Просечната плата во Грција годинава ќе се намали за 23%

  • Креатор на темата Креатор на темата Schmeiser Schmit
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Просечната плата во Грција годинава ќе се намали за 23%

Просечната плата во Грција во текот на 2012 година ќе се намали за речиси 23 проценти, покажуваат резултатите од истражувањето за даночните оптоварувања на „обичните работници“ во ЕУ на консултатнската компанија „Ернст и Јанг“, агенцијата „Њу Дирекшн“ и Институтот „Молинари“.

Во делот од извештајот посветен на Грција се наведува дека просечната нето плата во земјата во текот на 2012 година ќе се намали на 13.167 евра, од ланскиот просек од 17.024 евра.Според еден од авторите на истражувањето, Џејмс Роџерс, намалувањето на просечната плата значително ќе го зголеми даночниот притисок врз грчките работници.

Авторите на истражувањето наведуваат дека „денот на даночната слобода“ во ЕУ, односно денот во годината до кога работниците заработуваат доволно пари за да ги исплатат сите даноци, ќе биде 31 мај. Во 2011 „ден на даночната слобода“ беше 12 јуни.
 
море ич да не им дадат плата маме им .....
 
Убава тенденција. Ако ја вратат драхмата бројките ќе бидат уште поинтересни.
 
Пропадни грцијо ради ова те поштувам.
 
И банкротирани имаат 50 пати повисока плата од нашата.
Што тоа кажува за нас?
 
И банкротирани имаат 50 пати повисока плата од нашата.
Што тоа кажува за нас?
Не сме у европа дечко,имаме друга валута.Знаеш колкава е разлика од евро до денар нели..
 
Не сме у европа дечко,имаме друга валута.Знаеш колкава е разлика од евро до денар нели..

Баш фактот дека немаме евро колку толку ни ја држи економијата, да имаме евро добар дел од извозот ќе ни отиде во вода зошто се потпира на фактот дека имаме послаба валута.Ако пак сме во Европа тоа ќе значи само регулации нови поради кои ќе мора да ги затвараме и тие малце фабрики кои ги имаме зошто се загадувачи или не исполнуваат прописи.


Али да ако влеземе во Европа ќе дојдеме до ефтините кредити со 1-3% камата со кои владите во следните 20 години ќе си ги покриваат сите дефицити во буџетот кои се направени од ненормално големата државна администрација,пензискиот фонд и корупција ( 50% + од буџетот ни иде на плати и пензии) и после 20 години ќе почнат да ни се случуваат исти работи како што им се случуваат денес на Грција и они таму ќе си пишуваат "препотентните Скопјаништа со по 1000 евра плата ќе видат како е да се нема".

ЕУ и НАТО и посебно еврото не се во никој случај решение на нашите проблеми туку се наротив олицетворение на истите.


Ако пак сакаш толку многу да имаме јака валута се што треба да е да го поврземе денарот со златни резерви.Така денарот ќе биде побаран и од еврото и од доларот.Али пак така нема да може владата да си печати пари колку што сака и секоја година да имаме инфлација( позната како данок на сиромашните) од по 3-4%
 
И банкротирани имаат 50 пати повисока плата од нашата.
Што тоа кажува за нас?
Годишна плата е тоа...Според експертите платите мора да им се намалат за 50% за да станат пак конкуренти. Тоа е некаде просечна месечна плата од окулу 700 евра што е на ниво на Чешка или Полска.
 
ЕУ и НАТО и посебно еврото не се во никој случај решение на нашите проблеми туку се наротив изворот на истите.
НАТО ќе ни помогне во развојот економски ,воен и политички ,но се согласувам со членство во ЕУ само штета ќе имаме.
 
Според експертите платите мора да им се намалат за 50% за да станат пак конкуренти.
Доколку останат во еврозоната. Ако ја вратат драхмата веднаш ќе станат конкурентни, ама стандардот ќе им отиде надоле многу понагло и повеќе од 50%.
 
НАТО ќе ни помогне во развојот економски ,воен и политички ,но се согласувам со членство во ЕУ само штета ќе имаме.

НАТО е тигар од хартија се зависи од Америка,Англија и Франција.Ете Грција и Турција се во НАТО па пак цело време се спремаат за војна еден против друг,Унгарија и Романија се мрзат од дно на душа,Хрватска и Словенија цело време се препираат за поморски граници.НАТО не е никаква гаранција за територијална безбедност посебно не на Македонија каде сите "противници" се во НАТО и со самото тоа не ни е НАТО од никаква корист.


Се што ќе добиеме од НАТО е сметкопотврди за купено оружје од Америка,Германија и Франција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom