Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeenaK9
  • Време на започнување Време на започнување
Ако мислиш за форумов и моето пишување не не ме плаќа никој. Искажувам свој став. Ако мислиш општо во животот да ме плаќаат тие за кои работам секојдневно. Е сега прашањето е тебе кој те плаќа? Зошто не седнеш и тоа да го размилиш? Те плаќаат мама и тато за ти да можеш да мудруваш на форуми и плус други да обвинуваш како си го вадат лебот? Ај прво вработи се испоти го газето па етикетирај може? А после може и да се грижиш кај ти одат парите од буџетот.
Дај мене кажи ми шо работиш, зошто ако треба на тие десетици луѓе некои интелектуални задачи да им извршуваш, не знам колку добро би им ја завршил работата....
Едно е да имаш став, а друго е да ја браниш и оправдуваш секоја „реформа“ на преродбенициве...
Иако не сум вработен плаќам данок и имам право да знам каде и зошто одат парите од буџетот. Дури и да не плаќам данок пак имам право да ги знам овие информации.

П.С. мене Сорос ме плаќа ;)
 
Па преку интернет сигурно не копам а работата е...не знам веројатно интелектуална до некаде. Почна тешко после стана полесно откако ќе се уиграш. Треба челична волја тоа е најбитно и дисциплина. Звучи како војска ама не е. Работно место - content writer, article writer, video and product description writer, SEO writer. Во принцип writer. Ако знаеш англиски како да ти е мајчин јазик (не знам до толку) и ако си спремен да работиш секојдневно со полно работно време теоретски може да заработиш повеќе од 2000 еур.Па и не е теоретски знам луѓе што заработуваат толку. Продавање беклинкови ти носи исто слична сума и тоа без знаење на англиски јазик (основно познавање) ама треба да вложиш малку а богами треба и да бидеш достапен речиси 24/7. И така натака. уживајте на форумов ама користете го интернетот и за нешто друго. P.S. дали знаеш дека можеш да добиваш пари и за пишување на форуми? Се разбира не мислам на македонските форуми иако можно е и тука некој да плаќа :-). Од овие коментари до сега што ги имам на кајгана глатко може да се заработи 100 еур на нет :-)
 
Последно уредено:
И не ти смета што ќе ти репнат 700-800 евра давачки? Ако воопшто ги имаш пријавено во УЈП.
Напишав МОЖЕШ. Дај боже да заработам толку. На толку пари се отвара фирма и ќе си се вработиш ќе има од кај да покриваш за издатоци и тн. Инаку да верувале или не има луѓе од Македонија кои го прават тоа. Сепак законот за хонорарци не се однесува на нив, туку на одредени скапани фирми во Македонија кои сакаат маста да им ја извадат на луѓето за мали пари и да ги држат на минималец.
 
Мислиш на овие во индустриските зони, кои за три смени, плаќаат по 10500?
 
Напишав МОЖЕШ. Дај боже да заработам толку. На толку пари се отвара фирма и ќе си се вработиш ќе има од кај да покриваш за издатоци и тн. Инаку да верувале или не има луѓе од Македонија кои го прават тоа. Сепак законот за хонорарци не се однесува на нив, туку на одредени скапани фирми во Македонија кои сакаат маста да им ја извадат на луѓето за мали пари и да ги држат на минималец.
Повторно извртување на фактите.
Законот се однесува на СИТЕ приходи што се добиваат и целта не е да се заштитат хонорарците, туку да им се соберат парите. ТОЛКУ!
Во спротивно немаше да се обврзуваат оние кои земаат хонорар под минималната плата од две места САМИ да си ги плаќаат придонесите.
 
Ако мислиш за форумов и моето пишување не не ме плаќа никој. Искажувам свој став.
images

сакаш да поверуваме дека ти си будала која му сака лошо на својот сопствен народ?
 
images

сакаш да поверуваме дека ти си будала која му сака лошо на својот сопствен народ?
каква врска има твојот автопортрет со темава?[DOUBLEPOST=1419332568][/DOUBLEPOST]
Повторно извртување на фактите.
Законот се однесува на СИТЕ приходи што се добиваат и целта не е да се заштитат хонорарците, туку да им се соберат парите. ТОЛКУ!
Во спротивно немаше да се обврзуваат оние кои земаат хонорар под минималната плата од две места САМИ да си ги плаќаат придонесите.
Тоа е твој став кој многу го почитувам но не се согласувам.
 
Ако мислиш за форумов и моето пишување не не ме плаќа никој. Искажувам свој став.
И види коинциденција, сите твои ставови се совпаѓаат со оние на владата :)
 
И види коинциденција, сите твои ставови се совпаѓаат со оние на владата :)
А сите твои не се совпаѓаат и?[DOUBLEPOST=1419332777][/DOUBLEPOST]
images

сакаш да поверуваме дека ти си будала која му сака лошо на својот сопствен народ?
Јас не сакам во ништо да веруваш или поверуваш си пишувам на форумов. Јас до сега никогаш во мојот живот не сум употребил погрден израз за народот на кој му припаѓам за разлика од овие дупегрижници во голем број кој се наоаѓаат на форумов кои го именуваат народот на кој и самите припаѓаат - стока, ѓубре, овци, магариња и тн. Тоа повеќе зборува за нив сами отколку за народот. Сега те молам назад на темата, не сум јас темата на дискусија.
 
А сите твои не се совпаѓаат и?
Не сите мои. Видиш, јас за грбот им дадов поддршка. За ова со студентите сум неодлучен, од една страна добро е што се организираа малку и излегоа од апатија, од друга страна може и треба да полагаат. На два ума сум. За грабежот не им давам поддршка.

Така да јас можам без срам да речам дека мислам со своја глава, бил во право или не. Ти со 100% поддршка на секој предлог, поштеди не од приказни. Не сме мали деца.
 
не би се квалификувал како хонорарец, затоа што немам еден газда, работам на мали задачи за десетици луѓе.

може се повторувам напишав негде, ако земаш повеќе мали хонорари во вкупна сума поголема од минималната плата сам треба да си платиш (да си фрлиш со пари накај владава)
Слободно квалификувај се како хонорарец, тие ќе те квалификуваат за сигурно.

Што мислиш ти? Ќе им земат 35% на текстилциве од 8000 хонорар, нас дома пред компјутер ќе не остават со 1000 и со 2000 евра.
И тие 1000 евра дење ноќе ќе работиш во некој месец од годината ќе ги извадиш, што правиме со некој месец кога нема да заработиме ни 50 (уште со 35% ќе земиме 32,5 евра)? Нашата работа не е гарантирана и сигурна. Ние сме баш ранлива категорија погодена од законов зошто сме малку за да кренеме сами глас, немаме никаква стабилност, икај што има групи што се борат за наша подобра иднина треба во најмала рака да се придружиме
 
Не сите мои. Видиш, јас за грбот им дадов поддршка. За ова со студентите сум неодлучен, од една страна добро е што се организираа малку и излегоа од апатија, од друга страна може и треба да полагаат. На два ума сум. За грабежот не им давам поддршка.

Така да јас можам без срам да речам дека мислам со своја глава, бил во право или не. Ти со 100% поддршка на секој предлог. поштеди не од приказни. Не сме мали деца.
Ако не знаеш да читаш тогаш во ред. За грбот имаат 100% поддршка. За државниот испит реков дека не е ништо лошо ако се воведе но не очекувам некој голем ефект, за овој закон реков дека треба да се зголеми до некаде основицата а дека законот е потребен затоа што го има во цел свет и плус околу 100.000 луѓе во Македонија зимаат пари како хонорораци а се фактички вработени. Ако тоа е за тебе лудило во ред. Не етикетирај.
 
Сега те молам назад на темата, не сум јас темата на дискусија.
Не си. А сепак темата се сите оние говеда кои го тртат мојот народ кон Албанците, додека истовремено, прилежно му ги празнат џеповите, а кои ТИ* ги подржуваш и браниш нивните антимакедонски постапки.

* заради лична корист (нема друго логично објаснение зошто некој би бил така предавнички настроен кон сопствениот народ)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom