Програмери во Македонија. Се исплати ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата DAoliHVAR
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно мислење ,јас пак разговарав со братучеди и пријатели па и бивши колеги на таа тема со Математиките , нивниот став е дека треба да се учат иако и они мислеле дека не треба додека биле на факултет, не од причина дека можеби ќе ги користиш постојано во програмирањето туку од причина што подобро се развива критичкото мислење ,логиката и подобро се размислува кога станува збор за решавање на проблеми во програмирање.
Реално за Калкулус предметот е тежок и си бара вежбање ,доколку вежбаш и постојано си на часови и пратиш ќе го положиш но секогаш е подобро кога би бил малку скратен за да може да се препуштиш на други проблематики (програмирање) кои повеќе ќе ти требаат во реалноста.
 
Треба една математика, максимум две. Другото е срање, затоа и на електро ги избација некои.
 
Треба да се знае математика! Иди учи криптографија без матрици и трансформации...
 
Треба да се знае математика! Иди учи криптографија без матрици и трансформации...
Треба де не викаме дека не ама не заебавајте, што е тоа 5 математики па и теорија ? Тоа што го наброја да, фуриев ред да, ама другото, глупости.
 
Јас мислам (уствари знам) дека времето што ќе го употребиш на решавање и докажување на Тејлорова формула или на решавање на лимеси или на некои специфични двојни тројни интеграли што најверојатно никогаш нема да имаш потреба ги примениш е време кое можеш да го употребиш или да ги доведеш основите на програмирање до едно високо ниво и да се чуствуваш спремен и полн самодоверба отколку да се демотивираш што не можеш или ќе имаш потешкотии со решавањето на проблемите кои ги набројав (ги набројав тие без посебна причина). Или пат тоа време може да го употребиш да овладееш до некое ниво (што би се рекло да навлезеш) на 2-3 различни технологии , веб или десктоп или било што. И така многумина учат од комбинации и се учат да решаваат одредени типови математички задачи а неда решаваат проблемии, бидејќи не им се посветува доволно внимание на студентите. Барем пред неколку години беше така, сега не можам да кажам дали е така слободно демантирајте ме.
--- надополнето: 14 март 2013 во 02:19 ---
Чисто информативно да прашам дали си во оваа индустрија бидејќи цифрите што ги кажуваш ем не се малку за живот ем се малку нереални. Тие ти се за минимум 2-3 годишно искуство.
друга ми беше поентата...не велам дека тејлорова или лимеси се толку потребни
едноставно само реков дека чим ти оди математиката можи да ти оди се
 
Треба да се знае математика! Иди учи криптографија без матрици и трансформации...
Пробај да рендерираш нешто у директикс исто без матрици... :-)
Или датабази, датамајнинг без математика и статистика... :-)
 
друга ми беше поентата...не велам дека тејлорова или лимеси се толку потребни
едноставно само реков дека чим ти оди математиката можи да ти оди се
Јас се сложувам дека ако ти оди математика најверојатно ќе ти оди и програмирање. Меѓутоа тоа е преценето и многумина подразбираат дека за да си добар програмер треба да си и добар математичар што воопшто не е точно. Секако дека некој што без проблеми совладувал математички проблеми ќе совладува и програмирање , меѓутоа има примери за студенти одлични по математика, програмирање се едноставно просечни. Исто има и одлични пограмери што воопшто немаат завршено факултет и не се имаат сретнато со математика посложена од таа што ја учеле во средно училиште. Математика според мене треба да се учи подетално само ако сте решиле да специјализирате на некаква насока за која е неопходна или сте со намера да пишувате некакви научни трудови со примена во математиката или некакви оптимизации кои програмер може едноставно да ги искористи и да се насочи на реализација а не на усовршување на алатките со кои би дошол до реализација.
--- надополнето: 14 март 2013 во 18:51 ---
Ама па од друга страна, кога пред 2 месеци му се жалев на вујко ми (програмер во Филипс веќе 10 добри години ) каква полза би имала во иднина од интеграли,изводи,лимеси добив одговор кој ме здрви-ми вика јас секојдневно ги користам во програмирањето. Е сега зависи додуша каква програма спремаш, ама мислам дека минимум основни познавања (под основни подразбирам лимеси,изводи,интеграли основно ниво, пошто мислам дека ова што го учиме моментално е научна фантастика, двоен троен интеграл ) се потребни за еден добар програмер. Математиката и програмирањето не се поврзани суштински туку логички, сега не е дека онај кој не знае да бара интеграл нема да знае да програмира, ама по мое мислење онај кој се снаоѓа добро во математика ќе биде подобар програмер. Што знам, едноставно начинот на размислување и согледување на проблемот е поинаков и поефикасен според мене. :)
Може ли да ни кажеш што работи вујко ти во Филипс нешто поконкретно. Ако е нешто со електротехника тамо тие работи интеграли изводи имаат примена.
 
Чисто информативно да прашам дали си во оваа индустрија бидејќи цифрите што ги кажуваш ем не се малку за живот ем се малку нереални. Тие ти се за минимум 2-3 годишно искуство.[/quote]
Брат јас знам уште многу податоци затоа што мојот 1 братучед работи тоа и ти кажувам дека е така ако сакаш да ме прашаш нешто пиши ми порака.
 
Фала за информациве,дел ме мотивираја дел ме исплашија малце,но нормално е животот е предизвик.Случајно налетав на темава.1година сум средно и компјутериве ме интересираат,математика со малце потешкотии ја совладувам(просечен сум).И дали имате некој друг предлог освен тој што треба да се посвети добро време по математика?
 
Фала за информациве,дел ме мотивираја дел ме исплашија малце,но нормално е животот е предизвик.Случајно налетав на темава.1година сум средно и компјутериве ме интересираат,математика со малце потешкотии ја совладувам(просечен сум).И дали имате некој друг предлог освен тој што треба да се посвети добро време по математика?
Па никогаш не е на одмет да седнеш и да си учиш програмирање. Почни си со C, C++.
 
Минатава тема ми беше C++,и така ја совладав до негде со работиве што ги учевме знам дека логикава со време се развива,засега според мое мислење слаб сум со логикава,во некои делови од математика,програмски јазици,ама со тек на време се се учи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom