Што не е в ред со тебе?! Дали имаш поим што зборуваш?! Дали знаеш што значи секуларна држава и како воопшто се практицира верата? Дали ти живееш во Македонија?! Ова е секуларна држава и немој да се обидуваш да наметнеш нарушување на таа секуларност од страна на Христијаните. Мерко отиде во Струга да поддржи верски протест, вината барај ја кај него!
Дали е секуларно , што поповите крстат на секоја пригода , во државни активности , без разлика дали се работи за училиште , фабрика , пат ...
Државата не е секуларна за муслиманите , затоа што имамите ги нема нигде.
Ако е држава на рамноправни граѓани , тогаш рамо до рамо со попот треба да биде и оџата на државни активности кои се однесуваат за граѓаните од сите вери.
И, уште нешто, Нијазија да беше жив немаше да дозволи да ги асимилирате Македонците, ниту ќе проповедавте на албански по џамиите... Бог да го прости, ама Лиманоски додека беше жив имаше ред!
Нијазија не може да влијае врз животите на цел народ ... особено не денеска , преќу ноќ можам да се декларирам како германец , и никој не ми може ништо , ќе сменам име и презиме , вера и обичаи , мое право.
Торбеши, Каури... што е следно? Со кое погрдно име ќе ни се обратите? Се` едно која е мојата вера, јас сум Македонка! Нема повеќе да ги викаш Торбеши, оти ни јас не те викам албанец (овде стои погрдно име на Ш) тебе!
Не ги имам “крстено“ јас така , туку самите тие ... се обидувам да го почитувам тоа ... ако ми рече некој дека е македонец муслиман , јас така ќе го почитувам.
Ако ПЕИ има добиено 10.000 гласови во тие села , а ПЕИ вели дека ги претставува Торбешите , тогаш што не ти е јасно тебе.
Да не си ти таа која сака да ги навреди торбешите нарекувајќи ги македонци муслимани.
Ако јас те нарекувам поинаку тебе , тогаш наречи ме и ти.
Ако сте толку силни мажи појдете им на Вевчанци и кажете им што ви смета! Зошто уништувате верски објекти кои не се на Вевчанска територија? Што ми се силите овде на форум или пак во Струга пред општинска зграда? Јас, ниту пак останатите жители на оваа држава не сме виновни за случувањата во Вевчани.
Верските објекти од одамна се на таргет ... не само црквите ... можам да соберам тука како се испишани навреди на џамии во Македонија.
Пред да се случи оваа во Битола ... велевте: кој сте вие да применувате своја правда , кога има институции.
Кажи сега , зошто битолчаните го направија сличното ?
Не се силиме на форум , кој каде протестира нема врска ... важно да има дозвола и да биде мирно.
П.С. Смачено ми е! Сте се научиле само да се жалите и да се борите за некакви човекови права, без притоа да видите што се случува на терен! Вевчанскиот карневал е познат по солени шеги. Вевчанци и во бивша Југославија гг пердашеа комунистите, ама никој не се пожали. Сите сфатија што се случува.
Цел свет да дозволи нешто лошо ... тоа останува и понатаму лошо.
Ако комунистите дозволиле , муслиманите не дозволуваат да бидат дел од тој “светски познат карневал“.
Видеото кое го употребувате од Вевчанскиот карневал се обидувате да го претставите како навреда за Исламот. КОЛКУ ПОГРЕШНО! Зошто бе не кажете дека порано кога ќе појдел мажот на гурбет, татко му или брат му дома и правеле бебенце на невестата?
Кај нас тоа не било случај.
Не знам што кажуваш вакви примери , кога тоа нема везе со сцената на карневалот.
Што не кажете како може мажот 2-3 години да не се врати, а невестата веќе 2 - 3 дечиња родила?
Не знам , и мене ми е чудно , како тоа за 2-3 години раѓале по 2-3 деца ... јаки жени мора да биле .р :р
Повторно далеку си од темата ...
Зошто никој не ги обвинува Турците за ваква гнасотија? Зошто никој Македонец не се скарал до ден денешен со Турчин? Престанете со гнасни пропаганди дека сте угнетувани!
И ние не сме имале проблеми со власите.
Не те цитирав пошто гледам имаш јака доза на омраза и малце као да бегаш од теми, не сум знаел дека си џенска , сега уште потешко ми е.
Поздрав.