- Член од
- 14 мај 2012
- Мислења
- 146
- Поени од реакции
- 50
Просечната плата во Грција годинава ќе се намали за 23%
Просечната плата во Грција во текот на 2012 година ќе се намали за речиси 23 проценти, покажуваат резултатите од истражувањето за даночните оптоварувања на „обичните работници“ во ЕУ на консултатнската компанија „Ернст и Јанг“, агенцијата „Њу Дирекшн“ и Институтот „Молинари“.
Во делот од извештајот посветен на Грција се наведува дека просечната нето плата во земјата во текот на 2012 година ќе се намали на 13.167 евра, од ланскиот просек од 17.024 евра.Според еден од авторите на истражувањето, Џејмс Роџерс, намалувањето на просечната плата значително ќе го зголеми даночниот притисок врз грчките работници.
Авторите на истражувањето наведуваат дека „денот на даночната слобода“ во ЕУ, односно денот во годината до кога работниците заработуваат доволно пари за да ги исплатат сите даноци, ќе биде 31 мај. Во 2011 „ден на даночната слобода“ беше 12 јуни.