мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.063
- Поени од реакции
- 25.252
Воопшто не мислев на ДДВ. И ДДВ не е воведено од пред 100 години. Можеби и грешам ама ДДВ е од пред дестина плус минус години. Можеби претходно се нарекувало поинаку , но небитно. Можеби и грешам. Во секој случај и пред ДДВ имало даноци преку кој се финансира државата на ваков или таков начин, и не гледам проблем во тоа. Нивната висина е сосем друга работа тоест колку го оптеретуваат просечниот граѓанин.А таа нафта на државата ли ќе биде, или ако на некој у дворот му најде извор, ќе му го земе, а?
Види, Хонг Конг нема ДДВ, па функционира.
Пошто у реалност, ние го финансираме сите заедно, братски, ЈСП и пак плаќаме карти, или судот, или обвинителство, или пожарна, или полицијата кога ќе се степаат тате и бате, така да институциите ем си наплаќаат, ем пак ги финансираме преку ДДВ-то.
За нафтата друг беше зборот а тоа е преку неа да се финансира државата. Можеби ке се најдеше на државно земјиште и ке ја експлоатираше државна компанија и со ќарот ке се финансираше самата држава без да ги оптеретува граѓаните со даноци, напротив и тие би имале бенефиции во смисла на повисок стандард. Бесплатни станови, бесплатно здравство, школство, ефтино гориво, социјална помош итн...
Буквално за се што сега ние плаќаме данок. Е арно ама немаме нафта и толку од тој муабет.
И види не сум јас на пример се да биди бесплатно, но оние основни работи кои значат гаранција за поквалитетен живот на сите граѓани мора и треба да бидат бесплатни. Тоа е школството до одредена возраст пошто јако фајде од народ кој нема да знае да се потпише и да собери два и два , здравството пошто какво фајде државата има од болни граѓани, тие се само терет. Било државна фирма било приватна,било менаџер било работник кога тој е болен е непродуктивен и е терет на цел систем. Богат сиромав исто се фаќа кога неможе сам да си го вади лебот нели ?
За полиција, војска и такви работи воопшто и да не збораме.
Сигурно не мислам на струја бесплатна или храна. Зошто би се мачеле тогаш да напредуваме како општество. Сум работел не сум работел ке имам и за храна, и за струја( топло ке ми биди) итн. Сите ке станиме амеби.
За водата како продукт без кој нема живот а не пак друго можеби би требало до одредена количина по човек да биде бесплатна ( за минимални секојдневни хигиенски потреби( пак поврзано со здравјето)) а се над тоа да се плаќа. Мислам придобивките како општество од вакви мерки би биле многукратно поголеми од трошоците за тие да се остварат, и тоа само по основ на здравствени услуги на кои државата ке заштеди. Па една операција кошта колку едно 4 члено семејство во стан што троши вода за 20 години ( пример онака од ракав го лупнав).