Како ептен мал со дедо ми му правев друштво кога продаваше чај.Накривено капче, мутава фаца и безброј прашања. Нишо не праев нити му помагав нити нишо, знам само дека мојата љубов за кебапи почнува тогаш.
Првата плата иако хонорарна но сепак заработена, беше како статист во наше маало и беше за 3 дена 750 денари. На 10 години тие 750 за мене значеа многу родео сладоледи, многу саати на ,,мустафа,,(забораив точно како беше името), тренинзи за текен и 100 денари у каса за сони 1(од секогаш сум бил сонувач).
Последниве две години стаам фалери во весници прете=но летен период околу 10 тина дена, за 450 денари дневно, али многу кретенски се осеќам пошо има брдо идиоти и глутница баби шо замараат како да си им зет. Не дека не ми е дојдено до пари, ама си го чувам здравјето.
Парите ги потрошив на одмор, пиење, чат-пат облека и така.
Инаку склучувам договор со сам себе дека почнувајќи од платава летово, не е ни плата пошо се илјадарки по број помалку од прстите на едната рака, да си купувам саат. Иам и нешо сочувано, нешо ќе се добаци и ќе се има добар буџет. Не се гледам себеси на сито работно место цела кариера па така секоја ,,прва,,плата ќе си купувам нов саат. Ако имам и да патувам низ светот, од ниедно патување не ќе се враќам без саат од тоа место.
Јас ги сакам затоа што ми се премногу елегантни и на префинет начин ја истакнуваат естетиката на модерната технологија
.
За трошењето пари, оној кој троши има, оној што иако има не троши, никогаш и немал.