Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.



си делевме детски бакнежи, а кога ќе ми ги фатеше рачињата се осеќав како да ќе полетам. Немавме врска зошто сметав дека сме мали, па во прва година кога си фати девојка комшиите ги кренав на нозе од плачење.


. Воедно, фала му на Бог што исчезна од мојот живот на време. Кој ќе ја трпеше денеска...само убавината и остана. Се останато што она поседува е спротивно на она што јас го барам кај едно женско 

Се разделивме зашо тој отиде во Америка размена на средношколци, се обидовме на комуницираме додека беше таму, ама тешко идеше, знаете врска на далечина, не иде. Тој таму започна врска со Американка, се скаравме, разделивме. По некој месец и јас си фатив дечко па која ТОЈ си дојде од Америка јас бев во врска... По една година почна пак да ме бара, почнавме да се гледаме, ама кога-како, не беше веќе тоа тоа. Ете, сум се вљубила, сум сакала, имав уште една долга сериозна врска... Ама никогаш не беше такво чувство, таа првата љубов останува. Јас вечно ќе ја паметам, некогаш со солзи, некогаш со насмевка.
)
Типот беше (и уште е де) постар од мене 2 години. Одеше во истото основно школо и живееше на помалку од 5 мин од мене
Можев да му ја видам зградата од кај мене од соба. И дури и си најдов најдобра другарка што живееше кај него во зграда а беше во одделение со мене. И секој ден му бев пред зграда. И само преку другарка ми комунициравме
Знам дека и дома му бев на гости. Неговите многу ме сакаа
Имаше 2 мачки. И јас најдов разгледница која имаше на слика мачки многу слични на неговите и уште ја имам негде по дома. Наредната година беше во друга смена и многу ретко го гледав. После тоа се пресели во Аеродром и многу бев тажна
Го гледав чат пат кога ќе дојдеше да си ги види другарите и срцето секогаш ми чукаше ко ненормално. И секогаш имаше онаква шмекерска насмевка. И секогаш само ми кимнуваше. Мајка ми еднаш се видела со мајка му на забар, некоја година откако се преселија и броеви си размениле. Никогаш не му се јавив, нормално
И испадна дека не ме заборавил. Абе, радости. Значи, ова после 10 години скоро. И се договоривме да излеземе. Се смеевме што сме правеле ко деца
Се смувавме, ама многу беше неозбилен, и ми требаше некое време да сфатам дека е слаткоречив и нема намера за ништо повеќе. Се разочарав малку, ама ми помогна да го пребродам многу брзо. И после испадна дека и на исти факс идеме 