Сигурно во животот сте си рекле дека нешто ви пречи во вашиот карактер, можеби нешто сакате да смените. Колку човек може да успее во промената? Дали некоја карактеристика која ја поседувате, на која сте навикнале и која е дел од вас може да се промени ако сметате дека ви штети?
Може да успее,зашто да не.Ако сметам дека некоја моја карактеристика ми попречува во животот,тогаш пробувам да ја отстранам.Човек треба да има само добра волја и решителност.
Обично велиме: „До сега не сум се сменал/а, од сега па ич“. Што не` тера да останеме пасивни ако е потребна промена? Дали станува збор за она: „Се прифаќам и ме прифаќаат онаков/ва каков/ва што сум“?
И, велат дека, колку повеќе години има човек, толку потешко му е да се смени. Дали е ова токму така или не мора да значи?
Што не тера?Хм...Едноставно на човек полесно му е да остане таков каков што е,отколку да се бори и да смени нешто.Пасивноста е многу поприфатлива и полесно остварлива,бидејќи немораш да се мачиш и да се трудиш.
Се разбира има луѓе кои едноставно не гледаат причина да се променат,бидејќи имаат самодоверба,веруваат во себе и сметаат дека не е потребна промена.Тука веќе не станува збор за пасивност,туку едноставно прифаќање на маните какви што се.
Годините не знам колку имаат влијание на промената.Факт е дека кога работиш нешто или ако имаш некоја навика со години,тогаш е многу потешко да го смениш тоа,но сепак тврдам дека за се е одговорен мозокот.Ако човек позитивно размислува и е решен да успее во промената,тогаш не се сомневам дека ќе успее во тоа.
Сте успеале да се смените? За што станувало збор, што ве натерало да се ангажирате за својата промена?
Дали сте забележале промена кај другите (поблиските, нормално) откако рекле дека планираат да се сменат?
Кај други ретко забележувам промена.Најчесто најавените промени не успевале,туку човекот природно некако со текот на времето се сменувал.Ова можеби е и поврзано со она што викат дека човек не треба премногу да очекува.
А кај себе?Па сум успеала да променам некои мои карактеристики.Или барем да ги ублажам.На пример срамежливоста.Не дека сега не сум срамежлива,но постигнав голем напредок во однос на пред 3-4 години.Што ме натерало?Па фактот дека увидов дека срамежливоста и моето константно ќутење едноставно не ми помагаат туку само ми одмагат во мојот живот и во комуникацијата со другите.Очекувам во наредниот период и комплетно да ја искоренам.
Вакви примери има повеќе,ама еве баш овој ми текна во моментот.
Значи,да сумирам,секоја промена е можна,само треба човек да се избори таа да се случи.Волјата и решителноста и трудот играат најголема улога.