Првата љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrue
  • Време на започнување Време на започнување
Штом ја прочитав темава, се насмеав и помислив на моето љубовче.. На него навистина му посакувам се најубаво во животот, го почитувам, сакам да е среќен, заљубен уште повеќе во мене :D
 
Аххх првата љубов...треперам кога ќе се сетам на него....
Се викаше Влатко. Учеше во Моша, имаше пирс на веѓа, 30 неоправдани, укор пред исклучување
и пушеше вест црвено. Со еден збор беше се` што би можела да посака една шеснаесетгодишна девојка. Не ми беше прв дечко, имав ја дечковци и пред него, али ниеден од нив не ми значеше ништо. Пошо ниеден не беше како Влатко. Учеше заедно со еден другар од маало и тој не запозна.
Седевме у дворот на градинката, пиевме некое евтино вино помешано со степ од боровница, тегневме цигари и вртевме некои високоинтелектуални муабети. Се топев од среќа додека ми раскажуваше како ја опцул наставничката по македонски , како му ги дупнал гумите на комшијата и како ја крадел колата на татко му. Цртав срценца со нашите иницијали по тетратките, се замислував со неговото презиме, сонував како ќе имаме три деца и златен ретривер.

But it wasn`t meant to be.
Бев втора смена у школо и пред да тргнам сакав да се слушнам со љубовта на мојот живот.
Свртев кај него дома, го побарав и се шокирав. Татко му ми рече дека Влатко седи со девојка му.
Хммм....што ли би можело да значи ова?! Није ваљда могуче дека ме вара? Не, тоа едноставно не е можно, па сите знаеме дека машките не изневеруваат. Никогаш!
Оваа наизглед нерешлива мистерија ме измачуваше цел ден. Некаде на петти час, додека наставничката по географија дрвеше за бројот на мисирки у Тунгузија, доживеав епифанија. Еурека!
Според Авогадровиот закон и Клапејрон-Менделеевата равенка, едно тело не може да биде на две места истовремено. Така што јас сигурно не бев со Влатко сабајлето, од причина што бев во мојот топол дом. Дали тоа значи дека бил со некоја друга?! Сепак, трошка надеж се`уште тлееше во мене.
Се вратив од школо и му се јавив на другарот што не` запозна. На мое големо изннадување, ми кажа дека Влатко, дечкото од моите соништа, у исто време идел и со Бети од трговачко, Марија од ветерина и Ивана од Карев. Како и да е, немав намера да му се препуштам на очајот и решив да преземам радикални мерки.
Наредниот ден, станав рано, отидов на бувљи пазар, купив некоја стара униформа и војнички чизми од ЈНА, како и два ловечки ножа, а вечерта тркнав до Џон Кенеди и набавив чешка зброевка на црно.
Се вратив дома, ја облеков униформата, ги обув чизмите, го ставив пиштолот на појас, ножевите у чизми, врзав марама на чело као Рамбо, се прекрстив пред иконата на Клара Цеткин и се заколнав дека ќе го посветам мојот живот на истребување на најголемото зло во светот - мажите.


Се заебаам бе, си ги сакам ја мажите, само ми беше малце досадно.
 
Оливер од Дајте Музика.

Само во трегери го гледав и таа негова неприкосновена руса шишка. После тоа и Раде го љубев, дека црн и маркантен уште ко мал.
 
Сигурно дека не е последна...барем да се надеваме. Не правиме муабет за таа љубов од 2ро 3то оделение кога си мислел дека си заљубен..жити мајка. Баш она љубов љубов, на секому различно... у средно, факс покасно нема везе. Факт е дека таа прва љубов е посебна, појака, во тој момент изгледа совршена, се одстрана изгледа не толку битно...ама секое нешто мора да заврши. Али за траење трае... и ке си остане у добро сеќавање , дрхтење после години години... тоа е тоа . После првата љубов останува само секс, дрога и рокенрол ! :)
 
Симона глупата, јас планирав да ја женам, она се мувала со цел клас, а јас оди по ладното до кај неа на училиште на -35 степени и гушкај ја до дома......ова средно ко бевме, та е помала 1 год :tapp::гомце::facepalm:(n):place::confused::mad:.
 
Првата љубов....хм... никој не ме возбудил толку да го наречам (прва )љубов ,,,како се заљубувате бе така шо ви го зема умо и ви грча цревата во стомако...мене ми е така само ко че имам пролив ама да ми лета пеперутки во стомако ко че мислам на некој :не :не :(
 
Вики од маало. Се криевме заедно кога ќе игравме куку и тогаш започнуваше моето додворување и обиди да добијам бакнеж, а таа добиваше по милион. Уу коа ќе ми текни какви се тактики сум правел за да ја освојам, јаоо пичкариште сум бил како мал. Се сменаа годините, јас престанав да ја сакам, а таа подоцна се заљуби во мене. Врти кругот јебига. Сега ја избегнувам иако знам дека сеуште има чувства спрема мене, али не сакам да и бапнам корпа. Кога минаа 14 години еееј, ама ни беше убаво.:)
 
Темава ме насмеа! Ми текна на децките дремиња... Мојата прва љубов!! За прв пат се вљубив во 5одд, и он беше вљубен во мене па си праќавме писма... хаха бидејќи живеше кај мене во малоо, Па се фативме а тогаш ние мислевме дека ако се фатиш со некој значи за рака да се држиш.. хах тама идевме за рака фатени и во образ се бацувавме гледавме цртани филмови заедно хаха. Баш интерено беше !!! :)
 
ехххх првата љубов никогаш нема да ја заборавам ....го сакав 5 години лудило што ли уште се не правев за него на крај бев со него ама само 10 месеци и толку ништо повеке ама сепак ми беше супер знам само дека во секој нареден барав да има нешто слично на него
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom