- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Протестираат родители и студенти пред ФОН на Фијат Цаноски
Ова е срам за еден универзитет кој постојано се рекламира како најдобар. Мојот син се запиша на ФОН зашто имаа факултет за спорт, бидејќи цел живот е спортист. Сега ни велат нема да студира тоа што сака тој, туку тие што сакаат, вели Јулијана Ристевска, мајка на репрезентативецот во скијање Антонио Ристевски
Десетици студенти и нивните родители се изиграни од страна на Универзитетот ФОН, на самиот старт на академската година. Раководството на ФОН ги известило дека нема да можат да го продолжат образованието на факулетот кој тие го одбрале - за спорт и спортски менаџмент, бидејќи истиот се укинува.
Според зборовите на Јулијана Ристевска, мајка на репрезентативецот во скијање Антонио Ристевски, минатата недела биле повикани од страна на надлежните во ФОН да им биде речено дека нејзиното дете нема да може да студира спорт и спортски менаџмент, бидејќи на овој факулет немало доволен број пријавени кандидати.
- Не повикаа една недела пред почетокот на учебната година да ни соопштат дека се укинува факулетот за спорт и спортски менаџмент, поради економска неоправданост, односно немало доволен број студенти. Ни понудија децата да ни студираат на економскиот факултет, за подоцна да специјализираат спортски менаџмент - изјави Ристевска.
Таа вели дека во преддоговорот кој го потпишале со директорот на ФОН, во ниту еден член не пишува дека студиите можат да се укинат доколку нема доволен број студенти, а запишаните да се префлат на друг факултет.
- Мојот син се запиша на ФОН зашто имаа факултет за спорт, бидејќи цел живот е спортист. Сега ни велат нема да студира тоа што сака тој, туку тие што сакаат. Ова е срам за еден универзитет кој постојано се рекламира како најдобар - додава Јулијана Ристевска.
Како што напомена родителот на репрезентативецот во скијање, заедно со нејзиот син се откажале уште дузина студенти, дел прифатиле, а останатите, според нејзините зборови, воопшто не знаат што се случува на ФОН.
- Земавме кредит за студирање и уплативме 850 евра, како дел од школарината, како и 7900 денари за униформа. Сега треба да ни ги вратат парите. Рекоа дека ќе го сторат тоа, но не поединечно, туку кога сите ќе поднесеме барање за враќање на средствата. Кога ќе се случи тоа, не знам - напомена Ристевска, додавајќи дека размислува и за поднесување тужба против ФОН.
Таа вели дека ќе го чекаат третиот уписен рок на државниот универзитет, за нејзиниот син да конкурира на факулетот за спорт или ќе биде принуден поради ваквиот однос на ФОН да паузира една година.ИЗВОР

Ах тој нов закон за високо образование...Јеби га, ова е дел од придобивките на програмата „факултет за секое дете„... Е сега вратете ни ги парите, не може, изгоре лончето...Ќе мора да се заангажирам да отворам еден приватен факултет...добар бизнис, лаф нема...:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: