Промаја

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
Што е тоа "промаја''.
Често го користиме зборов во секојдневието.
Многу често може да чуеме дека некој го боли увото од промаја, се вкочанил и др. проблеми со здравјето.
 
Јас знам дека е струење на ветерот низ одредени места..па за други дефиниции не сум слушнал..:)
 
Брзо струење на воздухот во просторија со два отвора (врата, прозорец). Отворите треба да не се на ист ѕид, за да има температурна разлика. Воздухот од страната во сенка влегува низ просторијата и излегува од другиот прозор / врата. Тоа значи дека тој воздух е поладен и од тој во просторијата, а брзото струење го прави опасен како и еден клима-уред.
3d-floor-plan-emma1.jpg
 
Ако ти си во некоја просторија и ветерот дува од две страни тогаш се вика промаја...ама ако ке промава ке промава и ќе му се здосади ќе си отиде :pos:
 
Не е промаја,туку е провев....кога веќе сме на македонски форум:)
 
А бе мене лани у лето кога ме укочи една промаја, не знаете како сум рикал од болки, врат не можев да мрднам. Промаја и седење надвор на ветре дефинитивно не е иста работа. Тоа ветрето надвор на тераса кога седиш не ти може ништо ама иди седи неколку часа во соба со промаја и ке те видам што ке ти се деси после тоа.
На мој братучед вилицата му се измести од промаја и 3 месеци одеше на физикална, до ден денес кога збори понекогаш малку ја витка устата на страната што му беше укочена.
Не си играјте со промаја.
 
Промаја ти е батка со најголема веројатност најверојатна причина за секаков вид болести според постари лица, од обична настинка преку сериозни срцеви заболувања до болести на уринарниот тракт и дебелото црево!
 
од промаја јас добив пареза на лицето со што 10 дена примав инекции во лицето + витамински инекции во бутот. Јбг ама заебана работа е оваа.
 
Што е тоа "промаја''.
Често го користиме зборов во секојдневието.
Многу често може да чуеме дека некој го боли увото од промаја, се вкочанил и др. проблеми со здравјето.
Во македонската митологија, Промаја е невидлива троглава аждаја која се појавува кога има силен ветер и предизвикува разни бољештиње што би рекла баба ми (која доживеа 80+ пазејќи се од промајата како да е ѓаол).
Нешто како БабаРога за возрасни.
 
Miris penzionerskog stana :icon_mrgr:
Trideset godina straha od promaje.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom