога би имал временска машина без размислување се враќам назад:cool:
 
Последно уредено:
Одам сабајле на 1-ви септември,у дворот мал милион луѓе. Едвај се докопав до тие списоците,гледам 1-1 и читам со кој сум се паднал. Кога ќе видам-половина клас беа/бевме фаци од градот собрани у класот.Другата половина анонимуси шо си ја памтам легендарната реченица од тогаш "Кој се овие,од дома дали ги знаат дека постојат" :pos:. Не собра класниот,не качи горе ии почна приказната. Класот ми беше лудница-половина беа/бевме фаци по градот шо уште у 1 година беа познати низ цел град,растени во центар,родителите на сите беа некој и нешто,прошетани,најнова гардероба облечени итн итн. Другата половина беа деца од село,или од периферија на градот,некој забегани ликови итн итн. Кога почнавме си викам ај за едната половина океј,ама каде бе со другата половина?? Првата недела-две сите бевме затворени некако,па ми беше криво шо паднав во тој клас...Фациве се дружеа/дружевме заедно,овие од страна си се држеа заедно и бевме поделени на кланови на некој начин. По тие 2 недели полека почнавме да се запознаваме и станавме прекрасна целина кај шо сите се дружевме еден со друг,без никакви разлики. Од другите класови сеуште не гледаа како фаци,па не не сакаа многу,ама јас отворен за дружба,у секој клас си најдов другари/другарки :D Колку изгубени пријателства иам од средното,посебно од 1-ва година у п.м....Тоа беше почетокот на моето средно,период кај шо се издешаваа најголемите глупости...Пијанства нашколо,кршење на инвентарот(дел ненамерно,дел намерно :D),легендарни бегства од часови,бескрајни седенки у училишниот двор,у 4-та година комарење :pos::pos:.
 
Првиот ден у средно беше... "шо да ти расправам" :D Влегувам во училница и гледам сите фаци изиграват нешто, а јас бетер од изгубен германец :pos::pos: првиот ден помина така едно 15 минути ни расправаа нешто, и после сите по дома. Првите неколку недели се си мислев дали да се преместам во друго школо, ама после се среди работата и сега е супер :D:D
 
На првиот ден во средно се служиш со истото искуство и знаење шо си го стекнал во првиот ден од основно,но овој пат надградено наместо сам седнуваш до уште некој или некоја.
 
Мене не ме пуштија да влезам во објектот поради тоа што навдно не сум бил пристојно облечен; долга коса, пирсови, бермуди и маица антракс/металика или дрес некој.

Така да се сеќавам на вториот ден на кој исто така не ме пуштија. (но влегов со фнта)
 
Терам јас незнам кај возам, убо дете цвеќе за мирисање, од нигде никаде излагат еден сурат излитаен, извинете та и та во која училница се, ок фала. Влегвам натре, уште од старт си седнувам со едно бате шо го знам сеуште небевме целосни за 10минути почнувавме. За 10 минути пристигнуваат сите, е тогај од ко видов со кој ајвани сум(се знаевме претерано добро) почна патешествието претежно составено од разно разни проблеми:ROFLMAO:
 
1. Кога влегов, помислив дека по грешка пак сум влегол во Основното. Околу 35 малишани, сите од истото основно, 20+ души од мојот клас од прво до осмо што бевме. Драма:D

2. Класниот му кажа еден да направи инка од хартија, ја зема и почна да шета низ клупите. Не сте свесни колку мастики беа исплукани внатре .. :icon_lol::icon_lol:
 
Ме потсети на Перо - Руски што предаваше во ГУЦ. :pos:

Видов листа каде и што како на влезна врата и гледам ime презиме на тој од Основно што ми идеше највеќе на нерви во иста училна и клас!!! Ми се слоши... Знам првиот ден се успав и не можев да најдам училната па си отидов дома. Следниот ден се бидна како што треба и се запознав. Смеење што како, па идење на одмор за прв пат во Лептокарија.
Знам дека пукав од среќа кога видов дека овој не бил со мене, туку друг човек со исто презиме и име. Подоцна научив дека тој не беше ништо поарен од овој од Основно. :D Морон што поминуваше со врски и трубење дека татко му е кој знае што. Сега станал наркоман слушам.

Сите професори ни викаа дека сме биле најбеден клас што некогаш го водел Перо. Другите ги шетал цело време во Лесковац, Белград итн.итн..
А бе перо отиде у пензија шо последен пат видов.
Ко Маја, и кај мене испадна така. Прв ден чудно, пошо ниеден не знаев (цело освновно направи трансакција или во Корчагин или во ЈБТ) и испадна јас никој да не знам Фактот е дека најдобриот другар испадна од средно, исто тоа дека сите бевме еднакви и никогаш не постоеше некоја супериорност или лижење за бркање не знам каков статус и репутација.
Иако имавме т.н. loose confederation, имаше и врски со сокласници, мали тепачки и љубоморни испади. Ко ќе ми текне за Џими - македонски (иначе тешко принципиелно човече) го напраивме ѓон во една дискотека...
И да... некни (пред месец) си се собравме за 10ката, кој се зел, кој се развел, кој деца чува, кој фотеља.... али одма бре осеќаш дека фактички многу и не се променило, сеуште тие луѓе сме кои не им е брига шо праел Петко, каков мисир станал Станко, дали Мирка спиела со тони зен или Влатче. Имаше повеќе почитување меѓу нас него ли денешново лицемерие.
 
А бе перо отиде у пензија шо последен пат видов.
Ко Маја, и кај мене испадна така. Прв ден чудно, пошо ниеден не знаев (цело освновно направи трансакција или во Корчагин или во ЈБТ) и испадна јас никој да не знам Фактот е дека најдобриот другар испадна од средно, исто тоа дека сите бевме еднакви и никогаш не постоеше некоја супериорност или лижење за бркање не знам каков статус и репутација.
Иако имавме т.н. loose confederation, имаше и врски со сокласници, мали тепачки и љубоморни испади. Ко ќе ми текне за Џими - македонски (иначе тешко принципиелно човече) го напраивме ѓон во една дискотека...
И да... некни (пред месец) си се собравме за 10ката, кој се зел, кој се развел, кој деца чува, кој фотеља.... али одма бре осеќаш дека фактички многу и не се променило, сеуште тие луѓе сме кои не им е брига шо праел Петко, каков мисир станал Станко, дали Мирка спиела со тони зен или Влатче. Имаше повеќе почитување меѓу нас него ли денешново лицемерие.
Да, али оваа мојава дефинитивно пропадната генерација. И со сите што се видов некако ептен разочарани. Им се враќа во школо.:pos: Иначе и јас не знаев никој. Од цело основно, само јас бев во ГУЦ. :vozbud:
 
Првиот ден во средно хммм...

Првиот ден во средно видов дека познавам едно едвај 3-4ца (од кои само едно девојче од класот во основно) познавам од цел клас од 34 луѓе. Првиот ден во средно видов дека во класот сме 4 машки и 30 девојчиња :sneaky: Нормално, со машките се запознав уште истиот ден, како и со некои од девојчињата. До крајот на месецот се знаевме скоро сите меѓу себе.

Убаво беше да се посматра како некои од пајчињата пораснаа во грди патки, но некои од истите пораснаа во убави лебеди.

Сакам средно пак, прекрасен период од животот.
Плус, 2 партнерки на матурска :rolleyes:
 
У школскио двор насекаде имаше деца и едно време викнаа не пред улазо и почнаа да не читат и тај другаро шо беше со мене го прочитаа и одма после него и мене и така двајцата заедно одеме накај училницата и од 25 деца имаше 4-5 од основно од друг клас тај другаро и другите само на лик ги познаваше ама за 1 недела со сите се здружи и така.
 
Пробав со гимназија на прв уписен рок бев во последните што значи дека не ме примија. Документите во рака и во друго училиште, друг град. Тоа замене значеше нешто ново. Не позанаваш апсолутно никој и си како куче после парење.:D

Првите дена здрвен и никаков како да си сам против сите а после некој ден веќе е друго и лакше се дише. Најлошото нешто беше што не си изградив поинаква структура од самиот почеток, треба да се покажат заби уште од првиот ден!:)
 
онака, имаше доста познати фаци така да не ми беше необично. Е првиот ден на факултет беше доживљај:icon_mrgr: Буквално не се знаев со никого, првите 2 семестри мислам дека ми биле најубави, после стандард.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom