ПРОТЕСТ НА УКИМ!

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
БАРАЊА:

* Поголем буџет за високото образование!

(пари за ваучери, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...)



* Нов закон за студентско организирање!

 
Ние бараме и укинување на колоквиумска недела ИЛИ да ни дадат и една слободна предколоквиумска.
Мозоци сме :):tv:
 
Протестот е оправдан, се разбира дека студентите имаат многу незавидна позиција и се согласувам со повеќето точки, освен за укинувањето на партиципацијата, тоа е ем премногу нереално, а и непотребно. Партиципацијата е потребна за да факултетот да не мора постојано да зависи од буџетот на државата. Со укинување на партиципацијата и квалитетот на кадрите ќе опадне, бидејќи реномираните професори ќе си одат по приватните бидејќи ќе бидат поплатени. Едноставно тоа е реалноста.

Сепак како студент ги поддржувам напорите за подигнување на студентската свест која е падната во зимски сон откако постојат факултетите во Македонија. Треба да се превземат мерки, крајно време е да се менува од корен таканаречениот студентски парламент, каде нема ни С од слободно изразување и разменување идеи за подобро студирање, да се смени обврската секоја книга да се плаќа, а книгите де факто чинат многу, да се смени корупцијата и малтретирањето на дел од факултетите и за потписи да треба да се плаќа.

Да работиме заедно за подобро студирање, бидејќи од тоа зависи нашата иднина и иднината на младината. Студентите треба да имаат мотив и страст да го завршуваат факултетот и истиот со задоволство да го студираат, не треба да бидат обесхрабрувани уште пред да почнат со реалниот живот.
 
да се смени обврската секоја книга да се плаќа, а книгите де факто чинат многу, да се смени корупцијата и малтретирањето на дел од факултетите и за потписи да треба да се плаќа.

Ние не ни имаме книги.
Скрипти кои ги преведувале некои си минати генерации или матерјал на српско-хрватски.
Искрено, поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот институт, пре би плаќала за секоја книга по 1000 денари, него воопшто да не знам од каде треба да учам.:toe:

А за целовкупниот пост:
Маца за прецедател :):):)
 
Ние не ни имаме книги.
Скрипти кои ги преведувале некои си минати генерации или матерјал на српско-хрватски.
Искрено, поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот институт, пре би плаќала за секоја книга по 1000 денари, него воопшто да не знам од каде треба да учам.:toe:

А за целовкупниот пост:
Маца за прецедател :):):)

Да, ете видиш добро ме потсети и тоа многу ме револтира, учење од скрипти, кога имаме професори чија обврска (барем јас како професор би се чувствувала морално обрвзана да напишам книга од која би учеле моите студенти) е да не едуцираат од нормални книги, а не да ни даваат скрипти од книги напишани пред 1913, хаос скрипти од кои не може ни да се учи. Лично бев премногу револтирана кога требаше да учам ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА од скрипта, па мајку му зарем сопствена историја да учам од една бедна фотокопирана скрипта. А да не зборам по другите факултети што и на српско-хрватски учат. СРАМОТА! За тоа можеби мислам дека ме фаќа и највеќе револт од се друго. :)
 
Протестот е оправдан, се разбира дека студентите имаат многу незавидна позиција и се согласувам со повеќето точки, освен за укинувањето на партиципацијата, тоа е ем премногу нереално, а и непотребно.

Можеби, ама барем нека направат извесни промени. Кога би ме прашале мене јас би направила државна квота да биде бесплатна со тоа што во државна квота би влегле само студенти кои навистина тоа го заслужуваат, додека пак приватна квота би ја направила 300 евра што сметам дека е доволна цена за наши стандарди. А не, кај нас приватна квота почнува од 500 евра па нагоре + пари за тетратки и други факултетски "листови" + пари за таксени марки и пријавни листови, + пари за учебници... што е многу, многу е... и после немаат пари за ваучери...срамота :uvo:
 
јас нејвеќе се нервирам кога треба да дадам пари за лист од 50 или 100 денари што на крај ќе заврши во некоја канта, можат да направат барем тие листови за упис и заверка на семестар да ни ги даваат они. И мислам дека е крајно време да се изреновираат факултетите или барем да се изкречат, кај мене кога врне со кофи сме по предавални и низ ходници, срамота за една академска средина.

и крајно време е ние како студенти сами да превземеме нешто да се организира еден протест, но да излезат буквално сите студенти а не само сите зборат а никој ништо не прави, и да избереме лидер кои што ќе ги застапува нашите барања и мислам дека ќе може нешто конечно да профункционира
 
Го подржувам протестот..мислам дека е крајно време некој да го слушне мислењето и на студентите за тоа што и како им е потребно за подобро високо образование..се повеќе студентите се разочаруваат од сопствениот факултет по кратко време од почетокот на студирањето, токму поради огромниот број пропусти кои се дешаваат..наместо со радост и мерак да се иде на факс,на сите им е смачено одењето од проблеми од типот,немање на книги,копирање на скрипти на кои им фалат страници,учење од материјали на српско-хрватски(и тоа историчари,кои учат за Македонија и нејзината историја),до моментот на фаќање белешки и незнаењето од каде да се учи материјалот...да не зборам за тоа што прокишњава у амфитеатарите,па на предавање можете и чадор да си земете,ако не сакате да ви врне!има многу работи кои треба да се решат тоа е факт..
 
Ние бараме и укинување на колоквиумска недела ИЛИ да ни дадат и една слободна предколоквиумска.
Мозоци сме :):tv:
На правен имаат една слободна недела пред колоквиумите, значи тоа не е невозможно.

Инаку протестот, не го поддржувам, поради тоа што и самите не знаат за што протестираат.

И за тие што учат од скрипти, дај да се замениме со моиве книги од 500 страни кои ги купувам по 2.000 и кусур денари... ќе може?
 
На правен имаат една слободна недела пред колоквиумите, значи тоа не е невозможно.

Инаку протестот, не го поддржувам, поради тоа што и самите не знаат за што протестираат.

И за тие што учат од скрипти, дај да се замениме со моиве книги од 500 страни кои ги купувам по 2.000 и кусур денари... ќе може?

Братучед, нема да се согласам со тебе:)

За слободната недела, денеска ни објаснија дека не е можно зашто матерјалот и програмата не е така направена и дека дури можно е да имаат проблеми со тоа што има колоквиумска...

И точно знаат за што протестираат, барем овие нашиве од филозофски.
За секоја подточка имаат аргументи и имаат план каде да одат парите за кои не сме свесни зашто ги даваме.

А за скриптите, верувај, полошо е да имаш листови кои се 20 пати префотокопирани и не се разбира за 200 денаруи, него асални книги за 1000 денари.

цџз.
 
samo pak da ne se ispolitizira. mada smetam deka nema da izleze vo presret vladata ali ok toa e toa. drugo ako e kriza i nema vauceri kako sto imase nekoj kazano kriza e i za participacija neka ja spustat ovaa godina
 
На правен имаат една слободна недела пред колоквиумите, значи тоа не е невозможно.

Инаку протестот, не го поддржувам, поради тоа што и самите не знаат за што протестираат.

И за тие што учат од скрипти, дај да се замениме со моиве книги од 500 страни кои ги купувам по 2.000 и кусур денари... ќе може?
а правен го сметаш за КВАЛИТЕТЕН факултет ти????//па баш од таму треба најмногу да се бунат,да даваат предлози(не дека студентите од другиве факултети не ги бива за тоа) итн а не секоја година се запишуваат по 1000/1500 правници?ШТО држава ќе бевме со 10 000 правници а никој не може да ја дотера на ред???КОРУМПИРАНО СУДСТВО+ПАРТИСКИ КНИШКИ+НЕПОТИЗАМ е тоа се истите тие "правници" кои студираат десет години наназад и очекувате после ТИЕ ИСТИТЕ да излезат за некакви права(според нив) кога пола од нив факултетот до пола им е завршен,работа ги чека(кој со книшка кој со врски) што држава ќе бевме САМО ПРАВНИЦИ да се барало??????и само се жалат лелелле 2000 страни имам итн,а што не кажете дека имате 70 прашања на ЗАОКРУЖУВАЊЕ најголема глупост според мене,што ја воведоа според овој мочан ЕКТС(мочан зашто не е целосно реализиран кај нас)..
ПРОТЕСТОВ ИМА МОЈА ПОДРШКА...но верувајте кај нас е се џабе т.е. нема маса на луѓе НЕМА НИШТО...........не очекувајте многу од протестов зашто кај 30% од студентите се со врски,што значи тие НЕМА ШАНСИ да излезат,50% што кукаат и плукаат по целата студентска и факултетска администрација како и студентите што се сместени во студ.домови ќе си тераат шема по кафиња и можно е само 20% од сите студенти да се засегнати со оваа работа т.е. ќе го подржат протестот и мал дел од нив ќе излезат..немојте да мислите дека ширам анти-пропаганда да не се излезе на протестов,но сепак ја ПОКАЖУВАМ СУРОВАТА РЕАЛНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ СТУДЕНТ и НАРОД:toe:
 
Братучед, нема да се согласам со тебе:)

За слободната недела, денеска ни објаснија дека не е можно зашто матерјалот и програмата не е така направена и дека дури можно е да имаат проблеми со тоа што има колоквиумска...

И точно знаат за што протестираат, барем овие нашиве од филозофски.
За секоја подточка имаат аргументи и имаат план каде да одат парите за кои не сме свесни зашто ги даваме.

А за скриптите, верувај, полошо е да имаш листови кои се 20 пати префотокопирани и не се разбира за 200 денаруи, него асални книги за 1000 денари.

цџз.

Братучетке...
Точно дека сега, во моментов, не може сега да се воведе една слободна недела пред колоквиуми, но може од наредната година доколку сакаат да си ја средат и испланираат програмата.

Горе пишува за што протестираат:
пари за ваучери, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...
Ваучери, не е основано, тоа што им поклониле на претходните две генерации ваучери, не значи дека треба да поклонат сега. Никаде на светот не се протестира поради недобивање на поклон.

Стипендии за пост-дипломци... исто така не е основано, барем јас така мислам...

Бесплатни учебници... ова е добро, но тешко дека сите ќе се согласат, посебно не овие на мојов факулет.

Укинување на партиципацијата, исто неосновано... ова одма го поништува претходното барање... како ќе добиваме бесплатни учебници ако не плаќаме ништо.

Студентски бенифиции и подобрување на условите во студентските домови е во ред, но исто така треба да се промени и однесувањето на оние кои се во тие студентски домови, сум живеел во интернат, знам како се однесуваат таму кон инвертарот и сличните ствари.

Попаметно би било да се протестира против корумпираноста на некои професори, студентскиот парламент, никаквиот однос од студентски прашања... отколку за стипендии за пост-дипломците и бесплатни учебници :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom