во колку им почнува состанокот
Претседателот Црвенковски ја прифати поканата на премиерот Груевски да учествува на лидерската средба за името најавена за в понеделник, на која тој се надева дека ќе се изгради позитивен консензус во земјава околу забелешките и модификациите што Македонија ќе му ги предложи на медијаторот Нимиц во врска со неговите последни идеи.
Црвенковски верува дека тие можат да влијаат за подобар предлог за Република Македонија во следната фаза на преговорите.
Социјалдемократите се согласуваат со замена на референцата БЈРМ со име со географска одредница кое ќе биде прифатливо и за Македонија и за Грција. Ова е ставот на СДСМ за надминување на спорот меѓу двете страни.
„Опфатот од компромисното решение треба да е идентичен со опфатот на сегашната референца БЈРМ. Тоа значи дека во билатералните односи сите држави ќе имаат право на избор кое име ќе го користат. За ваквото решение не е потребна промена на Уставот на РМ. Тоа значи дека во пасошите ќе стои уставното име и притоа нема да има потреба од компромис во однос на идентитетот, јазикот, културата и нашата национална посебност“, Зоран Заев, претседател на СДСМ.
И од СДСМ очекуваат дека на лидерската средба в понеделник власта и опозицијата ќе изградат единствен став за името.
Во однос на референдумското изјаснување на граѓаните, од опозициската партија сметаат дека би било губење на време, бидејќи со тоа би се одложило македонското интегрирање во НАТО и ЕУ.
Инаку премиерот Груевски во контекст на очекуваниот предлог од медијаторот Метју Нимиц, средбата на лидерите со претседателот ја свика, прифаќајќи го барањето на СДСМ, со што тој им излегува во пресрет на нивниот предлог. Прво да се разговара за името, а потоа за уставните измени и изборниот законик.
izvor:
www.a1.com.mk
уште не се знае кога ќе почне состанокот, најверојатно утре ќе дознаеме