ПРОТЕСТ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ! ВТОРНИК, 18:00, плоштад МАКЕДОНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде слика за МСН-и
f_Saym_c133976.jpg



и во Personal Message>
Вторник, 18 00 плоштад МАКЕДОНИЈА, мирен ПРОТЕСТ против менувањето на уставното име на нашата република!!!!!!
 
Си исполегнаа луѓево?
Мразам песимизам, ама ако биде како за Гоце...лелееејјј...
 
Тешко ќе оди тешко....треба јак марктинг..... .ех Серпико малку побргу да подбуцнеше за ова ќе беше супер.
 
Ханзо, поупорни ќе сме и ќе успејме, глеај ти скопје да напраите, ние за Охрид сигурно ќе гледаме да одиме и да завршиме работа :icon_razz
Со Фантомов ќе напраиме нешо ко летоци
 
Тешко ќе оди тешко....треба јак марктинг..... .ех Серпико малку побргу да подбуцнеше за ова ќе беше супер.

Apokalipto, имаме време до вторник! Ако работиме заедно и сложно со сите сили.
 
ОВА Е МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО !
утре Димитров е во Атина
 
Apokalipto, имаме време до вторник! Ако работиме заедно и сложно со сите сили.
Хех САКАМ ама од мене може само вака или преку мсн помош па што и да треба кажете.... пуштајте ПП тука сум.
 
Известено на радиомк.ком а моментално пишувам и на форумот на 365.ком
едит: ставено и на форумот на 365
 
Moжете барем 24 часа да отстапите место на топикот на мсн за пораката што ја пиша Димитар.
Мене ми е на топик, а и разгласив на сите контакти.
Една другарка Албанка ќе организира од нејзина генерација да дојдат, а ете погоре прочитавте една моја другарка "македонка" што ми врати одговор.
Лудост!
 
Ајде бе не бидите песимисти... верувајте во моќта на интернетот...
 
Го ставив ова на мсн на топик, ама мора ова да се објави на насловна на он.нет, кајгана, идивиди, а1, канал5, сител, за да има голема бројка на плоштад!
 
Предлог манифест:

Браќа и сестри МАКЕДОНЦИ....

Воведот ви звучи сомнително? Сакам и самите во себе да знаете дека содржината која следи подолу, не е завиена во рамикте на нити една партиска идеологија! И доста околу тоа... Значи, за што станува збор:

Во пресрет на обелоденувањето на најновиот предлог околу спорот со името на медијаторот Метју Нимиц во преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција, ние, група на граѓани претставувани преку невладината организација Младите знаат..., во вторник организираме мирен протест со кој сакаме да го искажеме нашиот став цврст како граѓани на Република Македонија, дека НЕ прифаќаме промена на уставното име на нашата Република Македонија.

Со таа цел, организираме мирен протест на плоштадот Македонија во Скопје, во вторник од 18:00 до 20:00 часот кој има за цел да ја покаже силната воља на македонските граѓани кога станува збор за неповредливоста и неменливоста на
уставното име на нашата земја.

Македонци, без оглед на вашата вероисповест, народност или политичка определба, време е да се соединиме за да го одбраниме она што ни е свето, на сите нас - идентитетот на нашиот народ, името на нашата земја, Република Македонија.

Дојдете на плоштадот кој го носи името на нашата единствена земја, и покажете дека сте достојни за да се декларирате како државјани на Република Македонија.

Не, не станува збор за желба за минирање на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја во овие тешки времиња. Напротив, со ова сакаме да дадеме поддржка на сите кои сакаат нашата земја да го добие заслуженото место и привилегии кои ги носи членството во овие организации, но никако по цена на менување на нашето уставно име. Никако по цена на рушење на нашиот национален идентитет. Не, не станува збор некаква пропаганда - станува збор за единственото нешто кое живеело илјадници години пред нас, и ќе живее илјадници години после нас - доколку имаме храброст да кажеме дека ИМЕТО на нашата земја било, е и ќе биде МАКЕДОНИЈА.

Не, не станува збор за делото на Александар, Самуил и Гоце - тие си го направија своето - СЕГА, нам ни е редот да покажеме дека знаеме што значи името МАКЕДОНИЈА, а повеќе - дека знаеме колку го сакаме и сме најодлучни и едногласни против секаква промена на истото.

Ајде да покажеме дека сме подготвени да се бориме за веќноста на името на нашата мајка татковина! Дојдете сите на плоштадот Македонија во Скопје, во вторник 18:00.

Нема време за калкулирање. За иднината одлучуваме НИЕ, сега и овде. Сите заедно, сите за неа...

Да живее Македонија!

-----------------------------


СЛОБОДНО дополнете ме! Слободно исправете ме!

Само, направете го тоа веднаш! Време, немаме!


Серпико браво, што ти текна ова да го организираш..
Можеби во 94-95 не сум можел да дојдам зошто уште сум цуцал млеко:pos2:
Ама овојпат кога можам да дојдам доаѓам..
Поздрав до тебе и јас ќе го пренесам ова уште на два форума......:wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom