Промена и еволуција на фудбалските правила

Да се укинат пенали после продолженија како суров и непотребен детал, ако е нерешено во 120 мин. онаа екипа која имала повеќе удари во рамката на голот, повеќе удари општо, број на корнери, повеќе посед да оди понатаму без пенали туку поради целосен труд во тие 120 мин.
Но не баш 120 мин туку 90 мин. Затоа што во современи услови повредите ги рушат сите можни рекорди и покрај елитната спортска медиција и хирургија. 35*2=70 мин. плус стопиџ тајм би било сосема доволно. Ете вчера Вест Хем - Арсенал беа 2-4 до 35 мин.

Враќање на СП на 32 или ајде некако нек се 40 тима, ама ова? Бламот со клупско светско со 32 екипи не е за коментирање, ништавило.

Што мислите вие за ова?

Ако само шутеви, корнери и посед играат улога сите ќе се фокусираат на тоа наместо да дадат гол и самиот шут и корнер ќе биде тоа што е сега голот. Гол не се дава само со шутеви од далечина или корнери туку од добро смислени акции до најмали детали.

А има повеќе натпревари затоа што сите сакаат повеќе пари - не само зашто организации како Фифа и Уефа се алчни. Играчите преку свои агенти нон стоп побаруваат поголема плата од клубовите па клубовите согласно тоа прифаќаат повеќе утакмици од кои ќе земат повеќе пари преку влезници на стадион, тв права итн - значи, играчите не се маченици туку активни причинители на зголемувањето број на натпревари.
 
0-2.5 играм, често. Што не ти е јасно?
Све ми е јасно, затоа стигна на тоа дераџе.

Мислам со ВАР доста се осакати фудбалов нема потреба дополнително да се сквернави, поготово излапениот Венгер што сака да измислува нови правила за офсајд.
 
Ако само шутеви, корнери и посед играат улога сите ќе се фокусираат на тоа наместо да дадат гол и самиот шут и корнер ќе биде тоа што е сега голот. Гол не се дава само со шутеви од далечина или корнери туку од добро смислени акции до најмали детали.

А има повеќе натпревари затоа што сите сакаат повеќе пари - не само зашто организации како Фифа и Уефа се алчни. Играчите преку свои агенти нон стоп побаруваат поголема плата од клубовите па клубовите согласно тоа прифаќаат повеќе утакмици од кои ќе земат повеќе пари преку влезници на стадион, тв права итн - значи, играчите не се маченици туку активни причинители на зголемувањето број на натпревари.

Тоа би важело само за нокаут текми, па пола век важеше она гол во гости глупостите. Нема никој да се фокусира на корнери затоа што нема начин тоа да се изведе. Шут на гол од друга страна може да биде фокус, но тоа е добро, не гледам нешто лошо во повеќе шутеви на гол.

Во лигашки меч за 0-0 би вовел нула бодови за обете екипи.
 
Среќа тебе никој не те прашува што би вовел. :gjavol:
 
Човече никој нема да свршува на голови од 35м и резултати од 6:5 ако ги има секоја утакмица. Уклучи малце логика, тешки глупости прочитав на темава.

Убавината ма фудбалот е токму тоа што такви голови и резултати се реткост.

Она за кое активно се размислува е менување на офсајд правилото, и стопирање на времето со што легачење по терен за да се укради некоја минута плус нема да е ефективно. Ама се сомневам дека некогаш ке ги донесат.

Фудбалот е традиција во Европа и Јужна Америка и тешко врват промени.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk
 
Затворете ја темава. Ова е говор на омраза. Сквернавење на фудбалот.
Пу пу, скраја да е. Не дај Боже да се оствари.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom