Први мај во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата vselenec
  • Време на започнување Време на започнување
А таа нафта на државата ли ќе биде, или ако на некој у дворот му најде извор, ќе му го земе, а?
Види, Хонг Конг нема ДДВ, па функционира.

Пошто у реалност, ние го финансираме сите заедно, братски, ЈСП и пак плаќаме карти, или судот, или обвинителство, или пожарна, или полицијата кога ќе се степаат тате и бате, така да институциите ем си наплаќаат, ем пак ги финансираме преку ДДВ-то.
Воопшто не мислев на ДДВ. И ДДВ не е воведено од пред 100 години. Можеби и грешам ама ДДВ е од пред дестина плус минус години. Можеби претходно се нарекувало поинаку , но небитно. Можеби и грешам. Во секој случај и пред ДДВ имало даноци преку кој се финансира државата на ваков или таков начин, и не гледам проблем во тоа. Нивната висина е сосем друга работа тоест колку го оптеретуваат просечниот граѓанин.
За нафтата друг беше зборот а тоа е преку неа да се финансира државата. Можеби ке се најдеше на државно земјиште и ке ја експлоатираше државна компанија и со ќарот ке се финансираше самата држава без да ги оптеретува граѓаните со даноци, напротив и тие би имале бенефиции во смисла на повисок стандард. Бесплатни станови, бесплатно здравство, школство, ефтино гориво, социјална помош итн...
Буквално за се што сега ние плаќаме данок. Е арно ама немаме нафта и толку од тој муабет.
И види не сум јас на пример се да биди бесплатно, но оние основни работи кои значат гаранција за поквалитетен живот на сите граѓани мора и треба да бидат бесплатни. Тоа е школството до одредена возраст пошто јако фајде од народ кој нема да знае да се потпише и да собери два и два , здравството пошто какво фајде државата има од болни граѓани, тие се само терет. Било државна фирма било приватна,било менаџер било работник кога тој е болен е непродуктивен и е терет на цел систем. Богат сиромав исто се фаќа кога неможе сам да си го вади лебот нели ?
За полиција, војска и такви работи воопшто и да не збораме.
Сигурно не мислам на струја бесплатна или храна. Зошто би се мачеле тогаш да напредуваме како општество. Сум работел не сум работел ке имам и за храна, и за струја( топло ке ми биди) итн. Сите ке станиме амеби.
За водата како продукт без кој нема живот а не пак друго можеби би требало до одредена количина по човек да биде бесплатна ( за минимални секојдневни хигиенски потреби( пак поврзано со здравјето)) а се над тоа да се плаќа. Мислам придобивките како општество од вакви мерки би биле многукратно поголеми од трошоците за тие да се остварат, и тоа само по основ на здравствени услуги на кои државата ке заштеди. Па една операција кошта колку едно 4 члено семејство во стан што троши вода за 20 години ( пример онака од ракав го лупнав).
 
Во врска со први мај и правата на работниците

РАБОТНИЦИТЕ ЈА ЗАГУБИЈА ВЕРБАТА ВО СИНДИКАЛНО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Синдикалното движење оддумира, работниците ја губат довербата во синдикатите. Само една третина од вработените во Македонија се членови на синдикат, покажуваат резултатите од истражувањето на професорот Андон Мајкошев. Според него, улогата на политиката и мешањето на политичари во највисоките раководни функции во синдикатите,се причини зарди кои работниците се откажуваат од синдикалното здружување.
-Синдикатите работат со страв и резерва и не ги исполнуваат функциите за кои постојат,а доказ за ова се слабите остварувања на најголемите синдикати во земјава, смета Мајкошев.

ПРОТЕСТ ВО КУМАНОВО: НЕМА СИНДИКАТ, РАБОТНИКОТ Е НЕЗАШТИТЕН
Собрани на плоштадот во Куманово, во помал број, претежно стечајци, пензионери и невладини активисти, луѓето велат дека во Македонија не само што не се почитуваат работничките права, туку кај работникот постои и страв да излезе и да се бори за нив.
-Тешко, ништо не се почитува, исбркани сме на улица. Кој има пари, кој е богат, но кој си гладува гладува... македонскиот работник е еден од најзагрозените работници во светот. Овој ден е ден за борба на работничките права но, гледате како се уплашени и дискриминирани работниците? Ако се бореа за своите права, сигурно ќе беа меѓу нас, велат присутните на протестот.
И вработените во државните институции се под огромен притисок. За неистомислениците и партиски неподобните кадри следат дисциплински мерки и бркање од работа- посочува Маријанчо Ангеловски, работник од СВР Куманово.
-Политички прогон постои пред се` на луѓе кои не се партиски припадници на актуелното владејачко раководство. Се наоѓаат низа начини тие да се дискредитираат и замолчат. Да обрнеме внимание дека точката на вриење ќе дојде набргу, доколку не се превземат сериозни мерки, вели АНгеловски.
Тасевска Драгица, пензионер, вели дека дојде на протестот за да ги поддржи помладите работници, стечајците, и сите кои работат за мали пари, а притоа трпат невиден мобинг. Синдикатите, вели таа, не постојат, а работникот е незаштитен.
Од движењето за социјална правда „Ленка“ упатија критики до синдикалните организации кои не се приклучија на денешните протести.
Ангела Богоевска, од „Ленка“ упати остри критики до сите синдикати, кои наместо да го поддржат протестот, одлучија да организираат скара и пикник.
- Првомајскиот протест не е само симболично одбележување на празникот. До владата ќе бидат доставени четири барања со кои ќе се подобрат условите за работа и ќе се почитуваат работничките права.
 
А работникот роб ли е на фирмата и не може ли да си отиде, ако е доволно квалификуван ќе го бараат со клањање еден куп други фирми.
Или тука зборуваме за работници со осмо одделение шо бараат плата од 500 евра? :D
 
Во случајот со Македонија е роб. Во приватно, државно, насекаде...оној што е на позиција се изживува. гаден опак народ сме. Башка христијани со верба во бога, своите блиски, сиромасите и така натаму. Среќа што пензионерите од бившиот систем сеуште се држат па со нивните пензии, живеејќи во куќите од постарите, помладите семејства некако туркаат. Оти не би сакале да живеете под кирија за 150-200 евра со така мали плати.
 
Последно уредено:

А кој им ги плаќа пензиите на тие пензионери :rolleyes:
 
Ајде не изигравај чичко Том жити се.
не знам што ти значи оваа куса реченица. Ти прашуваш нешто неповрзано со темата, јас ти одговарам нешто како е. Ако не ти се допаѓа одговорот, прошетај се по скопските посиромашни населби, ќе се зачудиш како "добро" живеат по неколку генерации во една куќа со се поголем број блокирани сметки, сва среќа со добиените куќи од претходниот систем.
За да може да се појават нашите (ова како економисти треба да го знаете подобро од мене) богаташи и богаташчиња на гала вечери во прескапи тоалети, вонсериски возила, свои шофери и обезбедување, треба некој тоа да го сработи. Големиот број преку ноќ збогатени тедиковци, тинексовци, макпетроловци, веровци, минчовци, трифункостовци, орковци, зегиновци, леовци, силексовци и уште илјадници нивни помали фирми и вазали, им даваат на своите робови без оглед на стручноста и добивката, смешни плати ако може да се наречат плати. Едно нивно возило од 30тина или 50тина илјади евра за просечен вработен се најмалку 1 живот работа. А секој од нив поседува ергели возила, горили, милионски куќи и стотици работници/робови. Поставени за директори во предвечерието на распадот на Југославија, со бесплатно добиени компании, имоти, цели планини и рудници, и тогаш и денес врзани со локалните и централните власти, се лечат со скапи коли јахти и имоти изградени и заработени од нашите родители и од нас. Да не ги заборавам и раководителите на буџетските субјекти кои се однесуваат како татко им да им ја купил фирмата. Во овие кражби од џебот на работниците сесрдно учествуваше и банкарскиот систем кој истите граѓани го спасуваа неколкупати. На нивна сметка распаднати се или се иселени стотици илјади лица.
Епа кој друг ако не робовите ги плаќаат и пензиите и здравството и луксузот ама сево ова би требало да ти е познато.
 
Значи работи заработи да речеме 200-300.000 евра стави ги на коцка прифати да работиш без гаранција за плата дури и може да ти се случи и да работиш и наместо ти да земаш плата да треба да плаќаш за да работиш па дури и сите пари да ги изгубиш па после збори.
 
Да, има рекет у државава наша, има асално крадење како данок, и блокирани сметки, и беда и сиромаштија.
И мислиш дека уште еднаш социјализам, тој претходен систем шо толку му се дивиш, ќе ги реши проблемите кои првенствено ги создал тој ист систем? Види шо им се дешава сега у Венецуела. Да не се лажеме, тоа е социјализмот. Ниедно добро немаме видено од него, и нема ни да видиме.
Југославија се градела после втора светска војна. Кул. Западните земји се градеа 10 пати повеќе.

Клик.

Кој е системот шо не подржува претприемништво, и тоа е на далеку познато? :D
Значи работи заработи да речеме 200-300.000 евра стави ги на коцка прифати да работиш без гаранција за плата дури и може да ти се случи и да работиш и наместо ти да земаш плата да треба да плаќаш за да работиш па дури и сите пари да ги изгубиш па после збори.
Ова е баш како функционира инвестирањето, и како преку ноќ може да ти се деси да останеш без ништо.
Ама еј, како тоа некој да има две коли, а јас да немам ништо, кога он е паметен инвеститор, а јас сум шупак шо единствената вештина у животот му е да ... а, нема никакви вештини, одвај е работен како касиер у Веро.
 
Да, има рекет у државава наша, има асално крадење како данок, и блокирани сметки, и беда и сиромаштија.

Единствено за ова можам да се согласам со тебе. За останатото... Навистина не можам да разберам зошто некој би размислувал така, ако нема некаква корист од тоа(не зборувам за она што го тврдиш за времето на социјализмот, затоа што не можам да оформам мислење за нешто кое не сум го сведочела).

Стефус, друже, ти си сѐ, само рационален не. ;)
 
Значи работи заработи да речеме 200-300.000 евра стави ги на коцка прифати да работиш без гаранција за плата дури и може да ти се случи и да работиш и наместо ти да земаш плата да треба да плаќаш за да работиш па дури и сите пари да ги изгубиш па после збори.
не го сфатив ова што значи и како е поврзано со робовласниците, робовите и пензионерите.[DOUBLEPOST=1399625815][/DOUBLEPOST]
Ова е баш како функционира инвестирањето, и како преку ноќ може да ти се деси да останеш без ништо.
Ама еј, како тоа некој да има две коли, а јас да немам ништо, кога он е паметен инвеститор, а јас сум шупак шо единствената вештина у животот му е да ... а, нема никакви вештини, одвај е работен како касиер у Веро.
Те молам, во што тоа инвестирале олигарсите и нивните пулени или помали браќа и братучеди?
 
не го сфатив ова што значи и како е поврзано со робовласниците, робовите и пензионерите.

Нема логика. Ти му зборуваш за работничка класа, тој ти кажува за цифри кои се возможни само ако си надвор од Македонија, или си на некоја висока позиција.
 
Тоа е, на различна бранова должина сме. Темата е за правата на работникот, права кои ги изгуби (од одмор, празници до редовно работно време и екстра приходи) со влез во овој т.н. транзиционен период (можеби почетен облик на некојси капитализам, не знам). И за права на работникот во светот. Веројатно и двајцата форумџии говорат од аспект на сопственици на фирми, олигарси или генерално т.н. работодавци. Можеби треба да се отвори посебна тема за правата на работодавците....како стигнале до тие имоти и средства, всушност каде живеат и дали погледнале надолу, од каде што потекнуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom