Протеини - брз начин за добивање на плус некое килце?

  • Креатор на темата Креатор на темата icedevice
  • Време на започнување Време на започнување
Ама зошто да зема протеини кога може и само со вежбање да качи некое килце ?

Имам другар кој одеше во теретана и вежбаше. Откако почна да оди потребата за храна нагло му се зголеми и ете сега детето се има здебелено за околу 14 кила.. :)
 
/facepalm

Ај те молам објасни ми како може сурутка во прав да не биде добра? Бебињата кои не ги дојат пијат формула од вакви протеини....
протеините во прав се замена за природното...но се што е вештачко креирано т.е. не органска материја ја сметаме за “недобра“ за нашето тело бидејки на вештачки начин се внесува во организмот...
 
протеините во прав се замена за природното...но се што е вештачко креирано т.е. не органска материја ја сметаме за “недобра“ за нашето тело бидејки на вештачки начин се внесува во организмот...

Протеинот од сурутка е најсличен до протеинот од мајчиното млеко. Ако можеш да најдеш неколки литри мајчино млеко да пиеш секој ден, добро...бујрум "природно" е. Не знаев дека пакувана храна е "недобра" за нашиот организам. Ај поздрав не се замарам да објаснувам повеќе.
 
Протеин. Фина работа, зашто да не. Само една работа која не им е јасна на сите е тоа дека протеините се пијат ПОСЛЕ обилно јадење т.е. тие се додаток за се она што не можеш реално да изедеш. И нормално не е секој будала да бута за ручек по 15 јајца зашо ќе рикне, па една лажица протеин со пола литро млеко ќе ги задоволи потребите од незнам колку белки и блаблабла други ствари. Башка не е нешто страшно, милкшејк:)
Јас преферирав олд скул, јајца со мед и банани, измиксирани и за да количински биде повеќе млеко :) Исто убаво и исто хранливо. Пред спиење и при будење по пола литар и е прилично здраво :)
 
Протеинот од сурутка е најсличен до протеинот од мајчиното млеко. Ако можеш да најдеш неколки литри мајчино млеко да пиеш секој ден, добро...бујрум "природно" е. Не знаев дека пакувана храна е "недобра" за нашиот организам. Ај поздрав не се замарам да објаснувам повеќе.

Најлесно е да не се замараш кога не знаеш. Голтај си протеини и не си се замарај. И немој да јадеш, не чини.
 
Најлесно е да не се замараш кога не знаеш. Голтај си протеини и не си се замарај. И немој да јадеш, не чини.
пфф...eating is overrated...Шо ако јадеш, кога утре пак гладен ќе бидеш...:vozbud:.....

бате, ако си слаб, и сакаш да качиш килце прво храни се здраво, да ти се исчисти организмот малце, после почни да вежбаш слаби вежби но често, да ти се зацврсти мускулатура за да имаш основа и да набиеш кондиција, после почни да вежбаш асално и не пиј ништо вештачко....апетитот сам ке ти стане поголем, ради тоа шо ќе трошиш повеќе и така и ке качиш некое кило, кое глеј да иде у мускул, не маса само да качиш...и сепак, не јади многу ако не вежбаш...ке си прошириш желудец и сите маснотии у наслаги ке ти отидат...

take care..:smir:
 
1. Протеините се составен дел од било кој прехрамбен продукт (во некои повеќе, во некои помалку) и еден од трите прехрамбени елементи - другите два се јагленохидратите и мастите.

2. Сите три се потребни за организмот нормално да функционира (во умерени количини, нормално).

3. Кога телото гради мускули, му требаат повеќе протеини (зошто тие се основните градбени молекули), а исто така, некој што веќе има голема мускулна маса пак има голема потреба од многу протеини за да ја одржи таа маса, бидејќи молекулите на мускулите секојдневно се разградуваат и пак се градат, притоа дел неповратно се губи и мора да се надомести со исхраната. Постојат одредени мерки (кои не ги знам на памет и ме мрзи да ги барам) кои кажуваат колкаво количество протеини дневно треба да се внесува (нормално, поголеми се бројките за спортисти, билдери и сл.).

4.Ти веројатно веќе внесуваш доволно протеини (претпоставувам дека нормално се храниш) за да можеш да градиш мускули, значи потребно ти е само вежбање. Нормално, со тек на време ќе ти се зголемат потребите па ќе треба да јадеш повеќе месо, јајца, млеко (главни, богати и многу достапни извори на протеини). Доколку пак сакаш да се здебелиш (накачувајќи сало) - ништо полесно! Само лапај слатки, чипсови, бели пецива, газирани зашеќерени сокови додека да пукнеш (и без физички активности) - нема шанси резултатите да изостанат!

4. Протеините коишто многумина ги спомнуваат овде се ништо друго освен концентрати на природни производи богати со протеини. Нема ништо штетно во нив, освен што јас лично мислам дека се тотално непотребни за билдери-рекреативци, какви што се 99% од луѓето по теретаните. Тие им се потребни на билдери-професионалци, кои не можат да го внесат потребното количество протеини со нормална исхрана. И, имај на ум, колку и да внесеш протеини дневно, телото ќе искористи само онолку колку му треба за дневните метаболички потреби и за изградбата на мускулите (а растот на мускулите го одредува вежбањето, не исхраната), сето останато ќе го претвори во јагленохидрати и, евентуално, во сало.
 
Аман бе, мускули од вода се прават?
 
спомнувате "пивски квасец".
-што,како,колку се конзумира тоа чудо,и каде може да се најде?
 
И јас се изначитав глупости од темата протеини како брзиот начин да добиеш мускули,протеин што ќе те здебели,протеин за незнам што.Бабини деветини.Храната прво сметајте ја како начин на телото да добие енергија и да ја врати загубената.Исхраната има голем дел во креирањето на изгубените работи како што се хормони,мускули или масти и се што е во телото.Да протеините се главен елемент од кој сите работи во нашето тело се направени,освен коските,кои сепак пак имаат протеини за да помогнат во нивната еластичност.Но незнам зашто толку гледате како протеините како што се од прашок помагаат во креирањето на мускули,тие се добар извор на протеин,тоа е како белиот шеќер кој што има многу прости јаглехидрати 90 посто сахароза.Но ако ти му дадеш на твоето тело дозата што они ти ја препорачуваат 50 грама протеин од тоа ќе се разгради само 80-90 посто зависи каков протеин.За да се добие кило мускул се потребни двапати повеќе енергија одколку за да се добие 1кило маст,мускули се добиваат само со вежбање и правилна исхрана.Еден протеин од сурутка кило ти е 1500 ден минимално.Значи ако е 70 посто чистота тоа се 700 грама протеини другото е прав,вода,јаглехидрати и масти.Кило месо пилешко ти е 200 ден кило и има 200 грама протеин.Со 1000 денари имаш 1000 грама протеини или еден денар по кило што е прифатливо многу и можеш да го комбинираш со било која друга храна.Значи помалку плаќаш ако дадеш пари и инвестираш во пилешко или туна да речеме отколку во еден протеин.Протеините се чиста маркетиншка работа,но ако веќе сакаш да пробаш земи креатин и глутамин.Тоа ти препорачувам затоа што креатинот ти го зголемува АТП главната материја од кои мускулите се движат а глутаминот го зголемува нивото на хормонот за раст плус ги закрепнува мускулите.А веќе ако сакаш да се здебелиш прочитај ги моите постови и ќе разбереш нешто ако сакаш.
 
Значи помалку плаќаш ако дадеш пари и инвестираш во пилешко или туна да речеме отколку во еден протеин.Протеините се чиста маркетиншка работа,но ако веќе сакаш да пробаш земи креатин и глутамин.Тоа ти препорачувам затоа што креатинот ти го зголемува АТП главната материја од кои мускулите се движат а глутаминот го зголемува нивото на хормонот за раст плус ги закрепнува мускулите.

лол , е ова е глупост , ај ти купи рио маре испод 100че нема , што е најчисто произведена туна со најмногу протеини во себе , и секој ден внесувај по минимум 5 , истото што можеш и да го направиш со една доза сурутка или гејнер у прав , и сеа ти ми кажуваш ако не ти се фаќаат протеините да идеш на креатин и глутамин , што ако некој си има проблем со срцето или со јетрата , па и да неречам бубрезите и на него би му препорачал креатин и сл.

Како второ , и трибулусот беше маркетиншки трик, па е една од најесенцијалните работи што ги користат билдерите за покачување на мускулна маса...

И како трето , глутамино го зголемува хормонот за раст , ама да не се лажеме тоа е и неприметливо , и дејствува на мускулните влакна а не и на хормонот за раст на коските ..
 
zdr :)

ej luge vaka idam u teretana imam super masa imam napraveno kolku tolku muskuli i sega sakam po ubavo da se izdifiniram kazete mi sto e najdobro :).koj preparat e najdobar a ako moze i nekoj na4in na vezbanje bez preparati so pravilna ishrana :) blagodaram odnapred :) pozz
 
Nesto isprobano i so odlicen efekt mozam da ti preporacam n-large 2 od prolab go ima vo california fitness,dovolno bi ti bilo i po pola doza dnevno da pies i mleko poveke pij,mislam deka za dva meseci lesno ke kacis 10kg i ne e stetno sigurno.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom