Протест за визно олеснување!

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Имаше едно време со Миленко протести за визно олеснување. Епа давам предлог ако некој/а биле дел од тој протест на форумот да се организираме пак за да се одржи тој протест, баш кога е екот за решавање на тоа дали да има визно олеснување.

Сега е вистинскиот момент за тоа, кога се решава во Брисел. Миленко може тоа да го проструи по медиумите, да се организира таа работа сабота кога сите се слободни и пред ЕУ во Скопје, со официјални покани до сите амбасадори да има една трибина и да се оддржи тој протест. Ќе организирам некои луѓе од Битола и тие да дојдат на тој протест, ако треба говори да се одржат итн.

Поздрав.
 
дали сте нормални? со протест ќе барате? што, не одбија па за да има протест? дали сте свесни дека нема да допре до нив? дали сте свесни дека владата треба тоа да го реши. народот ќе се бунел, ќе протестирал... паметот на миленко ете ти го.
 
Сепак неможам да се помирам да стојам со скрстени раце и да чекам да ми сервираат на Сител што треба да очекувам, а на Канал 5 што не треба.

Вака барем ќе дадеме поддршка/до знаење за што сме младите во Македонија цврсто определени.
 
Мислам дека секоја година се протестира за ова. И шокур се доби? НИШТОООО
И што ќе ти виза, ќе бегаш од МАКЕДОНИЈА? Не ти се свиѓа земјата?
Напред за визен патриотизам
 
Визното олеснување не значи и добивање на работна виза!

Сакам да излезам од Македонија, да прошетам низ Европа, да видам се што е како е, културно да се обогатам, а не да ме малтретираат по амбасади, да одам на разговори за 5 дена престој во Словенија.

Основно човеково право за слобода на движење. Тоа мене ми е ускратено со тој визен режим.

А патриотизмот не се мери со тоа кој/кога/и зошто ја напуштил државата туку која беше причината за напуштање на државата (причинителите - оние со дебелите газови во фотелите наречени политичари).

Никој неможе да глуми лудило и патриотизам кога се тони од ден во ден.
 
да бе, ти со уште 142ца ќе смените. кур ги боли за вас, си имаат они планови други што ќе си ги реализираат. ко што направија ОГРОМНА промена претходните протести за името што беа. еве, владата прекина со преговорите. топ. ха-ха.

Мислам дека секоја година се протестира за ова. И шокур се доби? НИШТОООО
И што ќе ти виза, ќе бегаш од МАКЕДОНИЈА? Не ти се свиѓа земјата?
Напред за визен патриотизам
1, за тоа зборев и јас погоре =)
а за болдот, исто си точен. излив нагло ќе има од државава =)
 
Визно олеснување =/= работна виза!
 
Ако сами по себе олабават со тој банален режим како што обеќаа(дали они или владва не знам ) ок,али ја да чамам пред амбасада некоја да молам некој безпигментен буљаш да ме прими кај него да трошам пари и да се сликам на знаменитоси,тоа јок.
 
Визното олеснување не значи и добивање на работна виза!

Сакам да излезам од Македонија, да прошетам низ Европа, да видам се што е како е, културно да се обогатам, а не да ме малтретираат по амбасади, да одам на разговори за 5 дена престој во Словенија.

Основно човеково право за слобода на движење. Тоа мене ми е ускратено со тој визен режим.

А патриотизмот не се мери со тоа кој/кога/и зошто ја напуштил државата туку која беше причината за напуштање на државата (причинителите - оние со дебелите газови во фотелите наречени политичари).

Никој неможе да глуми лудило и патриотизам кога се тони од ден во ден.

Да да, и јас се викам Џејмс Браун. Абе Блогерџија, сега нешто ќе се лажеме. Глуп сум?
Само што се почна муабетот за безвизен режим, пола Македонија спрема куферите да фаќа џаде.
Зошто?
Еве ќе прашам зошто си Блогерџија а не Порталџија? И ќе одговорам. Зашто во оваа земја нема кеш од порталот за "реновирање" на порталот. А блогот е гага работа и треба само слободно време:)

И јас планирам да киднам од тука, за боље иднина. Не ми стало до шетање и културно-едукативно хранење на мозоков, на крај краева за такви ствари имам интернет:) туку ми стало до парите што ги дадов и трудот што го имам вложено за сертификација, а тие сертификати за жал тука можам да ги искористам кога ќе снемам тоалет хартија.

Заеби протест, имаше еден фраер на протестот пред две или три години што си ја искина визата. После тоа пак аплицираше за виза, ама уште чека :wink:
 
Шенгенскиот ѕид паѓа...веќе ги слушам темелите како се нишаат.:toe:
Иначе јас прв пат влегов во ЕУ на 6 мај годинава преку Словенија,а излегов на 19 мај низ Унгарија.Се враќам дома и си викам:па добро бре упм кај живеам јас????:toe:
 
Епа тоа е тоа. Ќе си останиме на дното како што и сме последните 600 години. Патиме од сопствената неспособност како народ. Имаме неспособни политичари да донесат ред и пари во државава. Имаме народ кој не ни сака да се потруди да се смени како што праат во другите земји и се така во круг сите овие години.

И на крајот вечниот скептицизам и се се урива.

На крајот ќе најдеме маани и на визното олеснување.

„Какви патриоти сте вие што ја напуштате земјата да работите за некој Германец“ (кога ќе дојде тој ден, се разбира).
 
Македонија судбина те еба.
Тоа ти е судбина на уметникот Блогерџија, едни те величају а други проклињу
 
Можеби најголема придобивка ќе имаме од без визен режим (ако биде), тоа што нашите локални олигарси веќе нема да ја користат онаа позната реченица кога конкурираш за работа: “Знаеш колку има ко тебе што конкурираа? Еве ти плата, ако ти е малку, друг ќе работи место тебе“. А плата - срамота така да ја нарекуваш.
Ви звучи познато? Сега кој нема да биде задоволен од плата, сигурно ќе проба да кидне на Запад. А такви има колку сакаш, барем така се изјаснуваат.
Конкуренцијата е здрава работа...и за работници и за работодавци....
 
ајде да организираме протест за подобар живот!
овајј неее бе...

абе ајде што ви текнало за се протести ...

визно олесување никоја држава не добила со протести, сите добиле преку исполнување критериуми и политика..

што се однесува до ставање на знаење дека македонската младина е заинтересирана да прошета по европа, нема никаква потреба оти сите многу добро знаат дека секој во македонија сака визно олеснување..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom