Прв приватен универзитет - Европски универзитет

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Па исто и приватните. Само што малку повеќе лапкаат. Кај државните бар уште на почеток знаеш што добиваш.
На приватните предноста е условите за студирање,
на пример мојот смер информатика, на државните нема доволно компјутери во факултетите,
преголема предност се дава на математика, физика и електростручни,
повеќе квантитет одколку квалитет:toe:
 
Има некој запишано на стоматологија? Да каже кои се трошоците? Оти не можам да најдам инфо на нивниот сајт.

And by the way, кога треба да ги однесеме документите? Оти платив 500 евра, сега уште 1000 ми останаа и документите да ги поднесам.
 
Кога ќе ги земеме дипломите од средно, во Август со свечени цереминии 300 глупости.
Не бери гајле, имаат телефон за контакт од нас, така да би требало да не исконтактираат ако доцниме со исплата:toe:
 
Океј. :) А ќе има некакви подготвителни, математика (ако има, сакам да одам оти не бев многу активен во средно), англиски (не оти ќе ми треба, го знам англискиот повеќе од македонскиот) и слично?
 
Имаше пред матурата подготовки по сите предмети што се за полагање матура(македонски, математика, англиски, информатика и уште неколку).
Јас бев 3 или 4 дена. Асистентите ми оставија одличен впечаток, посебно Боби по информатика(тој го уредува официјалниот веб-сајт) и Александар Соколовски.
Сите се љубезни, насмеани, полни со знаење, подготвени за соработка, трпеливи кон оние побавно што апсорбираат знаење, се смееја на шегите, а не како професорите во средно, ако се насмее некој да фрли остар поглед. Воглавно првите впечатоци беа одлични:helou:
 
Знам за тоа. :) Прашањето ми беше дали ќе има некои подготвителни за тие што ќе се запишат прва година. Пример, од почетокот на септември да почне подготвителна настава. Слушнав такво нешто, ама не разбрав точно, а, yeah, ме фаќа мрза да се јавувам до факултетот. :p
 
Добродојде на информатика...само ќе ти кажам господ ќе го видиш ... :vozbud: и јас и ти ... :))) ... премногу математика ако си слаб бегај друго...
 
Не да сум слаб. Ама не обрнував "многу" внимание. :)
 
Приватен, државен исто ти се фаќа. Ако сакаш да учиш, ќе си учиш и на приватен и на државен универзитет. Ако сакаш со пари да проаѓаш, ќе пројдеш секаде. Единствена разлика е во тоа што на приватен имаш подобри услови за студирање, ама затоа и си плаќаш повише :helou:
 
Има некој од форумов што се запиша на правен смер на факултетов???:helou:
 
Добродојде на информатика...само ќе ти кажам господ ќе го видиш ... :vozbud: и јас и ти ... :))) ... премногу математика ако си слаб бегај друго...
Нема везе тоа ептен е лесно и математика и се на европски.

Приватен, државен исто ти се фаќа. Ако сакаш да учиш, ќе си учиш и на приватен и на државен универзитет. Ако сакаш со пари да проаѓаш, ќе пројдеш секаде. Единствена разлика е во тоа што на приватен имаш подобри услови за студирање, ама затоа и си плаќаш повише :helou:
И не е исто на државен каде каде ќе научиш повеќе отклку на привате само на државен не се сериозни профосорите и условите не се добри иначе кадарот што излегува од државните факултети е 100 пати подобар од приватните .(барем за тие што учат)
 
Ај кажи ми зошто ќе научам повеќе на државен?
 
Друже, ја да ти кажам нешто, имав цимер оваа година на овој универзитет, економија беше запишан, еднаш не влезе во читална, у две недели еднаш на факултет идеше, и на испити си полагаше и си има оцени сите 6-ки. Кога во јуни спремав испит Економика, си викам ај да го прашам нешто да каже, не знаеше што е инфлација, а за еден иден економист тоа е недозволиво... На државен, ќе се утепаш од учење за бедно 6-че, и пак не се знае дали ќе го добиеш. Тука, без учење, со препишување на велико, си вадеш 6, а малку ако се запнеш, ќе си имаш 10. За 10, барем на повеќето државни, треба да не станеш од книга.
 
Ако разбрав јас, другар ти ништо не научил оти не учел, не заради факултетот.
 
Убаво си разбрал, но пропушташ нешто: другарот се` положи со 6, а не знае ништо, на државен факултет, со неучење нема да добие 6. Поентата ми е, на ЕУРМ не учат а си добиваат прелазни оцени, додека некој на државен со добро учење не може да добие ни 6, па види сега каде подобро те спремаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom