Протести во Тирана, тројца мртви

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
^ Но и ти ќе извиниш ама Албанија е во НАТО...во Албанија има многу инвестиции....туризмот е многу развиен....

А тоа што го бара опозицијата може да го бараат уште 100 години но со денешниве случувања направија самоубиство!

Да де, пошто инвеститорите сакаат мирна држава, со нормална бизнис клима и луѓе, стабилна внатрешна политика и затоа инвестиции на секој чекор има.
 
Не би рекол. Тоа во собранието со жените и нудистичките плажи беше самоубиство.
А клипчињата со корупција ќе им се удрат од глава на позиционерите.

Моментално ништо не им се може на позиционерите :)

А за ова денес ај ќе почекаме неколку денови и ќе видиме што ќе се случи откако ќе откријат кој ги убил 3-те демонстранти!
 
Браво Албанија сега докажавте дека сте демократија, нека види Македонската влада што значи народ на улици и нека бере памет.... Народ те крева народот те бута ... Уште еднаш браво за Албанскиот народ
 
демонстрациите се демократско право, убивањето луѓе не
секогаш сум за демострантите за што и да се бунат, но штом има жртви, не заземам страна
 
На кој начин биле убиени тие тројца? Истрели... од блиску, од далеку?
 
нај штосно е шо вчера на А1 на вестите кажуваат 200.000 демонстранти а на Канал5 20.000......
 
По странски форуми што прочитав од некои членови Албанци кои ми се чинат како паметни луѓе уствари ситуацијата е слична како кај нас. Имаш избор меѓу ладно говно и топло говно, кој и да избереш си избрал говно, плус на последните избори сите партии со сила пробале колку можат да полнат кутии и оние који највеке викале демек победиле (со неколку глупи коалицирања и сличи убавини) менторите од западот за да не се замараат ги прогласуваат изборите за валидни и едната мафија доаѓа на власт и продолжува да краде каде застанала педходната.

И позицијата и опозицијата си има свои насилници кои се обидуваат да направат рчка во гужва и да ги обвинат другите.

Нормално највеке страда народот.

Кој знае што ке се деси
 
Боби[Мкд];4040873 напиша:
Да де, пошто инвеститорите сакаат мирна држава, со нормална бизнис клима и луѓе, стабилна внатрешна политика и затоа инвестиции на секој чекор има.
Ти прво заврши економски, а после ке магистрираш :smir:
П.С за тоа што се случува во Албанија не значи дека ке запрат инвестициите ..
 
И епик коментар на албански политичар од кај нас, изјавата по повод нередите во Тирана одеше вака, пртестирањето били демократско право, но овде ние не требало да го земаме тој пример.
Седете народе, не се бунете. Уствари шо има врска, ние и онака не се буниме. Сеј ноу мор.
 
На Албанскиот веб портал Шекули успеавме да го пронајдеме аматерското видео на кое убаво се гледа како е убиен еден од тројцата цивили за време на демонстрациите во Тирана.

Текстот на гореспоменатиот веб портал е со наслов 'Видео шок: Еден демонстрант убиен од страна на Премиерот'.

Убиството се случило вчера околу 16:00 часот пред зградата на поранешниот Централен комитет и очигледно демонстрантот бил застрелан од страна на снајперист директно во лице, известува порталот Шекули.

pogledni go videtoto od tocka
 
Ми се чини или беше погоден еден од најмирните во толпата?:nesvest:
 
Баш тоа беше она што го кажав додека го гледав...
Само многу сумливо падна типот за истрел во глава... многу чудно...
 
САД ја затвори амбасадата во Тирана

Состојбата во Тирана, по петочните крвави антивладини протести, и понатаму напната, посебно по најавите за продолжување на протестите од страна на опозицијата и најавата на премиерот Сали Бериша, за мирен протест во среда, како одговор на насилството.

Атмосферата, дополнително ја загрева одбивањето на полицијата да го реализра налогот на обвинителството за апсење на шесттемина високи старешини на националната гарда, меѓу нив и првиот човек, генерал Ндреа Пренди кои според обвинтелството се виновни за смртта на демонстрантите.

Наместо реализација на налогот, премиерот Бериша, сите полицајци и гардисти ангажирани во петокот за зачувување на безбедноста на државните инситуции ги награди со по четири месечни плати, оценувајќи дека тие делувале според законот.

Протестите и опасноста од нови насилства се причина американската амбасада во Тирана привремено да ги прекине своите активности. Во очекување на нови протести во Тирана и други градови во земјата, како што стои во соопштението, на своите граѓани им преорачува да бида многу вимателни и да го ограничат движењето.

И додека Рама и Бериша тераат по свое, шефот на државата Бамир Топи, повторно со апел за итно стабилизирање на тешката состојбата во која се најде земјата, побрзо враќање на јавниот ред и мир и започнување итен политички и иниституционален дијалог. По средбите со странските дипломати, на кои е искажана голема загриженост, побарано е од политичките партии да се вратат на дијалогот, почитувањето на државните институции и да покажат умереност што е од витално значење за иднина на Албанија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom