Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата PSYtisfaction
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално за очекување контрапротест на протестов.

Не ми се верува, за вакво нешто да организираш контрапротест, е па на тие контрашите дупло треба да им се зголемат сметките, море и на сите Вмровци оти се многу богати и напредни, да плаќаат повеќе од нас обичните незадоволни граѓани.
 
:facepalm: И што сега? Ќе ме маваат со расипани јајца кога ќе отидам на следниот протест на АМАН? Или ќе се придружат?
 
Сериозно, кој беше првиот контрапротест од кој започнаа сите овие? (да протестираш против протест против поскапување, лвл оф идиотизам?)
Од тој за Мартин Нешкоски започнаа идиотштиниве.
 
Кој талент треба да си за да организираш или пак да одиш на ваков контрапротест!!!

Are they serious?! Не очекував контра протест.Летнале со умот сите. :facepalm:
 
Веќе од ништо не се изненадувам. Некогаш ако се испадне на протест да се бара затвор за некој убиец, овие утепаниве ќе испаднат на контра протест за слобода на убиецот. :eek:
 
Кој талент треба да си за да организираш или пак да одиш на ваков контрапротест!!!

564302_337724579650817_2085070637_n.jpg
 
Јас давам протест поради протестот за протест против поскапувања.
 
А да ги праша човек зошто се испаднати на протест нема да знаат, ама не се они криви, така ги тераат тие над нив, им викаат да испаднат на контра протест или нивните родители, или евентуално они ќе летнат од работа.
 
А да ги праша човек зошто се испаднати на протест нема да знаат, ама не се они криви, така ги тераат тие над нив, им викаат да испаднат на контра протест или нивните родители, или евентуално они ќе летнат од работа.
Еве една таква глупача.
 
Нормално за очекување контрапротест на протестов.
Вака јас гледам на ситуацијата:
Со Законот за енергетика од 2006 е формирана Регулаторната комисија и од тогаш енергетиката е во ваква ситуација. Законот за енергетика од 2011 само е проширување на претходниот Закон.
Според тие Закони за сите прашања, цени услови и се друго одлучуваат самите претпријатија, а само некаде амин дава Регулаторна. Што значи претпријатијата можат прават што сакаат.
Граѓаните - потрошувачите не се ниту спомнати, а камо ли да имаат право нешто да одлучат.
Едно сакам сите да знаете - Ова што го прави Топлификација е измама и кражба и ако некој ја подржува Топлификација, треба да знае дека подржува обични криминалци.
Затоа не верувам дека некоја сериозна партија стои зад овие контрапротести. Веројатно се работи за некој сили на локално ниво.
Ќе видиме, времето ќе каже....
 
Затоа не верувам дека некоја сериозна партија стои зад овие контрапротести. Веројатно се работи за некој сили на локално ниво.
Ќе видиме, времето ќе каже....

Јас верувам дека скроз полуде народов во Македонија, ама начисто скроз е одлепен и во иднина очекувам на секој протест да има контрапротест и така натаму.
Искрено под ниво ми е да дебатирам за контрапротест за покачување на комуналии, кога ја видов оваа вест и кога видов интервју како даваат зошто протестираат дел од мојот мозок умре. Значи јас немам зборови да опишам што се случува овде, ова ја победува секоја дефиниција за нормално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom